Болка, страдање, трагедии, чудни судови што меѓу луѓето што од “најгоре”…. за системот зборам најгоре не духовно зошто од таму “најгоре” се поинаку ќе се суди, како треба а не како тука.
Грешете… газете по животите на луѓето… користите ги позициите за свои цели, за лични аспирации… газете по туѓите души… ПУКНЕТЕ…. боли бре луѓе… корне од болка се што се случува.
Никој не се плаши од тоа што треба да дојде… БОГ… во најмала рака од карма еве не верувајте атеисти едни, не верувајте во бога ама во кармата и во надмоќ и енергија… поради интелектот кои демек го имате, зошто не верувате?
Децата ви растат овде… внуците и сите Ваши блиски. Што треба да го учиме нашето дете?
1. Како да се снајде во земјата на најзлобните и користољубивите и да ги научиме како да станат злобни да не умрат предвреме, да не потонат?
2. Или да го воспитам да биде добар човек и да помага а при тоа да умре како ситна мравка незабележан?
Имаш слоеви овде секакви со реални етикети!!!!!
Админстрација….. без соодветна култура….,,за образование не зборам зошто треба време да стигнам до таму. Без еднаков пристап кон сите, без емпатија за постари изнемоштени.. без емпатија за неписмени… бидејќи тој е Фројд во однос на неписмениот, тој е со трет степен— зачудувачки, среќа што не е купена дипломата.
Полицијата…. Колку што знам постои за заштита на граѓаните, а? или работи против граѓаните. Ајде да направиме една анкета колку граѓаните се чувствуваат заштитени од полицијата од криминал… убиства… закани… самохрани мајки или татковци и закони по нивните животи … психички и физички насилства.???!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Работат само по Наредба од претпоставен…. врз основа на Закон.. подзакон или висок Акт….. хахаха. Тогаш мењајте законите полицајците ни се “кукли”… не мислат, не чувствуваат и не делуваат заштитнички.
Новинари….. ако профитирате не ви е битна информацијата по основ на емоции… морал, се е исто. Не ве интересираат стручни лица за одреден случај, евент или било што, инфленсерите им дадовте статус на инжињери, архитекти, психолози,….Не ви е битно да добиете адекватна информација по однос на стручност, но вие битно кој ќе ја каже по основ на физички изглед и бројка на фоловерси ( следачи ). Така Вас ќе ви е поубаво… Што ќе ви се стручнаци , професионалци, магистри и доктори!! Битно е да сме популарни!!!!!!! Стручнаците, професорите почнаа дебати со инфлуенсерите за да се докажат. Па видат,не видат стручнаците ( од немање избор) ќе речат ние не знаеме… Вие како ќе речете Вас ве слушаат нас не. За да не се докрајчат со нерви со живот со авторитет и со рејтинг. Новинари без истражувачки стратегии насочени на популарност и другарство градат новинарски рејтинг.
Судството…. ?????? Ми се плаче… За да се разведеш од паихопат … ќе ти требаат 3 години…. а за да ги заштити децата и самохраната мајката државата не гледа никаква потреба. Мајка овде курва ќе стане… ама децата ќе ги нарани и ќе ги заштити, ако чека судот да донесе одлука за добра алиментација,….камени мост не им бега. Убиства… Русија може вода ни носи… се се решава у две постапки и у две години максимум. Кај што можеш удри Мујо најјако…. нема како да врати… удри 20 години… …ама се измочал у парк, не е битно нема пари нема никого, барем еднаш сила да се покаже.
Влада секоја ама баш секоја…..не е битно која…. Мерете си ги до кага можете, тој е најважно секои 4 години. Ти на мене… јас на тебе секои 4 години…
За крај ЛУЃЕТО НИЕ СИТЕ ЗАЕДНО АМА БАШ СИТЕ ЗАЕДНО И МНОЗИНСТВА И МАЛЦИНСТВА
За ништо не не бива сосе мене заедно….
Ако гласам, незнам за кој, па ќе одам да го поништам ливчето демек мое право било.. глупост
Ако не одам ќе го искористат ливчето… така викаат нели?
Ако гласате тоа го правите зошто планирате некој ваш член да се вработи или да ставите некој повторно Ваш на фотеља за лична сатисфакција?? Добро… нека биде ама зошто тоа да не биде за општ добробид.. зошто да не биде тоа и за синчето на комшијата што не го познаваш а некогаш ќе порасне, зошто да не покажеш дома дека си херој зошто одиш да му помогнеш на комшијата… бидејќи треба ти да си битен а не некој до тебе. Ужас
Заедништво меѓу етникум… нема… но нема од никој не само од мнозинството од сите и од меѓусебно.
Едните се штитат од другите. Демек албанците се штитат меѓу себе, ромите исто така. Абре ни тоа не е така веќе а и да беше нормално ли е?? Едните се бунат зошто давате пари на НЕнашите, “нашите” треба да живеат, другите нека умрат. Ако комшијата не е “твој” ама си израснал цел живот на иста маса, можеш ли да помошта да ја пренасочиш на друг само затоа што е “твој” другиот што не го ни познаваш???? Алоооо… ВЕРСКА ОБРВСКА Е ДА МУ ПОМОГНЕШ НА НАЈБЛИСКИОТ ОКОЛУ ТЕБЕ БЕЗ РАЗЛИКА ШТО Е И ОД КАДЕ Е!! Познати фондации се правдаат за донации на инфлуенсерите…. абре се е однесено. Демократијата колку ни помогна толку не однесе кај не треба.
Се повлекуваш, си ја газиш дипломата под нозе, се плукаш себеси… газиш се што си створил и изградил во твојот животен век…. мислејќи дека имаш статус да кажеш… да посегнеш по правдината и да бидеш гласен со право заради позадината веќе реализирана..Но не, се повлекуваш за да си мирен, за да не ти ја чепкаат интимата и семјството, за да ПРЕЖИВЕЕШ во оваа сурова околина, злобна… сосе мене, зошто ќутам зошто неможам сама зошто не сум храбра. Зошто општеството во рамки на лажна демократија ме затна и право имаат сите други освен науката, правдината, човечноста, интелектот и вистинската суштина на живеење.
Каде растат ВАШИТЕ НАШИТЕ ДЕЦА СИТЕ ЗАЕДНО КАДЕ?????
Последните во објаснувањето сме ние… зошто системот сме ние, најголемите виновници за сите случувања, системот за донесување одлуки сме ние, вие, јас, ти, тој СИТЕ ЗАЕДНО. Брат ти е полицаецот, сестрати е новинар, татко ти е министер а мајкати е во админстрација, баба ти гласа а дедо ти е судија во пензија.
Ужас….. кармата сите не следи а верниците да ги потсетам дека сите се одговорни за секоја постапка и кажан збор.
Ух… каде и со кого растат нашите деца!!!
(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)