Blog

Ki Radji ikergapes diskusija bash ďajbe poangle e Roma thaj evropaki integracija..

{"tiktok_developers_3p_anchor_params":"{"capability_name":"capcut_image_text,capcut_photo_editor","client_key":"aw889s25wozf8s7e","os":"ios","editType":"image_edit","appVersion":"17.7.0","product":"vicut","source_platform":"mobile_1","region":"BE","pictureId":"B5217CF0-5E2B-43D9-9C44-B445610223C9","source_type":"vicut","enterFrom":"new_image"}","source_type":"vicut","data":{"capability_name":"capcut_image_text,capcut_photo_editor","enterFrom":"new_image","appVersion":"17.7.0","product":"vicut","source_platform":"mobile_1","os":"ios","source_type":"vicut","client_key":"aw889s25wozf8s7e","pictureId":"B5217CF0-5E2B-43D9-9C44-B445610223C9","editType":"image_edit","region":"BE"}}

Ki Radji tari Republika Utarali Makedonija avdive ikergape diskusija bash pućibna save tane importatna  e Romanenkedinake sar thaj ko procesi bash evropska intergacija, organizirime taro Ministeri bizo resori vastaluno e Strategijake e Romengiri, Šaban Saliu ko buti kjeribe e Ambasadaja taro thagaripe Španija ko Skopje.
Ko akava khedipe kerga lafi e Španijako ambasadori rajo, Rafael Soriano Ortiz, sar thaj o Fabijan Daniel- Sanćez presidenti taro Španijako nacionalnikano sovet, sa ola ulavge poro buthi kjeribe thaj praktika bash o romane hakaja thaj inkluzija.

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа дискусија посветена на прашања од значење за ромската заедница и процесот на европска интеграција, организирана од министерот без ресор задолжен за Стратегијата за Ромите, Шабан Салиу, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

На настанот се обратија амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, и Фабијан Даниел-Санчез, претседател на Ѓитана и на Шпанскиот национален совет на Ромите, кој ги сподели шпанските искуства и добри практики во областа на ромските права и инклузијата.

Во дискусијата беа опфатени теми поврзани со социјалната инклузија, домувањето, образованието, вработувањето, борбата против дискриминацијата и културната афирмација на ромската заедница.

Средбата потврди дека соработката меѓу институциите, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери е клучна за унапредување на положбата на Ромите и за градење поинклузивно општество.

Hazri kerga:Roma Press
foto: lende taro fb profil Š.Saliu.

Потресна приказна:Крик што никој не го слушна-срцето повеќе не издржува

Тасим Фазлиов вечерва пред камерата на Рома Прес, ја раскажува својата потресна борба со системот и моментите кога животот му висел на конец.

Од институционален притисок, полициска тортура и целосна загуба на довербата во системот — до очаен обид да си го одземе сопствениот живот.

Викендов, Тасим Фазлиов ја преживеа најтешката битка во својот живот. Разочаран од институциите кои, наместо да го заштитат, според неговите тврдења го довеле до работ на безизлез, тој посегнал по најцрното решение.

Судбината, сепак, имала поинаков план. Јажето се скинало, соседите реагирале навреме, а брзата интервенција на медицинските екипи му го спасила животот.

Tasim Fazliov erat anglal i kamera taro Roma Press, vakerela peskiri prikazna ko maribe mujal o sistemi thaj o momenti kana oleskkro djivdipe sine ko thav.

Taro institucionalno protisok,policisko tortura thaj sahno naśhalipe inpakjiv ko sistemi, akale Rome 56 beeśengo angale i sudbina dji ko zido te śaj obesinelape. Sar so vakerela silaja mangena te len lestar o kher hem te achol ko droma, baheske o śelo ćhingovela thaj avdive o Tasimi tano ďjivdo thaj vakerela bash akaja daravutni djivdipnaski storija ko Roma Press.

