Blog Rig 10

Интервју на тема: Семејното насилство како општествена болест!

Интервју..

РП. Колку е раширено семејното насилство во нашето општество, според вашите сознанија, познавања и слично?

E.Д.- Бидејќи сум прашана според моите лични сознанија и познавање, ќе се обидам да одговорам , но морам да се оградам од стручноста на сознанијата и познавањето на тематиката денес бидејќи веќе некое време не сум дирекно инволвирана во оваа проблематика, а воедно да се оградам од правната проблематика бидејќи не сум по вокација правник но сум граѓански одговорна личност пред лицето на законот. Од 2004-2010 бев теренски истражувач и презентер на Извештајот во сенка на жената ромка во Обединетите нации во Њјујорк преку Центарот за правата на Ромите предводено од Азбија Мемедова (жена лидер која на научи на стратегиски начини на делување во таа област). Во тоа време бев во тек со бројката на жртвите на семејно насилство и сите поврзани радикални случувања од двете страни, едната жртвите а другата институционална акција и реакција. Со сето ова веднаш давам до знаење дека тоа е стара табу тема кој живее во минатото и сега, до кои граници ќе се движи секогаш зависи од следните фактори:
– Свеста на жртвата (со што е запознаена а со што не е)
– Постоечките или непостоечките законски норми правила и регулативи за делување да работат на свеста на жртвата
– Инстутуционалната акција и реакција
– Почит на сопствената позиција и одговорно работење
– И да не ја заборавиме граѓанската солидарна одговорност на секоја индивидуа дирекно и од околу
Сето ова набројано ако го прочитаме само уште еднаш сами ќе си одговориме дека во се сме “слаба нишка”. Официјалната бројка и тогаш и сега која може да се види од министерството за социјална работа на јавната веб страна е со сигурност најголема во ромската заедница и тука нема утка. И тогаш и сега. Срам е за една држава да нема пропишани регулативи за делување по основ на сите наведени фактори. Зарем не е нормално да се повторува и случува истото. Ако не се плашите дека ќе ви ја исечат раката а крадете, зошто да на крадеш пак. Според моите сознанија како нормален граѓанин кој денес само гледа вести нема промена во однос со времето кога бев до и со жртвата од ниедна гледна точка. Денес е поактуелно заради зголемена бројка на социјални медиуми, па знаеме дека матицата на пчелите е убиена а не за жртвите-луѓе. Порано знаеле само тие кои биле инволвирани во проблематиката. Крајниот одговор ми е… не е раширено, постојано го има со ист интензитет, денес сме само повеќе информирани

РП. Кои се најчестите форми на семејно насилство што ѓи среќаваме во нашето опкрижување и како завршуваат?

Е.Д- Пак ќе се оградам од ова прашање и ке кажам дека одговорам како граѓанин кој одреден период работел на вакви случаи на терен но сигурно нема да биде стручно одговорени бидејќи…. сметам дека стручни одговори на ова прашање треба да дадат социјални работници и психолози но и педагози кои дирекно се вклучени во креирање на дефиниции за семејното насилство.
Како бивш активист на проект за семејно насилство што ги имаме утврдено на терен кај ромската заедница и потоа презентирано во ОН во Њјујорк биле психичкото насилство во многу помал процент за разлика од физичкото. Ромската заедница дури не е ни свесна за постоењето на психичкото насилство во било која форма и никогаш во тоа време немаат пријавено психичко насилство (за денес не знам) , сметаа дека тоа е дел од секојдневниот живот, што за разлика од физичкото насилство беше најчесто сокриено од жртвите поради еден куп фактори поврзани со традиција, начин на воспитување, обичај и др.

За тоа како завршуваат денес…. може да биде моја претпоставка, ништо со сигурност кажано… но еве денешните примери нека ви го даде одговорот, тогаш немаше социјален медиум но и на главните вести немаа време да известуваат за смртта на некоја ромка поради семејно насилство. Сега е се поинаку.

Според мене и тогаш и сега сите овие примери завршуваат фатално, не мора да има смрт за да биде фатално. Каде се психичките последици на жртвите, на децата во семејството кои треба да прераснат во возрасни граѓани, корисни за општеството и средината со чист разим без трауми и последици? На децата кои живеат во таква средина со одземено детство и иднина без соништа и мечти? А бараме здрави и идни генерации кои ќе придонесат за заедницата, бидејќи успешно и здраво семејство води кои успешна заедница во збир. Жртвата која со години истрпува,често и сама може да со го одземе животот, не секој ја издржува таа агонија и несигурна средина. Страв, болка, негативни емоции, несигурност, осаменост, изгубено секојдневие е еднакво на пропаст во секоја смисла. Но, ова е обрвска на секоја држава да работи уште од мали нозе на секој сегмент за здраво нормално семејство и не се исклучува и соседот (граѓанска одговорна личност) да ја пријави галамата и врисоците на институциите и веднаш да постапат по истото да се спречи за никогаш да не се повтори со свои ефикасни мерки и регулативи. Како што е тоа впрочем е и во другите држави. Да нема “ќе се смирите ќе помине”, а кај комшијата “овие пак се тепаат” , бидејќи последиците треба да ги сноси државата за не преземање мерки за спречување на проблематика и граѓанинот кој не пријавил како сосед дека е сведок на врисоци од физички насилство. Секој и секаде од нас е одговорен и пред очите на законот и моралот.

РП. Што најчесто ги спречува жртвите да пријават насилство?

Е.Д.- Уф, од каде да почнам. Многу работи ги спречува кои за необразована жена се многу по оправдани но не дека не се случува и кај образованите жени. Моментот на пријавувањето на насилството на секоја жена, јас како педагог најпрвин ќе го врзам со воспитанието од дома во средината во која расте и социјалната средина во која живее паралелно со степенот на образование кое го поседува. Сознанијата наназад и искуствата покажуваат дека пријавувањето насилство не добивало позитивен фидбек во смисла на заштита на жртвата, сигурност и реакција против насилникот. Затоа денес наместо институциите, често гараѓаните си ги преземаат работите во свои раце. Во прилог ќе биде на оној кој ја има моќта, финансиска или било каква, државата ќе одмори а “пријателски” ќе се решат многу работи. Таму каде “нишката” е слаба таму нема верба во жртвата, таму постојано се случува и не треба да се заморува инстутицијата за секоја расправија без разлика дали ќе заврши со скршеница или удар (зборувам со цинизам).
Дали се случува само кај Роми, никако, секаде и кај секого. Но, не ромката ќе пријави и психичко насилство или шамар, препознава постапки и делува (барем шансите се поголеми од ромката). Дали било до сега регуларно постапено, лично не тврдам но не верувам, и слободно нека ме поправи некој. Свесноста е на поголемо ниво и во вакви случаи може да се избегне фаталност на крај. Додека кај жената Ромка потребата од пријавување е потисната од неколку образложениа:

