Brendon Sulejman thano nevo praktikanti ani komuna Šuto Orizari

1063

Општина Шуто Оризари во соработка со НВО Ромаверзитас и во рамки на проектот ,, Зголемување на пристапот и учеството на студентите Роми во високо образование и транзиција на пазарот на трудот” овозможува пристап до пракса и работа на конкретни проекти со цел усовршување на работните вештини на студентите роми. Брендон Сулејман е студент и практикант во Општина Шуто Оризари.

Komuna Šuto Orizari  ko buthikheripe e B.O.Romaverzitas ano pervayija  e proektoja,,Bajrovipe o lejbe than  e studentengo Roma  učhe  edukacijaja thaj tranyicija ko kinobikinibasko buthi kheripe della šajipe thar praktika thaj đji ani buthi puterde proektensar te resarelpes đji o sađjanlipe  e studentengo Roma.

Brendon Sulejman thano praktikanti ani komuna Šuto Orizari, thaj akhe ko harne khi Makedonikani čhib so vakerla bašh jek asavki praktika, drabaren teleder.

  1. Кој си ти ?
    Јас сум Брендон Сулејман, студирам на Правниот факултет “Јустинијан Први,, во Скопје и сум втора година .
  2. Што за тебе претставува да бидеш практикант во Општина Шуто Оризари?
    Мене ми претставува особена чест и задоволство да бидам практикант во мојата, а воедно и најголемата Општина во целиот свет.
  3. Кои се твоите главни одговорности и работни задачи како практикант во Општина Шуто Оризари?
    -Мојата одговорност се состои од навремено извршување на зададените задачи во Сектор за правни работи. Исто така, од мене се бара извршување на дадените барања со прецизност и одговорност.
  4. Со какви работни способности и вештини очекуваш да се стекнеш како практикант во Општина Шуто Оризари?
    – Како практикант очекувам да се стекнам со нови знаења и вештини поврзани со работењето на локалната самоуправа. Меѓудругото, сакам да се запознам со нејзините надлежности, протоколи, надворешни врски и управувања.
  5. Како си прифатен од вработената администрација во локалната самоуправа?
    – Вработените во Општина Шуто Оризари се секогаш љубезни, отворени за нови прашања и  тие континуирано ме насочуваат кон учење на нови работи.
  6. Што им препорачуваш на студентите кои сакаат да бидат идни практиканти во Општина Шуто Оризари? 
    -Им препорачувам на студентите да ја користат дадената можност да се биде практикант во Општината Шуто Оризари бидејќи така ќе стекнат ново работно искуство и знаење. Бидете практиканти во Општина Шуто Оризари бидејќи можеби токму вие ќе бидете дел од вработениот персонал во иднина кој  ќе придонесува за развојот на ромската заедница.

 

Hazri kerga: Roma Press-lendo thar Websajti e komunako Š.O.