👉Следете ја неговата шокантна и потресна животна приказна👇

Интервју со физиотерапевтот Илија Жежов: Раната терапија е клуч за здрав развој кај децата

Sajdime ko amaro avdisutni intervju kjeraja lafi e fizioterapevteja Ilija Žeżov taro Centari bash masaza thaj ikjeribe o bedeni(telo) taro Gostivar.
Ko akava intervju kjeraja lafi bash jek specificno nasvalipe savo resarela ko potikore ćhavore sar skolioza, thaj rodela sigo tretmani thaj sigo trubuj te kerelpes griža. Teleder o intervju ki makedonikani ćhib.
————
Во нашето денешно интервју ќе разговараме со физиотерапевтот Илија Жежов од Центарот за масажа и одржување на телото „Физиотерапевт – Здравје“ од Гостивар.

Говориме за една специфична состојба која се јавува уште во детската возраст и која бара навремено препознавање, правилен третман и континуирана грижа. Ќе дознаеме колку е важно проблемот да се третира од најрана возраст, кои се најчестите симптоми, како родителите можат да ги препознаат првите знаци и каква е улогата на физиотерапијата во подобрување на состојбата.
👉Следете го интервјуто и дознајте стручни совети за навремена превенција и успешно лекување👇👇👇

Р.П- Што претставува сколиозата и на која возраст најчесто се појавува кај децата?

И.Ж. Сколиозата претставува сериозен проблем кај младите, секое трето дете скоро има или кифоза или сколиоза.
Причините се слабата физичка активност,постојаното седење пред телефони како и неправилното држење и оптеретување на рбетниот столб.
Затоа најважен дел е превентивниот Физиотерапевски преглед, советите од физиотерапевтот како и важната улога на рехабилитацијата во процесот на лекувањето.
Навременото лекување како и следењето на сколиозата може навреме да се спречи и да не дојде до сериозна хируршка интервенција.

Р.П- Кои се првите знаци што родителите можат да ги забележат дома?

И.Ж. Најчесто едното од другото рамо има разлика во висина, но исто така и самиот рбетен столб покажува дегенеративни промени што и токму тие промени се видливи.
Самиот рбетен столб покажува мало видливо искривување , а тука се вклучува и алармот за понатамошни и подетални испитувања околу оваа состојба.

Р.П – Дали сколиозата кај децата е се почеста и кои се најчестите причини за нејзина појава?  

И.Ж. Да, сколиозата често е присутна како кај децата така и кај возрасните.
Како и што потенцирав погоре, слабата физичка активност, лошите навики за држење на рбетот се исто така ризик фактор причини но исто така и оптеретеноста на рбетниот столб со тежина ,тешките ранци како и самите дегенеративни промени кои се јавуваат на рбетниот столб.

Р.П- Колку влијание имаат неправилното седење, тешките училишни ранци и физичката неактивност?

И.Ж. Од здравствен аспект би кажал дека овие фактори имаат многу големо влијание, порано се повеќе децата беа надвор и беа многу повеќе физички активни , денес тие се се повеќе на телефон ,компјутер или пак во одредени лоши положби што имаат многу големо ризично влијание на здравствената состојба кај децата.

Затоа децата треба да бидат повеќе физички активни и да се занимаваат повеќе со спортска активност и да внимаваат на своето здравје. За сето ова повеќе мотивација треба да имаат и од родителите, колку повеќе физички активности толку повеќе поздрави деца.

Р.П- Кога родителите треба да побараат преглед кај физиотерапевт?

И.Ж. Секако , како и што потенциравме.
Кога ќе ги забележат првите симптоми дека едното од другото рамо се разликува ,но исто така родителите треба често да ги носат своите деца на превентивни прегледи.
Со самиот навремен преглед и со раното откривање на проблемот резултатите ќе бидат побрзи, се процесот во лекувањето ќе даде и побрзи резултати во самата проблематика.

Р.П- Како се поставува дијагнозата и кои прегледи се потребни? 

