Sajdime, moro avdisutno hramiphe tano ani Makedonikani chib,sebepeja te shaj halovena o naRoma. Ko moro avdisutno hramiphe vakerava bash o aktuelno politikano resaripe ki Makedonija, sar sijem dikhle,numa sar thaj o baro ikloviphe e ternengoro avrik tari Makedonija,sebepeja te arakhen peske thaj pe familijake pośukar djivdipe.
Ko tikoro hramoviphe manglum te vakerav na trubuj te khuva ćhurika maskar amende ko Roma, numa trubuj te kjera lafi bash amari integracija savi nakhela bi te ova amen ki olate,naśti te kerelpes integracija e Romenge savate nane rom andre.
👇👇👇
Популизмот повторно започна да биде како главна алатка на севкупната политичка состојба во нашата заедничка држава Македонија. Загрижен и сакам со вас да споделам неколку дилеми поврзано со политичката состојба во нашата држава,со тоа што повторно некако се дефокусира прашањето на Ромите-Зошто?
Се пофалија дека имаме раст на инвестиции, наводно и невработеноста се намалила, говорејќи македонците започнале да се враќаат во Македонија,спротивно бројот се зголемува со исселување на истите. Економистите говорат дека има помрднување во областа на просечната плата на работниците, администрацијата и останати,но,не треба да се заборави на фактот дека се зголеми и потрошувачката кошничка на граѓаните,логично да се постави прашање,,Имали Разлика”. Дали вистински се вракаме повторно со годините наназад,или станува збор за мерење на силите на актуелните политички актери.
Денес реалноста како и објективноста е многу ризичен термин,секојдневието како и опкружувањето на самите нас како едно општество тешко го забележуваме, и не сакаме да го видиме како наша реалност. Секојдневно голем број ма млади луѓе ја напуштаат Македонија, патуваат по својата иднина по потрага за подобар живот.
Стратегии,планови,идеали и слично,хартијата па дури и одредени медиумите трпат,па и толерираат секаква лага. Народот живее бедно,безникакви услови за живот. Под прагот на сиромаштијата живеат повеке од 500.000 луѓе,не треба да се заборави дека лагата трпи и живее се додека не доага денот на избори,па потоа народот знае да казни или наградува. Според одредени податоци кои деновиве ги добивам, само од Ромската заедница се иселија околу 15.000 до 18.000 роми, тогаш секоја политичка структура треба да биде загрижена со секој податок сличен на овој. Треба да се најде механизам како да се запре одливот на младите со иселување од државата. Мојата поента со денешниот напис е да ја споделам нашата заедничка грижа и вистина која се случува со нас Ромите, и небарем малку да ја разбереме суштината за нашата работа и активизам,треба со заеднички сили да продолжиме напред и што помалку да прифаќаме заблуди наместо вистини.
Инаку, не е ни чудо што сепак меѓународната заедница на секој свој извештај се осврнува и укажува за интеграцијата на Ромите, за која треба секоја Влада да направи напори за застапеноста на истите. Многу често слушам за терминот СИСТЕМ, укажувајки дека не чинел, ваков или таков бил.. Бре луѓе не заборавајте дека сите ние сме тој систем,тие истите сме и креатори за истиот,тогаш каде е проблемот. Клучно прашање? Дали сите ние како општество сме спремни и имама ЖЕЛБА за ПРОМЕНИ. Не сакам да се вратам назад со тие посебни алатки, кои беа така изрекламирани како (алатка)за поголема застапеност на Ромите, па потоа беше спротивно како катастрофален механизам со кој истиот најмногу беше злоупотребена Ромската(наша)заедница.
Се согласувам со вас дека актуелната власт прави напори денес да бидат ромите повидливи на одредени политички позиции,Но,тоа не е доволно. Не треба да се заборави на фактот дека за прв пат од формирањето на Македонското собрание, ние денес немаме законодавен претставник РОМ-Пратеник, во Собранието на РСМ.
Жално,се залагаме за Интеграција за Ромите во која нема Ром.
Автор:м-р Севгул Абдула
(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)