Reakcija tar Šerutno Kurto Duduš baš o vakeripe e Ministeresko baš andrune buka Nake Čulev..

3211

Реакција од Градоначалник на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш за изкажаната изјава на Минисстерот за внатрешни работи во Република Северна Македонија Наќе Чулев.

Bičaldi reakcija tar Šerutno e Komunako Šuto Orizari Kurto Duduš mujal o vakeripe tar Ministeri baš andrune buka Nake Čulev.

Во целост ви ја проследуваме

Во однос на несреќната вечерашна изјава на Техничкиот Министер за внатрешни работи, дека голем број на прекршувања на полицискиот час се регистрирани во општина Шуто Оризари, сакам да ја информирам јавноста дека согласно податоците на полициското одделение во Шуто Оризари, изминативме 5 дена откако е стапен во сила полицискиот час нема НИТУ една пријава против граѓанин кој го прекршил полицискиот час.

Го молам г-дин Наќе Чулев да се извини на сите граѓани на нашата општина и во иднина да пренесува информации со бројки а не претпоставки базирани на минато искуство од режимот кога Шутка им беше “дежурен кривец”, користејќи го методот на помал отпор и “влечење за уши еден по еден”.

Во вакви времиња најмалку што ни треба е дополнителна изолација, стеротипизација и манипулација со бројки на наш грб!

Рома Пресс