И.Ж. При самиот физиотерапевтски преглед со сколиометар се гледа и јасната слика на искривувањето. Дополнително даваме мислење за РТГ или МАГНЕТ.
Секако и прегледот и наодите заедно ќе ни обезбедат сигурен резултат во лекувањето и спроведувањето на здравствената постапка во процесот на лекувањето.

Р.П – Дали секоја сколиоза бара третман или кај дел од децата е доволно само следење?

И.Ж. Секако ,секоја сколиоза мора да биде соодветно и стручно третирана се со цел понатаму во животот кај детето или возрасните лице да не предизвика посериозни потешкотии со рбетот.
Со рехабилитирачкиот процес ќе се запазат процесите на лекување а со самата физикална терапија ќе се спречи и понатамошната потреба од хируршка интервенција на рбетот.
Затоа често говорам и велам ,колку порано се открие,следи и лекува оваа состојба толку подобро. Само со раното откривање и лекување ќе дојдеме до соодветно и стручно решение на ваквиот проблем.

Р.П – Кои се најчестите методи на лекување – вежби, корсет или операција?

И.Ж.Физикалната терапија има широк спектар на методи во постапката на лекувањето.
Најважен дел и најважна улога кај ова лекување има КИНЕЗИТЕРАПИЈАТА , МЕДИЦИНСКАТА МАСАЖА ВЕЖБИТЕ, ПЛИВАЊЕТО и секако одредените фитнес вежби и изработката на корсетот.
Секако корстет се изработува само доколку искривувањето е поголемо и посериозно.
Кај малите степени со искривување на сколиоза следува само работната терапија и физикална терапија, додека кај посериозните искривувања освен физикалната терапија следува дополнително и корсет изработен според степенот на искривување.

Р.П – Колку е важно сколиозата да се открие во рана фаза?

И.Ж. Како што кажав, важен дел од здравјето на детето. Со раното откривање се спречуваат понатамошните и посериозните компликации на рбетот кај детето, како сега, така и во текот на растот па и во возраста.

Р.П – Дали децата со сколиоза можат нормално да спортуваат и кои активности се препорачуваат?

И.Ж. Секако, според препораките на физиотерапевтот дадени се совети за пливање, фитнес и друг вид на вежби. Сите овие насоки се дадени според индивидуалниот план и програма, преку разговорот ,прегледот и степенот на искривување кај детето.

Р.П-Може ли сколиозата да предизвика болки или други здравствени проблеми во иднина?

И.Ж.Сколиозата може да предизвика болка, во зависност од степенот на искривување.

Интервјуто го спроведе Севгул Абдула-Рома Прес, а наш гостин беше д-р Илија Жежов, Центар за масажа и одржување на телото „Физиотерапевт – Здравје“, Гостивар.

 

 

Ѓунеш Мустафа – Гуно: човекот што го осветли патот на Ромите во Македонија

{"data":{"editType":"image_edit","os":"ios","source_type":"vicut","product":"vicut","enterFrom":"new_image","pictureId":"40BF4A10-17F4-4DEF-9DE1-A5455A4DDDE3","appVersion":"17.6.0","region":"BE","capability_name":"capcut_photo_editor,capcut_image_text","source_platform":"mobile_1","client_key":"aw889s25wozf8s7e"},"tiktok_developers_3p_anchor_params":"{"appVersion":"17.6.0","pictureId":"40BF4A10-17F4-4DEF-9DE1-A5455A4DDDE3","source_type":"vicut","editType":"image_edit","enterFrom":"new_image","product":"vicut","source_platform":"mobile_1","os":"ios","region":"BE","capability_name":"capcut_photo_editor,capcut_image_text","client_key":"aw889s25wozf8s7e"}","source_type":"vicut"}

Iranaja amaro gndipe, ko Guneš Mustafa- Guno, savo maśkar ko Roma tano pindjardo o avguno askeri bash o hakaja e Romengere, intelektualco, vizioneri  bash i Romani kedin.  Oleskiri mangin sakana sine jek dive e Romen te dikhel jekhajek sa e  avere zaednicencar.

