Селими: Силјановска од ден на ден освојува се повеќе симпатии кај неопределените гласачи

2107
  1. Претстојат претседателски избори, каква кампања очекувате, или според вас на што треба да се стави акцент?

Пред сѐ очекувам овие избори да бидат во духот на разумот и демократијата, да имаме мирни, фер, регуларни и европски избори каде до израз ќе дојде волјата  на сите граѓани.

Она што е важно за нас е да биде избран претседател кој ќе го зачува и промовира мултиетничкиот карактер на нашата држава, претседател на сите граѓани.

Сметам дека клучот за победата на овие претседателски избори ќе бидат неопределените гласачи, за кои важен ќе биде пристапот и изборната програма. Во тој поглед гледам предност кај професорката Гордана Силјановска Давкова која е вистински професионалец, има знаење и кредибилитет и од ден на ден ги освојува сe повеќе и повеќе симпатии кај неопределените гласачи.

2. Kаква би била ситуацијата во однос на изборите, кој би победил?

Како партија даваме целосна подршка и стоиме позади кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова, која не увери во нејзината компететност и капацитет дека институцијата претседател ќе биде чадор во чии закрила ќе бидат сите заедници, како што впрочем тоа го гарантира Уставот на државата.

Имаме силна верба во професорката Силјановска и убедени сме дека меѓудругото ромското прашање ќе биде високо на агендатата на професорката која ќе биде промотор на обединувањето, еднаквиот третман, правото и правдината за сите, како и за ромската заедница.

  1. Што велите за ситуацијата во државава, задоволни ли се Ромите од актуелните случувања?

За жал во моментот ромското прашање е во длабока сенка. Оваа влада со овие наши ромски политичари кои се сега на власт, немаат ниту идеја, а уште помалку интерес за подобрување на состојбата на Ромите. Овие политичари ништо не направија за Ромите, функциите кои ги имаа ги искористија исклучиво само за своите интереси. И сега која е логиката сеуште слепо да им се веруваа на таквите политики и политичари кои не неправија ниту една позитивна реформа за својот народ.

Потребни се квалитетни норми и мерки. Потребна е една нова генерација која ќе носи промени на нашиот народ. Потребно е уште сега да го фатиме чекорот со другите, да се избориме за подостоинствено место за нашата заедница во ова наше општество.

Lendo linko tharo:https://netpress.com.mk/selimi-siljanovska-od-den-na-den-osvojuva-se-poveke-simpatii-kaj-neopredelenite-glasaci/?fbclid=IwAR1Zv_I1EeaWirPAapdfRdcdpDcE6YQXuAj1QGgbX1cUiM-PiRjhVqzv6e4