– Традиција и верување дека ако го направи тоа ќе биде срам за околина и за иднината на нејзините деца. Доколку се разведе од насилникот, таа ќе биде обвинета од општеството и никогаш нема да има поддршка ниту од сопствените родители;
– Страв од насилникот за повторно случување и недоверба во институциите со докажано искуство. Бидејќи и на шалтер за подигнување на социјалната издршшка е осудувана;
– Страв од останување до “просјачки стап”, не е вработена, чека финансии за основна исхрана за неа и нејзини деца од насилникот;
– Не доволно зголемена свест за реакција на било каков начин бидејќи истата околина односно влијанието на социјалното опкружување и вели дека што и да направи не смее да придонес срам за семејството и децата.
Може уште многу да се набројат за жал, но јас лично сметам дека сите причини колку и да се индивидуални се еднакви на не ефикасните постоечки законски инструменти на државата односно не имплементирани инструменти во системот, некои од непознавање на истите од страна на вработените во институциите, некои од стеротипи и дискримининација спрема ромската заедница па дури и спрема сите кои трезвено пријавуваат а не мора да се роми.

РП. Колку е ефикасен институционалниот одговор во овие случаи?

Е.Д.- Пола од ова прашање ви е одговорено претходно, да не се повторувам. Овде само ќе потенцирам ефикасност во институционалниот одговор нема, само поради не имплемтирање на законските одредби правила прописи и регулативи. Во секоја имплементација на било каква мерка – човечкиот ресурс е клучен, неговата одговорност, свест, правилност во работењето пред самиот себе и пред законот. Ако личност само во првата фаза не одговори на повикот во институцијата, синџирот не продолжува а тоа носи кон фаталност, за жал. Замислете, дека треба да има реакција и за подигнување на совеста на жртвата (со психолизи, педагози, авторитети во таа област) за пријавување на насилникот од страна на институциите и за нејзино издржување финансиски од секоја гледна точка. Да почувствува сигурност и заштита за никогаш да не се врати назад, со комплетен механизам. Тоа е обрвска на државата, да штити и создава емоција на сигурност.

РП. Како влијае насилството врз децата кои растат во таква средина?

Е.Д.- Ако една државата посакува здраво опшетство и за генерациите што следат, доколку не преземе сериозни мерки за имплементација и сериозни мерки за нивно непреземање, тогаш следат генерации кои ќе ја повторуваат историјата. Ако за секое општество е важно да се вложува во идните генерации за идно поквалитетно светло утре тогаш заборавиле дека проблемот продолжува уште само од досегашните не преземени мерки за децата-сведоци на насилство. Јас нема да навлезам во психичко делување на децата, тоа ќе се обратете на детски психолог кој многу посоодветно ќе одговори. Но, сите знаеме и сме свесни дека доколку не се работи од стручна гледна точка постојано, со децата кои живеат во услови на насилство, последиците исто така можат да завршат фатално, што повторно не мора да значи смрт или самоубиство, но девијантни однесување на штета на околина и опшетството во целина. Во најмала рака, тие се клучна карика за иднината ако и нив ги заборавиме, тогаш сите нека завршиме фатално.

РП. Дали општеството доволно говори и работи на превенција за истите?

Е.Д.- Сметам дека, ова е одговорено во се претходно што кажав со мала дополна и потсетување дека општетсвото сме сите ние. Како што кажав сите ние имаме обврска да работиме и одговараме на предизвици кои носат негативни последици, без разлика што си по вокација или не си. Човечкиот живот нема цена без разлика што е (раса, пол, етникум….), а секој може да препознае насилство, така што одговорноста сите задолжително ја имаме, да реагираме и делуваме во прилог на човечноста. Ако не одговориш, не сум правник, но претпоставувам има регулатива за граѓанин очевидец и се однесува како ништо да не се случило. А кој сака негово дете да живее и расте таму каде насилството е во ограмни размери. Јас лично верувам дека граѓаните многу повеќе прават од инстутуциите, да не биле тие многу работи ќе биле замижани. Секој бара спас и здрава околина и над секој има секого. Моќта за промената е во вистината и желбата за промена за општ добробид и квалитетот на живеењето а не во инстутуционалниот одговор за кој не добивме до сега впечаток дека е во прилог наш-на граѓаните.

РП. Каква поддршка им е најпотребна на жртвите од насилната врска?

Е.Д- Поддршка?? Мене, тебе, вас на сите ние е потребна поддршка, типови на насилство има и надвор од дома. Тоа е ситен збор за жртвите, на нив им треба спас,вистинска помош од државата а поддршка од сите нас. Одговорност за поддршка имаат соседите, пријателите, роднините кои ќе ја пружат со емпатија, сочувство, разговор, мерки за спречување на нивно ниво. Државата, институциите – задолжително да нудат и пружат безбедност, сигурност, превенција, заштита…..за на крај да имплементираат мерки за комплетно спречување на истото. Жртвите реално се оставени сами на себе во нивната таканаречена бездна, лична непозната, несигурна, тажна, изгубена…..тие што не знаат и не биле сведоци, не го слушнале внатрешниот врисок на жртвата не се ни свесни колку е важен спасот и поддршката во исто време. Со стручност да се реши кревкоста, незнаењето, свеста за да поврати самодовербата за спас а потоа со стручност да се преземат сериозни институционални мерки за спречување на насилникот.

РП. Кои се клучните промени што треба да се направат во законот и неговата примена?

Е.Д.- Опс…. никако не смеам да си дозволам да навлезам во нечија стручност а не е моја. Ама смеам да кажам дека законот, сите дополни и измени треба да бидат секогаш во бенифит на жртвата, навремен и во прилог на создавање здрава средина за живот на сите околу нас. Исто така, ние-ромите неможеме да бараме посебни регулативи од државата како да ја спасиме жената ромка од семејно насилство, бидејќи жртвата нема и не бира етникум , пол и раса. Бројката на жената ромка како жртва статистички е многу поголема од останатите, единствено ова како податок ни останува да ни биде причина да не молчиме и да се бира стручен кадар за дејствување, бидејќи кадар имаме.