Iranaja amaro gndipe ko Guno, savo puterga o avgo teataresko kher Student, saveste kreirinelapes thaj bajrarelapes sine i Romani chib, kultura, tradicija, gilji thaj sa e kulturako baravlipe. Guno, ovel djeno ki avguni politicko partija PCER, thaj pali adava sa okola partie save registririnepe sar politicka subjketija. O Guno kerla hem i avgo generacija ki redkacija MRTV, pallo adava putrela o avgo privatno romano radio ,,Šutka”, pa Šutel, radio Roma aso palo adava lokalno media ,,Roma Fer”.

But hari śhaj sa te hramona odova so kerga o Guno, sar aktivisti bash pi romani kedin ko maj pharo vakti e Romengoro.
Teleder drabaren ki makedonikani chib.

Ѓунеш Мустафа, меѓу Ромите познат како Гуно, беше еден од најзначајните интелектуалци, активисти и визионери на ромската заедница во Македонија. Човек со големо срце, силен карактер и јасна визија, тој целиот свој живот го посвети на афирмацијата, унапредувањето и достоинственото претставување на Ромите во општеството.

Имено се сеќаваме кога во најтешките периоди за ромската заедница, Гуно беше меѓу оние што храбро ги промовираа вредностите на ромската култура, образование, демократија и политичко учество. Уште во 1990-тите години, кога малкумина веруваа дека Ромите можат организирано да се изборат за своето место во општеството, Ѓунеш Мустафа ја вложи својата енергија, знаење и ентузијазам во создавање на ново светло за идните генерации.

Еден од неговите први и најзначајни чекори беше основањето на театарот „Студент“, преку кој се промовираа ромската култура, пишаниот збор и театарската уметност како врвни вредности. Преку оваа иницијатива, многу млади Роми добија можност да го развиваат својот талент и да ја зајакнат сопствената културна самосвест.

Гуно беше и еден од првите активни учесници во политичкото организирање на Ромите. Тој имаше значајна улога во формирањето и активностите на првата ромска политичка партија – ПЦЕР, предводена од Фаик Абди. Подоцна активно соработуваше со речиси сите ромски политички субјекти во државата, секогаш воден од идејата за заеднички напредок и единство.

Посебен придонес даде и во локалната самоуправа, учествувајќи во создавањето на првиот состав на Советот на Општина Шуто Оризари, во периодот на првиот ромски градоначалник Неждет Мустафа. Во тој историски период, заедно се отворија и вратите на Македонската радио-телевизија, каде што беше создадена првата генерација ромски новинари и уредници. Во тој процес свој придонес дадоа личности како Нездет Мустафа, Ѓунер Абдула, Демир Хусеин, Оскар Мамут,Лјатиф, Перијан, Бенита, Мануела, Северџан и многу други.

Ѓунеш Мустафа беше и првиот организатор на приватното радио „Шутка“, а подоцна и на телевизијата „ТВ Рома“, која со текот на времето прерасна во „Рома Фер“. Со тоа, тој постави темели на современото ромско медиумско изразување во Македонија.

Неговото културно и политичко дејствување создаде цела плејада на млади интелектуалци, активисти и патриоти, посветени на подигањето на гласот на Ромите и на промоцијата на демократските вредности.

Незаборавениот Гуно останува во сеќавањата како човек од збор, искрен пријател и народен човек. Неговата посветеност, принципиелност и љубов кон својот народ го направија пример за генерации.

За жал, Ѓунеш Мустафа замина прерано – во време кога неговото искуство, мудрост и енергија и беа најпотребни на ромската заедница.

Неговото дело останува трајно врежано во историјата на Ромите во Македонија. Гуно не беше само активист туку тој беше гласноговорник, светилник, визионер, и еден од темелите на современото ромско движење.

