38- manuša mule tar sezonsko gripi..

1364

Ani Grcija ko vakti tar sezonsko epidemija tar gripi poro đjivdipe našavge 38 manuša,aso doktorija anglalvakerena baš o valanipe e vakcinengo thaj antivirusija thar ilačija.

Veb rig Proto Tema havlarge ano naklo kurko ani Grcija sas havlardo baš 17 meribnaskere čipote tar grip, aso 51 isi nevutne čipote tar serioznikane nasvalipba save rodena hospitalizacija.

Во Грција за време на сезонската епидемија на грип починаа 38 лица, а лекарите предупредуваат за важноста на вакцините и антивирусните лекови.

Веб-страницата „Прото Тема“ објави дека во изминатата недела во Грција се пријавени уште 17 смртни случаи од грип, како и 51 нови случаи на сериозни заболувања кои бараат хоспитализација.Вкупниот број на заболени од грип во Грција досега е 151,само минатата недела имало 100 нов случаи. Најмладата жртва на грип оваа зима во Грција е четиригодишно девојче, додека најстариот имал 91 година.

Експерти од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) во епидемиолошкиот извештај забележуваат „многу висока активност“ на сезонскиот вирус на грип во Грција, предупредувајќи дека претстои натамошно зголемување на бројот на пациенти и дека треба да се преземе заштита против тоа.

Roma Press-makfah