РП. Која е улогата на медиумите во борбата против семејното насилство?

Е.Д.- Огромна улога. Од тие причини влијанието треба да биде во вистински насока и соодветни извори зависно од темата која се разбработува. Конкретно за оваа проблематика, исклучително сензитивна, неопходно е да се презентира јавно само преку стручни органи и лица кои, или биле дирекно вклучени во оваа проблематика (работеле на терен со жртви и ја знаат стандардно оперативната процедура не делување) или се претставници на институции кои исто така ја познаваат оваа тема. Дали тоа навистина се прави на овој начин е знак прашање. Исто така, медиумот со неговата моќ пренесува порака која сериозно може да влијае на свеста на секоја индивидуа, затоа особено треба да внимаваат на изборот на изворите за заклучоците и лицата преку кои ја пренесуваат пораката. Авторитетот на оваа проблематика е исто така клучен од медиумски аспект, кој збори, кој пренесува и какви алатки и инструменти користи за да пренесе пораката. Јас, сакав да ги прашам денешните медиуми зошто не ги користат постоечките институционални капацитети Роми и актуелните активисти кои го посветуваат животот на овој проблем (исто така Роми)? Тоа се истражува. Зарем професионализмот на работењето има цена, достоинството, рејтингот и сите морални вредности имаат цена кога е во прашање живот? Имаме Наш Народен првобранител жена Ромка, имаме правници Роми и искусни интелектуалци роми кои со статистика и документи го подигнале нивото на нашата заедница. Јас искрено, многу ретко а некои воопшто не слушнав да ги повика. Е сега, препораката и забелешката во однос на ромските медиуми како сила, моќ и огромна улога во секој сегмент е да не правите сегрегација на проблематиката кога ја разбработувате. Што сакам да кажам? Зборувате на ромски јазик без превод, тоа е во ред, но конфликтот лежи во двете страни и двете страни треба да разберат. Едната страна се ромската популација а другата страна е Неромската. Ако ние како малцинство пренесуваме порака дека имаме проблем со институциите кои ќе им каже на другата страна? Или како ќе покажеме дека имаме соодветни капацитети и спремни сме да делуваме, помогнеме или предлагаме мерки за разрешување, ако само ние се разбираме. Ако решаваме интерен проблем, зборете на мајчин јазик, но ако делувате на пошироката јавност тогаш јазикот е заеднички и треба сите да ни ја разберат пораката, бидејќи имаме конфликт со институции кои разбираат само македонски јазик. Авторитет во очите на не ромите така не се гради. Медумиот по дефиниција треба да биде место за културно и етичко обраќање, комуникацијата разбирлива за сите доколку упатувате порака. Зборуваме за семејно насилство и бараме помош и еднакво место во нишката на еднаквите граѓани во општеството, за тоа има ред правила и прописи на етичко и морално однесување.
За крај моја препорака на медиумите наши е да ги пронајдат и истражат амбасадорите на соодвтената проблематика која е, или би била актуелна. Со статус и рејтинг играчки не се игра, моќта тешко се гради ама лесно се губи.

РП.Што би им порачале на оние што се во моментална ситуација на семејно насилство?

Е.Д.-За оние кои се мометално жртви на семејно насилство:
ЖРТВИ НА ВАШИТЕ ДЕЦА ДА ИМААТ УБАВ И СРЕЌЕН ЖИВОТ НЕ СТЕ….АКО ТРПИТЕ БОЛКА КАКВА И ДА Е. АКО СЕ ПОВТОРУВА И ПАК И ПАК ТОГАШ ЖРТВИ СТАНУВААТ ВАШИТЕ ДЕЦА А ТОА НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ДОЗВОЛИТЕ. НА КРАЈОТ АКО ЗА НИВ ЖИВЕЕТЕ, ТОГАШ ЖИВЕЈТЕ БЕЗ БОЛКА ЗА ДА ТРАЕТЕ ПОДОЛГО ЗА НИВ, СО НИВ.

———-
Интервју на тема:,,Семејното насилство како општествена болест”со Е.Д.- Дипломиран педагог и едукатор за дискриминација, стереотипи и предрасуди.

Елма Д. Колумна -Ке помине,ќе заборавиме до наредниот пат… ,до наредниот пат Рамајана

Институции кои цел еден век делуваат на “скапата облека” а не на потребата на човекот.
Официјални бројки и статистика врз жени Ромки кои предизвикуваат очај, страв и огромна несигурност за само нормален живот драги мои.

Молк….. и за сите оние кои не се свесни дека се во истата бездна на потонување од срам заради семејството, околина и чудните несоодветни традиции и обичаи. Сега се вели…… таа смета дека така треба да биде третирана, таа смета дека е срам да крене глас заради иднина на децата, таа смета дека заслужила на моменти… не била послушна или се противела на “посилната страна” . НЕ СЕ ВИНОВНИ ШТО ТАКА МИСЛАТ, ТУКУ ТАА НЕ ЗНАЕ ПОИНАКУ.
Оф мајка…. Да, некој и така ќе каже, ќе кажат трпи ќе дојде поубаво време, голтни и стисни заби нека боли…. ЌЕ ПОМИНЕ.

И сега вака… кај нас остана навика да работиш за да заработиш корка леб, за семејството, за децата за домот. Сте слушнале за “алал заработен леб”, сте чуле ли за “не рани ги твоите деца со нечисти пари”, за “заработи чесно” и за “лесни пари болест и несреќа носат”. Големите интелектуалци велат “бабини приказни и реченици”. Драги мои…..обавувањето на секоја должност која ви се наплатува дури и со малку пари врши ја чесно…. ако е поинаку ти се коцкаш. Се коцкаш со последици по живот, баш како што е вистинската игра на покерот, разликате е што во играта со твојата должност од која живееш играш со туѓ живот што е многу по опасно таму некаде каде ќе одговараш за твоите постапки, во поинаков суд некорумпиран, најправеден и потежок.