Ова е само мал дел од сеќавањата и активностите што Ѓунеш Мустафа ги реализираше во интерес на ромската заедница.

👉RIP- inśallah Ðenneti🤲🏻.

Hazri kerga: Roma Press

Елвин Шакиров:Никој друг да не се чувствува толку беспомошно како што се чувствував јас тогаш.

РП. Како загубата на Вашата мајка Ве обликуваше како човек?

Е.Ш: Загубата на мајка ми не беше само лична трагедија — беше моментот кога детството нагло замолкна. Болката ме оттурна кон зрелост пред да бидам подготвен, но во исто време во мене засади тивка, но силна желба: никој друг да не се чувствува толку беспомошно како што се чувствував јас тогаш. Тогаш си ветив дека ќе направам сè што можам за децата да растат опкружени со мајчинска љубовта.

РП.Кога решивте дека онкологијата е Вашиот пат?

Е.Ш: Моментот кога сфатив дека немоќта е најстрашното чувство, решив дека мојот живот ќе го посветам на тоа да им дадам моќ на другите. Онкологијата не е само медицинска гранка; за мене таа е фронт на кој се бориме за секоја секунда надеж. Решив да бидам таму каде што се кршат копјата на животот и смртта, за да бидам оној кој ќе ја запали светлината во најгустата темнина и ќе ја претвори немоќта во непокор. Јас сум соборец кој одбива да ја прифати поразот сè додека постои барем една шанса за живот. A, таа шанса постои се додека пациентот дише. 

РП.Што се промени кај Вас „пред“ и „по“ 2018 година?  

Е.Ш: 2018 година е мојот „нулт час“, пресвртната точка која засекогаш го промени текот на мојот живот. „Пред“ 2018 година, бев средношколец со соништа за иднината.

По“ 2018 година, во мигот кога ја изгубив мајка ми, медицината престана да биде само опција за студирање – таа стана мој идентитет и мој единствен можен пат. Во тие моменти на најдлабока лична трагедија, јас не само што ја изгубив својата најголема поддршка, туку го открив својот вистински интегритет. Сфатив дека најстрашното чувство на светот е немоќта: да гледаш како твоето најмило си заминува, а ти како млад човек да немаш никаква моќ да го спречиш тоа. Сфатив дека животот не се мери според неговата должина, туку според светлината што ја оставаме зад нас

РП. Како болката ја претворивте во сила?

Е.Ш:Болката е сурова енергија ако не ја скротиш, ќе те уништи. Јас избрав мојата тага да ја инвестирам во туѓата радост. Секој пат кога ми беше најтешко, јас помагав некому. Таа алхемија на претворање на солзите во мотив е она што ме изгради. Денес, мојата сила не доаѓа од заборавот, туку од сеќавањето на тоа колку вреди борбата.

РП. Од каде ја црпите мотивацијата денес?

Е.Ш:Најмногу од се, ме мотивира ветувањето дадено пред себеси и пред споменот на мајка ми – дека нејзиното заминување нема да биде залудно, туку ќе биде темел за илјадници нови приказни за успех.  

РП.Како личното искуство влијае на односот со пациентите?

Е.Ш: Јас не гледам пациент, јас гледам мајка, татко, брат или сестра. Моето искуство е мојот „шесто сетило“. Тоа ми овозможува да ја препознаам нивната тишина, нивниот страв и нивната надеж. Пациентите не бараат само онколошка терапија, тие бараат сојузник. Јас сум нивниот сојузник затоа што сум бил во нивните чевли.

РП. Што значи за Вас да им помогнете на деца што поминуваат низ слична болка?

Е.Ш: ​Тоа е мојот начин на зацелување на сопствените рани. Да бидеш светлина за едно дете во неговиот најтемен тунел е најсветата должност. „Помагајќи им на нив, се навраќам кај малиот Елвин и му носам мир што тогаш му недостасувал. Во тој процес, мојот пат добива вистинска смисла.

РП. Со какви предизвици се соочивте како млад лекар?

