Trin manuša mule aso šov po phare kuvde tar eksplozija bocaki ano kher..

980

Trin čavore mule, aso śov tane po phare kuvde ani eksplozija tar plineski boca ano jerijesko kher ko gav Romanovce.
I bibah resarga javinako ano 10 o ari, ani diveseski soba, ano teluno kotor e kereske save taneste araklagovena sas e pobuter đene tar jerije.
Sar so vakerena tar mujaljagalipnaske sluzbe i akarin resarga đji lende ano 10:10 dakikija thaj maj sigo denge pestar sa te resarwn đji bibahesko than.
Tar Andrune buka vakerena reslo đi olende haberi tar tardo kher, thajšarti e bibaheske tani i boca savi pharili ano kher e manušeske Š.A.save bibaheste mule trin manuša, aso panda šov po phare kuvde thaj tane lingarde ano hospitalesko urgentikano centrumi ano Skopje.

Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце. Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.
Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10.10 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.
„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.
Од МВР соопштија дека денеска околу 10 часот во Куманово – сел .Романовце во куќа сопственост на Ш. А. од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.
Известен е Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел утврдување причини кои довеле до несреќата.

Roma Press lendo www.sdk.mk