Што зборувам… па тоа не постои нели? Судот е овде, кој умре, умре кој се спаси ќе раскажува.
Службена должност, колку тоа само звучи гордо, униформа, заштита, јас би умрела да раскажам на полицаецот што ми се случи ако е како во книгите од 1-8 одд дека полицајците ги штитат ѓраганите.
Како мала сеуште се сеќавам дедо му стануваше на секое униформирано лице и го поздравуваше со “добар Ви ден бранители наши”, сега децата ги плашиме со полицајци ви знак на “непријатели” ќе ти наштетат. ИСТОРИЈА, ПОСЛЕДИЦИ, БОЛНО МИНАТО, ИСКУСТВА….. се е резултат од нешто.

Но, очај чувствувам драги мои, се плашам , не само дека нема да влезам зошто сум неисчешлана или со флека на облеката од ручекот за децата, од недостатокот на времето заради тегобата во душата и случувањата дома, од бегството поправо кажано така дојдов. Службеноте лице не слуша, гледа во флеката мислејќи ручекот заедно го јаделе, мислиш се жалам непотребно, ти губам време, нели?
Оф мајко…. Не те слушаа, досадна беше, дома пак се враќаше.

НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН ТАКА СМЕ НАУЧЕНИ. Платата од коцкањето ќе стаса на сметка било не било…. а системот нема да ја научи мајката што е вистината ако е поразена, ако ја боли, ако крвари…. Ќе помине, ќе се моли да не умре, за друго не знае, нема кој да и каже и кој да ја посочи.
Шета скапа облека насекаде ама луѓе не гледам. На крај сите ќе кажеме, да се облечеме одела и ние а да не се гледаме кои сме, кои се нашите дела и што придонесовме за дома.

Ќе помине драги мои… ќе помине… стиснете заби сите, времето е лек за душа. Легнете одморете не правете ништо за да промените нешто… неможете сами сте.
ИРОНИЈА ЗБОРИ ВО МЕНЕ ИРОНИЈА истрпете ме, ќе ви помине.

Aвтор:м-р Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Мицкоски: Во Кочани видов ужас и пекол, го разбирам гневот на родителите на настраданите, правда ќе има

Presidenti tari Radji, Hristijan Mickoski komleskkro misafirluko ko podcasti anavelrdo ,, Kaj e love” kerganlafi hem bash i tragedija ko Koćani vakeridnro adarik sa so dikhla tano but phare(uzas,pekol)vakerela so halovela i dukh taro familie, jerije taro astarime akale tragedijaja thaj nijamalipa(pravda)ka resel.

Te na oveltumen dujgogaveripe bash sa akava so resarela, save so kerge kriminali, korupcija ka ovelen palunipe(odgovornost). keraja sa te shaj resaraja dji savorende okola so sine anglal ko raďjalipe,numa akalada aktuelna ka oven savore razreśime, bi te dikelpes kaske kerlapes lafi dali śerutneske ko Koćani, ja palem disave naćalnikoske. O arodlaripe thavdela thaj sa ka sikaven o organija save kerna buti pal akava odola tane o obvinitelstvo, vakerela o Mickoski.

Teleder daja tumen sahno teksti taro misafirlukoe premiereskkro Mickoski.👇👇👇

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во поткастот „Каде се парите“ говорејќи за трагедијата во Кочани истакна дека тоа што таму го видел било ужас и пекол, го разбира гневот на родителите на настраданите и порача дека правда ќе има.

„Да нема дилема во определбата моја лична и на владата против организираниот криминал и корупција. Тоа што можевме да постапиме, постапивме, сите кои по вертикала на одреден начин без разлика дали се именувани од сегашната или претходните влади ќе бидат разрешени, беа разрешени, дали е за началникот во Кочани, Штип, сите беа. Но кој ќе се гони и кој ќе има одговорност покажува истрагата која ја води обвинителството. Факт број два е дека овој обвинител и обвинители не ги бираше оваа влада. Опозицијата се обидува да овој процес го наметне врз владата дека е селективна, но можам да кажам не само што не сме селективни, туку по секој налог на обвинителството ќе постапиме. Ќе потсетам за разликата на оваа влада и претходните, направете компарација на овој случај и сите претходни. Трето ќе потсетам дека пред една недела беше приведен директор именуван од оваа влада кој барал мито. Тој беше приведен и изведен пред суд“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ги разбира родителите и апсолутно може да се согласи со нив и ја разбира нивната емотивна состојба во моментов.

„Јас тоа утро заедно со министерот за внатрешни работи бев на лице место и видов тоа што го видов. Се носеа брзи одлуки со политичка тежина, со голема одговорност која во тој момент беше префрлена лично на моите плеќи. Голем дел од луѓето со кои зборував ми рекоа оваа одлука е на ваша одговорност бидејќи да се транспортираат интубирани пациенти во така тешка состојба во тој момент немаше многумина кои сакаа да прифатат одговорност. Ги разбирам родителите, знам колку беше за мене тоа стресно. Веднаш отидовме во Кочани тоа утро, тоа што го видовме беше лично пеколот и ужасот, но поголем беше притисокот кога знаете дека имате повеќе од 200 повредени кои лесно може да ги загубат животите и факт е дека тоа утро се носеше одлука која имаше голема политичка, но и човечка димензија“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изрази благодарност до сите кои помогнаа особено соседните земји кои уште утрото први се јавија за помош и додаде дека се носеле тешки одлуки во тие моменти, но тие одлуки спасија животи.

„Први кои понудија помош беа соседите, зборувам уште рано утрото пред 7 часот, се јавија со организиран превоз, авион, од приватна болница се обезбедија и возила за транспортирање на повредените, од други соседи хеликоптер, па од други уште два авиони. Тогаш кога требаше да се носи одлука се носеше со голема политичка и човечка димензија. Во тој момент нема да именувам кој како што, но одлуката која што се донесе беше „вие премиере“ треба да одлучите. Сѐ би дал да можам да ги вратам животите на тие млади луѓе и оваа колективна траума ќе не следи, не би се сложил дека процесот е завршен.

Допрва следи медицинскиот третман на тие кои го преживеаја сето ова, допрва ние како држава треба да се грижиме за тие семејства, но и на повредените. Убеден сум во способноста на нашите доктори и им благодарам за сѐ што направија и знам што направија и со каква саможртва се посветија на сето ова во деновите кои следеа, но ако не реагиравме така со транспортот на повредените ќе имавме повеќе починати луѓе“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на одговорноста премиерот Мицкоски посочи дека веќе се преземаат активности и веќе е видливо на терен, и додаде дека мора да има одговорност не само за овој случај туку и за претходни случаи.