Е.Ш: „Мојот најголем личен предизвик, а воедно и мојот најголем страв, е неизвесноста што ја носи нашиот здравствен систем. Искрено ме вознемирува помислата дека по целата лична жртва и патот поплочен со болка и желба за промена, би можел да се изгубам во лавиринтите на бирократијата барајќи работа.Стравот дека нема да најдам соодветно место во македонскиот здравствен систем е мојата најголема битка, бидејќи најмногу од сè ме плаши помислата дека овој систем може да ме принуди да заминам во друга држава. За мене, заминувањето не е само промена на адресата, туку прекинување на заветот што го дадов тука.

Не сакам мојот труд, моето знаење и пулсот на мојата мајка што го носам во моите раце, да служат на туѓ систем. Најголем предизвик ми е да останам доследен на својата мисија и да си го изборам правото да им помагам на моите луѓе, тука каде што се моите корени и каде што мојата помош е најпотребна. Одбивам да бидам само уште еден лекар кој заминал, но стравот дека системот нема да ми даде шанса да останам е мојот најголем немир.

РП.Што би им порачале на младите Роми кои сонуваат за медицина?

Е.Ш: Би им порачал никогаш да не дозволат некој друг да ги дефинира нивните граници. Медицината е тешка, но е најблагородната професија. Образованието е најмоќното оружје што го имаат. Верувајте во себе, учете напорно и знајте дека патот е тежок, но наградата – да се спаси живот – е бесценета.

РП.Како се справувате со тежината на професијата?

Е.Ш: Тежината на оваа професија е огромна, бидејќи во онкологијата секојдневно на своите раменици ја носите одговорноста за нечиј живот и надеж. Таа емотивна тежина ја амортизирам преку враќање кон природата и тишината. Прошетките на чист воздух и звуците на природата ми помагаат да ги подредам мислите и да го исчистам умот од тешките болнички ходници.​  

Но, во овој процес на „полнење на батериите“, поддршката од најблиските е незаменлива. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им изразам огромна благодарност на моите пријатели Столе  Јанев и Дарко Чачаров.

РП. Што за Вас значи да се биде успешен лекар?

Е.Ш: Успешен лекар е оној кој разбира дека лекувањето започнува од моментот кога пациентот ќе почувствува дека е слушнат и разбран. Успехот е во секој извојуван ден повеќе, во секоја ублажена болка и во секоја насмевка која се вратила таму каде што владеел очајот. Да се биде успешен значи да се изгради мост од доверба толку силен, што пациентот ќе знае дека во најтешката битка не чекори сам. На крајот на денот, успехот е мирниот сон со сознанието дека си направил се што е во човечка моќ за да спасиш нечиј цел свет.

РП.Кој момент од досегашната работа најмногу Ве допре?

Е.Ш: Постојат многу моменти кои оставаат траен белег, но еден посебен момент особено силно ме допре. Никогаш нема да ја заборавам самохраната мајка која, по тешката битка со канцерот, својата победа ја прослави со тапани и зурли. Глетката на нејзиниот триумф беше моќен потсетник дека ние не лекуваме само дијагнози — се бориме за нечии мајки, за нечии деца и за нечии иднини. Звукот на тие тапани за мене не е само музика, туку најсилна мотивација — доказ дека мојот труд значи нова шанса некој повторно да го слави животот. Тоа е суштината. Тоа е причината поради која ја избрав оваа професија.

РП. Каква промена сакате да донесете во иднина? 

Е.Ш:Мојата визија за иднината на македонската онкологија е всушност мојот најголем сон – сонувам за систем во кој ниедна мајка повеќе нема да биде принудена да моли за својата терапија. Никогаш нема да ја заборавам Вања, која со последните сили бараше лек само за да дочека уште еден роденден со своите деца; тоа е сликата што мораме да ја смениме засекогаш. Сакам да изградам онкологија каде што достоинството на пациентот е на прво место, каде лековите се секогаш достапни и каде ниту еден човек нема да биде оставен сам на себе. Не смееме да дозволиме веста дека нема лек или терапија да им паѓа на луѓето како „гром од ведро небо“, оставајќи ги во очај да се прашуваат од каде ќе најдат пари за да си го купат правото на живот. аде ниту еден човек нема да поминува часови во чекање по ходниците, бидејќи во оваа борба секоја минута е живот.

