Интервју:Состојбата во Кичево стабилна,121 Ромски семејства погодени од поплавите..

497

Sajdime, ano teluno intervju kjeraja lafi e sovetnikoja Mirsad Ramazanoski bash i dis Kićevo, vakerela 121 jeri tane astarime e pajnencar- teleder drabaren ki Makeodnikani ćhib.
———

По неодамнешните поплави што го зафатија Кичево, Roma Press разговараше со советникот Мирсад Рамазаноски(коалиција Роми- Кичево)за моменталната состојба на терен, како и мерките што ги презема општината и бројот на погодени семејства.

RP: Каква е моменталната состојба во кризното подрачје во Кичево? Дали сите загрозени семејства се згрижени и безбедни?

Рамазаноски: Моменталната состојба е стабилна. Сите семејства се соодветно згрижени и обезбедени со храна, облека, хигиенски средства, средства за дезинфекција и ќебиња.

Со цел подобрување на условите и обезбедување подостоинствено сместување за лицата кои привремено се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, Општина Кичево, во координација со Генералштабот на АРМ и касарната „Чеде Филиповски-Даме“, обезбеди мобилна бања за туширање.

Во спортската сала моментално се сместени околу 260 лица, односно 120 семејства.

RP: Кои конкретни мерки ги презема општината за санација на штетите и спречување на вакви ситуации во иднина?

Рамазаноски: Започната е санација на целото речно корито со целосна механизација, со цел да се спречи повторување на ваква поплава во иднина.

Сепак, има делови каде поради дивоградби изградени непосредно до реката, механизацијата нема пристап и не може целосно да ја изврши санацијата. За тие случаи се водат разговори со надлежните општински служби со цел да се најде најбрзо можно решение.

Екипите на ЈП „Комуналец“ – Кичево секојдневно ја чистат населбата Прилепска.

Воедно, Општина Кичево ги повикува сите граѓани и правни лица кои претрпеле штета на објекти, предмети или добра во домаќинствата и деловните субјекти да ја пријават штетата. Јавниот повик за пријава на штета е отворен до 06.03.2026 година.

RP: Колку од поплавените семејства се Роми?

Рамазаноски: Според моите податоци, сите 121 семејство се декларираат како Роми. Во спортската сала каде што се сместени има околу 260 лица.

Roma Press: Поплавите во Кичево ги погодија 121 ромско семејство, но според советникот Мирсад Рамазаноски, сите се згрижени и обезбедени. Општината работи на санација и подобрување на условите, а граѓаните се повикуваат да ја пријават штетата. 


Интервјуирал: Севгул А.-Рома Прес.
Одговорил: Мирсад Рамазаноски(Советник).