„Мое лично субјективно мислење, да не биде погрешно разбрано дека вршам каков било притисок, мора да има неселективна одговорност, не само за овој случај, туку и за случаевите во минатото, затоа што сѐ уште се свежи сеќавањата и длабоки се раните на оние семејства кои изгубија свои и во претходните трагедии и во модуларната во Тетово, и кај Ласкарци и во Беса Транс. Тука треба похрабар чекор да има од страна на обвинителството, но тоа зависи од нив.

Вие нема да имате промена на систем ако немате институционална, но и законска одговорност. Констатирале неправилности институциите и работиме тоа да го промениме, нема да биде лесно и преку ноќ но мора да имате отчетност пред законите за да овие работи не ни се повторуваат“, изјави премиерот Мицкоски.

Roma Press- bichaldo taro sektori bash mediumengo buthikjeripe tari Radji Makeodnijaki.

Maskar sa e involvirime tari istraga ko Koćani,baśh o Šaban Saliu anelapes leske 30 dive pritvor..

Šaban Saliu,aktuelno minister bizo resori thaj aktuelno lingarutno Bash integracija thaj implementacija strategijako e Romenge, tano kotor tari buvlo rodlaripe e bibaheja ko Kocani.
Telal o avgo informacie vakerna so rodelapes sar o DZS kerela sa kontrola thaj pherela peskere kanoneskere obvrske ko arakhipe taro jagalipa thaj kontrola.

Avdive ani press konferencija vakerga o obvinitelstvo sar thaj o MVR pe save sa informacie kerge buti taro erati, amen ikavgem salde o kotor pe saveste chivelapes doś upral direktorija, bukarne ko vakti taro tadani thaj dji avdive ko buthi kheripe taro DZS.

Dikhen teleder o video..

Шабан Салиу, актуелниот министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, е опфатен со проширување на истрагата за Кочани.

Според првичните сознанија, се проверува како ДЗС вршела контроли и ги исполнувала своите законски обврски за заштита од пожари и контрола.

Видео делот на работата на ДЗС👇👇👇
ScreenRecording_04-13-2025 12-51-20_1

Video lendo taro skopje1.mk

Ministeri Šaban Saliu thaj avera funkcionerija akharde ko informativno lavkeribe phanle bash i tragedija ko Koćani..

Telal amare informcie phanle e avdisutne čipotaja pali dujto fori akatdo tano ano informativno lavkeripe o Šaban Saliu, pali iranipe taro sluzbeno patuvane. O MVR thaj o Obvinitelstvo panda na potvrdinge amenge isili pali lengere kedime dokazija andi decizija pandibe 24,48 arija ja palem 30 divesa.

Asavki merka valani te anel o adelatisar merka dji kaj khedenapes sa e dokazija bashi kerdo bangivalo kotor ja palem na, numa anglal odova valani te arakelpes thaj e sekole manuseski presumpcija bash nevinost savi garantirimi tani e Ustaveja tari RSM savi vakerela:
Во Уставот на Република Северна Македонија, членот 13 вели: лицето обвинето за казнено
дело ќе се смета за невино сé додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска
одлука. Освен што ова начело е предвидено во највисокиот правен акт на нашата држава,
истото е предвидено и во Европската конвенција за човекови права.
👇👇👇
Според нашите извори поврзано со денешниот случај по втор пат е повикан на информативен разговор г-дин Шабан Салиу,министер без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за Ромите.

Инаку, по наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 61 лице. Над 200 се повредени, од кои има и такви кои се во критична состојба сè уште.

Истрагата сега се проширува за над 23 нови осомничени, а меѓу нив се поранешниот министер за економија Беким Незири, кој пред две години влезе во МНАВ и истепа контролор на летање, потоа долгогодишниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор Шабан Салиу, Ваљон Сарачини – поранешен министер за економија, и други.

Oтворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи во Општина Шуто Оризари Одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Вчера на 08.04.2025год.во Општина Шуто Оризари, во присуство на Градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш, Заменичката на Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Ана Чернишова, како и пред претставникот на Делеганција на Европската Унија беше отворен првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.

Центарот се формира со цел обезбедување услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни совети и друго. Се предвидува дека годишно, новиот Центар ќе опслужува околу 1000 повратници и други ранливи категории на лица.

Центарот е лоциран во општинската зграда во Шуто Оризари, изграден како посебен модерен и современ, енергетски – ефикасен објект на површина од 310 м2 наменети за потребите на Центарот, но и на Општината, невладиниот сектор и граѓаните.

„Шуто Оризари е првата општина во државата во која што се воведува овој модел на поддршка на повратниците и другите ранливи категории преку информирање, директни контакти и асистирање на лицата активно да се вклучат во социо – економските процеси во државата. Се надеваме дека примерот на нашата Општина ќе може да се реплицира и во други општини при што повратниците и другите ранливи групи ќе ја добијат соодветната поддршка за поквалитетен живот во матичната земја.“ – потенцираше Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Воедно напомена: „ Изминатите години на 8ми април пуштавме во употреба повеќе завршени улици, минатата година го кренавме Ромското знаме на јарбол во новоизградениот плоштад во општина Шуто Оризари, оваа година го пуштаме во употреба општинскиот ресурсен центар за повратници и лица во ризик, догодина на 8ми април се надеваме дека ќе го ставиме камен темелникот на првиот Ромски Културен Центар во нашата општина и во државата и со тоа ќе ја заокружиме и потребата од зачувување на Ромското културното наследство„

Формирањето и изградбата на Ресурсен центар за повратници се ко – финансирани од Општина Шуто Оризари и Европската Унија, а реализирано од Програмата за развој на Обединетите нации.
———-
Рома Прес 09.04.2025

Фатмир М.Колумна:Критичко размислување за Меѓународниот ден на Ромите – Финансирање на проекти и нивното вистинско влијание..

8 април, Меѓународниот ден на Ромите, има за цел да го привлече вниманието на историјата, културата и правата на оваа маргинализирана заедница. Тоа го одбележува прогонството и дискриминацијата што Ромите ги доживеале и
продолжуваат да ги доживуваат со векови. Но, иако овој ден се користи и како можност да се подигне свеста за грижите на оваа заедница,тој исто така
покренува важни прашања,особено во врска со мноштвото здруженија и организации кои добиваат средства за проекти на Ромите.