​Мојот сон вклучува и целосна системска грижа која оди подалеку од болничкиот кревет, каде што општините и државата ќе обезбедат организиран превоз за секој пациент кој оди на хемотерапија, за да не мора изнемоштените луѓе да се грижат за логистиката на своето преживување. Сакам да воведеме реални олеснувања по примерот на поразвиените земји, како укинување на сметките за во    да и комуналии за овие семејства или обезбедување директна помош во храна и финансии. Но, пред сe, се борам за онкологија која ќе биде еднакво достапна за секого – и за „тетка Дујгу“ која сиот свој живот го поминала чесно работејќи по нивите, а не само за привилегираните. Медицината не смее да биде луксуз за кој се собираат донации, туку сигурен систем кој го штити секој граѓанин.
————

Интервјуто го спроведе Севгул Абдула-Рома Прес, а наш гостин беше Елвин Шакиров, студент на општа медицина во 6-та година на Универзитетот „Гоце Делчев“ – му благодариме за издвоеното време и инспиративниот разговор, со желби за понатамошен успех.

💔 ЦИРЕ-Замина гласот на вистината, останува споменот засекогаш

Со длабока тага и болка, тимот на Рома Прес ја примивме веста дека не напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист.

Цирко, познат македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен борец за правата на ромската заедница, не напушти на 64 години.

Рамуш Муарем подолг временски период се соочувал со здравствени проблеми, а зад себе остава значајно наследство во медиумите и општествениот живот.

Загубивме силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор. Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш во нас и нашата заедница.

Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен.

💔Тим на Рома Прес
————-

Pharipnaja thaj bare dukhaja ko anav taro timi Roma Press, havlaraja o haberi taro amaro manglo kolega, zurnalisti, publicisti thaj humoristi-nakhla i dunjaja o Ramuś Muarem- Cirko.

Naśagem panda jek baro hango, manuś zoralo thaj but baro amal. Oleskoro pozitivno duho ka achol ki amende thaj nikana nane te ovel bisterdo, sakana ka ikjeratut ki amari godi so djivdinga maśkar amende jek baro heroji savo ko sakova momenti sine hazri bashi sa.

Ko amaro anav thaj sa e Romengo mangaja thaj keraja 🤲🏻 ko Allahi rodaja tuke Ðenneti- CIRE💔

Sikhlenge(ućenikoja)delape milja denarija te biknen droga ki śkola..

Sikhlenge(ucenikoja) ko berśa taro 13 dji ko 15 berśa ulavelapes olenge te biknen droga pere amalenge ko findavne śkole ko Skopjeskoro Karpoś, bash odova delapes plenge iljada denarija. Baśh akaja indicija  sa havlarimi thaj i policija, adonakaja ćipota sa ćhivdi ko lavkeribe ko konsilieri e roditelenge, sa odova havlardo thaj dikhlo taro hramibe ko akava khedipe.
Baś policijaki akcija na vakerlapes o anav e śkolako sebepi te na ćhinavelpes i buti e policija savi tani ko thavdipe.

Sar so vakernano informacie taro roditelija e ćhavorengere, kerlapes lafi jekhajek bash potikore ćhavore save avena ki akaja siklana, numa ola nane sikhlevutne(ucenikoja) tari jekajek śkola. Vakerindor prekal olengere indicie khuvena ko ćhavore save sikhlovena ko ovtoto thaj ejnato berś sikhlovipe, dendoj olenge disavi biďjanli materija aso bash odova delapes olenge milja denarija(1000 denarija).
————

На ученици на возраст од 13 до 15 години им било понудено да продаваат дрога на свои соученици во основно училиште на подрачјето на скопската општина Карпош, во замена за паричен надомест од илјада денари. За овие индиции била известена полицијата, а случајот бил разгледан и на седница на Советот на родители, произлегува од записникот во кој увид имал порталот Колегиум.мк. Поради тековна полициска постапка, редакцијата не го објавува името на училиштето.

