Bahtalin baš avdisutno biđuko 23 Oktomvri tar Talat Đaferi..

1966

Bahtalin bičhaldi tar Predsidenti e Khedipnasko ani Utarali Makedonija Talat Đaferi..

Почитувани граѓани, дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ви посакувам денешниот ден да го поминете во убава атмосфера, опкружени со вашите блиски. Овој државен празник кој споменува дел од историјата на Република Северна Македонија во нејзиниот вековен стремеж за ослободување и самостојност, нека не потсети на секојдневните битки кои ги водиме за градење на силна и успешна држава, држава која на сите ќе им понуди подобар живот и еднакви можности.

Драги граѓани – Честит празник !

Hazri kerga: Roma Press