Неспорно е дека проектите насочени кон поддршка на Ромите се основни за борба против дискриминацијата,подобрување на пристапот до образование и вработување и зајакнување на културниот идентитет. Сепак, постои зголемена
загриженост за тоа како се користат овие средства и кој всушност има корист од нив. Многу често, откриваме дека значителен дел од финансирањето се влева во административните структури наместо директно да им користи на луѓето за кои е наменето.Постојат бројни здруженија и организации кои се финансираат со големи проекти и грантови за поддршка на ромската заедница. Меѓутоа, во многу случаи,се поставуваат прашања за ефективноста и транспарентноста на овие иницијативи.

Колку од овие организации се всушност посветени на одржливи промени? Колку често средствата се користат за остварување личен интерес или за прикривање на структурните проблеми наместо за решавање на реалните потреби на засегнатите
луѓе?„Грантови и сомнителни структури”
Секоја година,значителни суми се слеваат од фондовите на ЕУ, владините програми и фондациите во „проектите на Ромите“.Но,парите често не стигнуваат до оние на кои им се најпотребни.
Наместо тоа:
– Здруженија и невладини организации кои професионално се специјализирани за финансирање апликации,но имаат мал контакт со реалноста на животот на засегнатите.
– Консултанти и експерти* кои изработуваат високо платени студии без да прават никакви промени на терен.
– Симболична политика*, во која престижните конференции и „кампањите за подигање на свеста“ постигнуваат повеќе од вистинска работа за зајакнување. Проектите за Ромите треба да бидат дизајнирани да бидат реални и ефективни,но се повторува впечатокот дека некои проекти повеќе служат за подобрување на имиџот на организациите или за обезбедување владино финансирање отколку за да се обезбеди конкретна поддршка. Ова води кон тоа реалните грижи и предизвици на ромската заедница да останат во позадина,додека организациите можат да продолжат да се потпираат на владините субвенции.

Критички, ова создава впечаток дека ромските иницијативи често не се раководени од самата заедница,туку за заедницата.Многу од овие организации се заробени во сложени и бирократски структури кои првенствено го обезбедуваат
сопственото постоење наместо да донесат длабоки социополитички промени.„Недостаток на контрола, недостаток на влијание“.Многу проекти пропаѓаат поради *бирократијата* и недостатокот на вклученост на самите ромски заедници. Честопати, не-Ромите* одлучуваат за мерки што не ги разбираат – класичен пример за политиката за прокси.Во исто време,недостигатранспарентност: Кој проверува дали средствата навистина стигнуваат до луѓето?

Важно е да се признае ова прашање и да се заложи за вистинско учество на ромската заедница на сите нивоа на одлучување. Проектите насочени кон
подобрување на животот на Ромите треба да бидат иницирани,насочувани и контролирани од самите Роми, а не од надворешни актери кои профитираат од маките на заедницата.
“Што бараме?”
1. Вистинско учество*: Ромите мора да донесат свои одлуки за проектите – не
само како „засегнати страни“, туку како дизајнери.
2. Транспарентност*: Јавна одговорност во однос на користењето на средствата,
успесите и неуспесите.
3. Долгорочно структурно финансирање* наместо краткорочна проектна логика.
4. Критичка дебата* за „ромската индустрија“: Кој профитира, кој прави промени?
8-ми април не треба да биде само ден на славење и признавање на културната различност на Ромите, туку и можност за испитување на структурите и
организациите кои се сметаат себеси за претставници на заедницата. Кој ги
добива средствата?За што се користи?Дали придобивките навистина имаат корист за заедницата?

За дополнително размислување:
– Колку Роми седат во одборите на „нивните“ организации за финансирање?
– Зошто речиси и да нема независни проценки на перформансите?
– Кој има корист кога сиромаштијата станува „проект“ наместо структурно да се
бори?
Одговорот на овие прашања може да се најде само преку искрено и самокритичко испитување на реалноста на проектите за Роми. Само преку вистинско учество и транспарентност, 8-ми април може да стане вистински ден на промени за оваа
често маргинализирана група.

Автор:Фатмир Мемедов

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Срѓан Амет – О Биџуко..

O Budzuko…

Состојбата на Ромите во Балканот и во Европа е комплексна и со многу предизвици, одразувајќи историски, социјални и економски аспекти. Во контекст на остарувањето на нивните права, интеграцијата, антициганизмот и вклученоста, можат да се истакнат неколку клучни точки:

1. Остарување на правата
Во последните години, Европската унија и бројни држави членки работат на подобрување на правата на Ромите. Програмите заштита на правата на малцинствата, вклучувајќи проекти за Ромите, се јавуваат со цел да се поддржи нивната интеграција и социјална инклузија. Меѓутоа, во многу случаи, императивот за реформа е побавно од очекуваното, а правата на Ромите често остануваат на маргините на политичките агенди.

2. Интеграција
Иако постојат иницијативи за интеграција на Ромите, многу од нив се уште се соочуваат со дискриминација, социјална исклученост и економска нестабилност. Образовната интеграција, особено, е предизвик; многу Роми се исклучени од системот и не добиваат пристап до квалитетно образование, што дополнително ја влошува нивната позиција во општеството.

3. Антициганизам
Антициганизмот продолжува да биде значаен проблем во многу европски земји, но и на Балканот. Стереотипите, предрасудите и дискриминацијата кон Ромите се присутни и во медиумите и во секојдневниот живот. Ова предизвикува растечка напнатост помеѓу Ромите и останатите граѓани, што дополнително ја усложнува ситуацијата на Ромите и ја брише шансата за вистинска интеграција.

4. Вклученост
Вклученоста на Ромите во политичките и социјалните процеси е ограничена. Иако постојат неколку организации и движења кои се залагаат за правата на Ромите, многу од нив се соочуваат со недостаток од ресурси и поддршка. Вклученоста во одлучување и креирање политики е клучна за подобрување на нивната состојба, но во многу случаи, Ромите не се доволно слушнати.

Прогрес или регрес?

Иако има некои напори за подобрување на состојбата на Ромите во Европа и на Балканот, многу опсерватори и истражувања укажуваат на тоа дека, во многу случаи, работите не се подобруваат. Социјалната исклученост, економските пречки и широко распостранетите предрасуди се и натаму значителни пречки. Прогресот во заштитата на правата на Ромите е бавен, а многу од проблемите кои се очекуваше да бидат решени оставаат да бидат актуелни… за жал

Заклучок: Сегашната состојба на Ромите на Балканот и во Европа е комплексна, со значителни предизвици, но и некои напори за подобрување. Обезбедувањето на реален напредок бара посветеност од страна на владите, општествата и самите Роми во напорите за интеграција и подобрување на правата.

