DSR- Reakcija baš o vakerde rezultatija tar o Popis 2021..

665

Reakcija tar Demokratikane takatija e Romengiri baš o vakerdo rezultatija tar o Popis, prekal o havlaribe savo sine bićhaldo ano emailko Roma Press.
👇👇👇
Реакција на Демократските сили на Ромите по повод добиените резултати од пописот

Поразителен резултат на пописот за Ромите во Македонија. Демократските сили на Ромите преку оваа реакција, ја информира јавноста дека резултатите на пописот во целост ги отфрла. ДСР пред да се одржи пописот даваше предлози за успешна реализација на пописот и вкученост на Ромите во самиот процес, со што бројката на Роми во Македонија ќе беше реална и ќе изнесуваше преку 100.000. Ромите изгубија и ова е поразителен факт кој претставува игнорирање на еден цел народ каков што сме ние Ромите! Имено не е можно бројот на Роми избирачи во Македонија да е поголем од бројот на население.
Тоа укажува на тоа дека потребно е да се преиспитаат статистичките методологии кои се користеа за овој попис. Овие бројки кои произлегоа од извршената операција за попис на населението се поразувачки дури и за припадниците на другите етнички заедници кои живеат во РМ.

Со оглед на тоа дека бројот на Роми од овој попис се нереални, ДСР апелира до сите Ромски политички партии, здруженија, невладини организации во Македонија, да се оградат од резултатот на овој попис и заеднички да докажеме дека бројот на Ромскиот народ во Македонија е многу поголем. Оваа бројка на Роми од овој попис на населението е против нашите национални интереси.

Roma Press – bićhaldo tar DSR.