AVAJA- Trubuj te ikjerelpes o potencijali e terne Romengo ki Makedonija

740

I Romani khedin isiola majternimpopulacija ani them thaj odovanpotencijali trubuj te ikjerelpes,vakergano Kemal Sulejmanov, lingarutno tari alosaribaski jekin 3 ko dikhipe e dizutnencar ko Krivolak.

Presidenti tari AVAJA Akif Kariman, vakerga ko politikako drumo me angum mange decizija te nashavav miri individualnikani kariera te shaj dava dumo ko aniba posukar tajsa amare Romenge.
Ano jek peskkro lafi lingarga ole ani tema odoleja so sa e avera politikane partie dikhena sar te teljaren e romen thaj te na sajdinen SOSKE? Sostar djanena sar trubuj amencar, thaj ani peskkri godi vakerena lokho tano e Romencar, vakerela o Kariman.

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените и во нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, вели Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите. „Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Roma Press- bicaldo tari AVAJA