Ќе не биде… терај. Bahtalo o Budzuko 8to April sa e Romenge ko sasto Sumnal.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

КОЛУМНА-Елма Д. Каде и со што растат нашите деца..

Болка, страдање, трагедии, чудни судови што меѓу луѓето што од “најгоре”…. за системот зборам најгоре не духовно зошто од таму “најгоре” се поинаку ќе се суди, како треба а не како тука.
Грешете… газете по животите на луѓето… користите ги позициите за свои цели, за лични аспирации… газете по туѓите души… ПУКНЕТЕ…. боли бре луѓе… корне од болка се што се случува.
Никој не се плаши од тоа што треба да дојде… БОГ… во најмала рака од карма еве не верувајте атеисти едни, не верувајте во бога ама во кармата и во надмоќ и енергија… поради интелектот кои демек го имате, зошто не верувате?
Децата ви растат овде… внуците и сите Ваши блиски. Што треба да го учиме нашето дете?
1. Како да се снајде во земјата на најзлобните и користољубивите и да ги научиме како да станат злобни да не умрат предвреме, да не потонат?
2. Или да го воспитам да биде добар човек и да помага а при тоа да умре како ситна мравка незабележан?
Имаш слоеви овде секакви со реални етикети!!!!!

Админстрација….. без соодветна култура….,,за образование не зборам зошто треба време да стигнам до таму. Без еднаков пристап кон сите, без емпатија за постари изнемоштени.. без емпатија за неписмени… бидејќи тој е Фројд во однос на неписмениот, тој е со трет степен— зачудувачки, среќа што не е купена дипломата.

Полицијата…. Колку што знам постои за заштита на граѓаните, а? или работи против граѓаните. Ајде да направиме една анкета колку граѓаните се чувствуваат заштитени од полицијата од криминал… убиства… закани… самохрани мајки или татковци и закони по нивните животи … психички и физички насилства.???!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Работат само по Наредба од претпоставен…. врз основа на Закон.. подзакон или висок Акт….. хахаха. Тогаш мењајте законите полицајците ни се “кукли”… не мислат, не чувствуваат и не делуваат заштитнички.

Новинари….. ако профитирате не ви е битна информацијата по основ на емоции… морал, се е исто. Не ве интересираат стручни лица за одреден случај, евент или било што, инфленсерите им дадовте статус на инжињери, архитекти, психолози,….Не ви е битно да добиете адекватна информација по однос на стручност, но вие битно кој ќе ја каже по основ на физички изглед и бројка на фоловерси ( следачи ). Така Вас ќе ви е поубаво… Што ќе ви се стручнаци , професионалци, магистри и доктори!! Битно е да сме популарни!!!!!!! Стручнаците, професорите почнаа дебати со инфлуенсерите за да се докажат. Па видат,не видат стручнаците ( од немање избор) ќе речат ние не знаеме… Вие како ќе речете Вас ве слушаат нас не. За да не се докрајчат со нерви со живот со авторитет и со рејтинг. Новинари без истражувачки стратегии насочени на популарност и другарство градат новинарски рејтинг.

Судството…. ?????? Ми се плаче… За да се разведеш од паихопат … ќе ти требаат 3 години…. а за да ги заштити децата и самохраната мајката државата не гледа никаква потреба. Мајка овде курва ќе стане… ама децата ќе ги нарани и ќе ги заштити, ако чека судот да донесе одлука за добра алиментација,….камени мост не им бега. Убиства… Русија може вода ни носи… се се решава у две постапки и у две години максимум. Кај што можеш удри Мујо најјако…. нема како да врати… удри 20 години… …ама се измочал у парк, не е битно нема пари нема никого, барем еднаш сила да се покаже.

Влада секоја ама баш секоја…..не е битно која…. Мерете си ги до кага можете, тој е најважно секои 4 години. Ти на мене… јас на тебе секои 4 години…

За крај ЛУЃЕТО НИЕ СИТЕ ЗАЕДНО АМА БАШ СИТЕ ЗАЕДНО И МНОЗИНСТВА И МАЛЦИНСТВА
За ништо не не бива сосе мене заедно….
Ако гласам, незнам за кој, па ќе одам да го поништам ливчето демек мое право било.. глупост
Ако не одам ќе го искористат ливчето… така викаат нели?
Ако гласате тоа го правите зошто планирате некој ваш член да се вработи или да ставите некој повторно Ваш на фотеља за лична сатисфакција?? Добро… нека биде ама зошто тоа да не биде за општ добробид.. зошто да не биде тоа и за синчето на комшијата што не го познаваш а некогаш ќе порасне, зошто да не покажеш дома дека си херој зошто одиш да му помогнеш на комшијата… бидејќи треба ти да си битен а не некој до тебе. Ужас

Заедништво меѓу етникум… нема… но нема од никој не само од мнозинството од сите и од меѓусебно.
Едните се штитат од другите. Демек албанците се штитат меѓу себе, ромите исто така. Абре ни тоа не е така веќе а и да беше нормално ли е?? Едните се бунат зошто давате пари на НЕнашите, “нашите” треба да живеат, другите нека умрат. Ако комшијата не е “твој” ама си израснал цел живот на иста маса, можеш ли да помошта да ја пренасочиш на друг само затоа што е “твој” другиот што не го ни познаваш???? Алоооо… ВЕРСКА ОБРВСКА Е ДА МУ ПОМОГНЕШ НА НАЈБЛИСКИОТ ОКОЛУ ТЕБЕ БЕЗ РАЗЛИКА ШТО Е И ОД КАДЕ Е!! Познати фондации се правдаат за донации на инфлуенсерите…. абре се е однесено. Демократијата колку ни помогна толку не однесе кај не треба.
Се повлекуваш, си ја газиш дипломата под нозе, се плукаш себеси… газиш се што си створил и изградил во твојот животен век…. мислејќи дека имаш статус да кажеш… да посегнеш по правдината и да бидеш гласен со право заради позадината веќе реализирана..Но не, се повлекуваш за да си мирен, за да не ти ја чепкаат интимата и семјството, за да ПРЕЖИВЕЕШ во оваа сурова околина, злобна… сосе мене, зошто ќутам зошто неможам сама зошто не сум храбра. Зошто општеството во рамки на лажна демократија ме затна и право имаат сите други освен науката, правдината, човечноста, интелектот и вистинската суштина на живеење.

Каде растат ВАШИТЕ НАШИТЕ ДЕЦА СИТЕ ЗАЕДНО КАДЕ?????
Последните во објаснувањето сме ние… зошто системот сме ние, најголемите виновници за сите случувања, системот за донесување одлуки сме ние, вие, јас, ти, тој СИТЕ ЗАЕДНО. Брат ти е полицаецот, сестрати е новинар, татко ти е министер а мајкати е во админстрација, баба ти гласа а дедо ти е судија во пензија.
Ужас….. кармата сите не следи а верниците да ги потсетам дека сите се одговорни за секоја постапка и кажан збор.
Ух… каде и со кого растат нашите деца!!!

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

Intervju:Jek dive mangava mo suno te ispolninel pes te ovel amen amari romani klasa ko FDU – vakerela m-r Orhan Jaśarevski

Ano avdisutno intervju keraja lafi e rajoja m-r, Orhan Jasarevski, phanle bash i kultura, teatar, ćhib thaj aver.

* Shaj li maj anglal te vakera e drabarutnenge koj tano o Orhan Jasharevski?

– O Orhan Duroskoro Jasharovski tano romano tari dis Kumanovo kova so sineles bah ko 1999 –to bersh te agorisarel ki Bugarija akteri, thaj piri sikavni panda duj bersha te magistririnel rezija pasho teatro thaj filmi.

* ⁠Savi buti ano akava momenti kerela o Jasharevski?

– Ko akava momenti si kotor taro nacionalno ustanova centar bashi kultura “Trajko Prokopiev” ko theatro Kumanovo, ama na sar akteri ili reziseri nego marketing thaj odnosi so javnosta.

* Manus savo peske thaj butenge vakerela o Teatar tano leskoro than djivdipnaske, Soske?

– Sa okola kola so pendzarena man thaj sinelen shajdipe te keren buti mancar dzanena so si mange o theater, na garavava thaj na ladzava te vakerav kaj naj baro miro mangipa si o theatro.
Thaj na sijum samo me isi avera da sar mande.
Savo paradoksi me agoringjum ki Bugarsko chip mo kolega o Dzengizi ki chibanikani chip,I Sanela thaj i Emra ki gadzikani chip, a isi thaj jek nevi romani chaj taro Kocani i Igbala oj dujto bersh tani ko fdu ki khorani chib, ni jek amender…. NA ki ROMANI chib SOSKE???

*⁠Kobor i politika kerela bashi vazdipe o Romano Teatar?

– I Romani politika khanci na kerela na samo pasho theater a em e kulturake. Ka citirinav jek gndipa taro bare manusha:
Koga ko vakti maribaskoro napadingje o London, o Cercili kedinga sa pire bare manushen thaj puclja len, sar te araken love pashi o mariba te shaj te odbraninen i phuv? Jek taro ministerija vakergja, o love tari kultura te prenasocinenpes ko fondi maribaske te shaj odbraninen i phuv. Thaj o Cercili vakerel: A ako keraja adava SO KA BRANINA.

* isi amen informacija aktivno kerena buti thaj ko nvo- sektori, o aktiviteti panlo e kulturaja jali aver?

– I Kultura si uslovi bizo savo o manush nashti te ovel manush.
Akate na mislinava(gndinava) samo ko umetnost a ki kultura dzivdipaskiri. Ako frdaja adava sar na-bitno, ako e sikavnen manushen tretirinaja sar na-bitna, a adava si amende obicaj kaj o sikavne manisha si diline ki smisla-soske te sikljove koga shaj em agjaarte-ko dzandipa ko shtosi, ko vici ki ajgara, shaj te dzivdina, a tu akana dzaja thaj sikljoveja disavi sikavni?
Adava si bilaco generalno ki amari kultura. I ljobomora, naresiba ki empatija thaj keriba gajreti. Adaleske o Romano Kulturno Centar “CIRIKJA” kerela buti samo ki kultura.

* ⁠Premal tute koj kerga maj but bash vazdipe o Teatro maskar ko Roma thaj avera?

– Nijek. Adava i diskutabilno ako pucena man ko amaterija oja isi anava kola so namangava te sponeninav len, soske sa kergje pe dzepenge. So muklje ili acavgje pala ki peste???

* ⁠Soske ko sahno intervju vakerena kaj maj but kergen buti e teatroja Roma(Skopje) avera na angaziringetut ili?

– Oja ko ,,Teatar Roma”kergjum najvishe buti sar Rom romenge,a avrijal tari amari phuv kergjum but ama adavi i mange na e Romenge na e nacijake (zalosno).

* Savo tuke najinteresno momenti ko teatar?

– Celo process si mange interesno ama naj,naj buter kana resaraja ki Premiera.

* ⁠Savo tuke o maj tragicno ili bilaco momenti ko teatar?

– Naj bilaco momenti tano adava so but manusha na kerena razlika taro amaterizam thaj profesionalizam. Man nae man nishto protiv o amaterizam, amaterizam sine taj mora te ovej. Thaj amen da o profesionalcija sijamsine prvo amaterija. Dzi kana ka ikala amare jakja?
Ako pravaja romani drama so sleduinela amenge sprema o ustav e drzavakoro dzanena li kozom rabotma thana ka oven?
Ko theatar nae samo cistaci thaj direktori!
Isi thaj scenska rabotnikija, kostimografija, scenografija,ispicientija, ton majstorija, svetlo majstorija, dramaturgija, producentija, akterija, reziserija thaj mate broinav panda.
.

* Sar paluno puchipe, kana shaj te doďjara tutar disavi premierno teatarsko izvedba?

– Akala divesa pocminaja jekh lil anavkerdo
,,LIL JEKE DELINESKORO” Duj masekonge sastipa planirinaja i premiera thaj ka oven mire misafirija. Koristinava akaja prilika ko agor sa amare Romenge prekal tumaro medium Roma Press te bahtarav sa e Romenge ,,BAHTALO O 8-TO APRIL” sastipe, mangipe thaj so pobut te kjera buti te araka amari chib romani, kultura, tradicija thaj sa o aver.

O Intervju kerga ole o Sevgul A. Ko lavkeribe misafireja m-r Orhan Jaśarevski.
07.04.2025 Roma Press

- Reklam -

KOLUMNE