Според информациите споделени со родителите, станува збор за повозрасни малолетници кои не се ученици во наведеното училиште, а кои, според сомневањата, злоупотребувале ученици од осмо и деветто одделение за пренесување недозволени материи во замена за паричен надомест.

Hazri kerga- Roma Press, lendo taro https://kolegium.mk/im-nudele-po-iljadarka-na-tinejdzeri-da-dilaat-droga-vo-uchilishte-vo-karpos.

КОЛУМНА-До кога тишината ќе биде погласна од неправдата?

Состојбата на Ромите во Македонија одамна не е само социјално прашање, впрочем таа е огледало на државата, на нејзините институции и на нејзината совест. Лошата економска состојба, ограничените можности за образование и вработување, како и секојдневната борба за достоинствен живот не се новост. Ново е само тоа што овие теми стануваат,,видливи” единствено кога ќе се случи некаков инцидент или настан што накратко го привлекува вниманието на јавноста и потоа се е исто.

Секоја актуелна влада без разлика на политичката боја, го третира ова прашање како еднодневна тема. Денес сме,,важни” па искористетеја до крај, ама утре повторно невидливи. Наместо системски пристап и долгорочни решенија, ние исто па исто добиваме симболични гестови и празни ветувања.
Но,најболното прашање останува-правдата.

Дали навистина живееме во држава со еднакво судство за сите? Или правдата има цена, тежина и адреса? Сведоци сме на случаи каде што за ситни прекршоци се изрекуваат големи казни, години затвор за дела што во друга околност би биле третирани поинаку, по примерот со ѕиданите пари.  Од друга страна, оние со моќ и ресурси често остануваат недопирливи, заштитени се додека не се докажува вина, тогаш каде сме ние који гласно говориме за еднаквост?

Видете, ова не е само правен проблем туку ова е длабока неправда што создава чувство на пониженост, страв и безнадежност. Кога казната не е еднаква за сите, тогаш таа престанува да биде правда и станува средство за селективно дисциплинирање.

Тогаш, каква е оваа држава? И каква е оваа правда?

Ние како Ромска заедница често слушаме дека имаме глас. Но каков е тој глас ако не смее да се засили? Ако постојано ни се кажува колку гласно смееме да зборуваме, кога да зборуваме и за што? Тоа не е слобода туку тоа е контролирана тишина.

Поговорката укажува ,,Како ќе ти свират, така ќе играш“ оваа мисла премногу долго ја дефинира нашата реалност.

Но прашањето останува: До кога?

– До кога ќе прифаќаме да бидеме тема само кога е згодно?
– До кога правдата ќе биде селективна?
– До кога нашите животи ќе бидат статистика, а не приоритет?

Време е ова прашање да престане да биде маргинално. Време е да стане централно, не само за Ромите, туку за целото општество. Затоа што држава што не обезбедува еднаков систем, правда за сите, на крајот не обезбедува правда за никого.

И на крај:,,До кога ќе стоиме на дождот без чадор”-ова не е шега, туку повик за промена.

 

Aвтор:м-р Севгул Абдула.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

КОЛУМНА- Штама од власта и од сегашните претставници на ромските партии, пред и после Рамазан и Меѓународниот ден на Ромите-8 Април

Чудно е како пред рамазанските пости и Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, социјалните мрежи беа празни, без ниту еден статус, како од властите така и од ромските претставници, така и за било каков настан или состојба на ромската заедница, која е сурово и многу тешка.

Одеднаш, со започнувањето на Рамазан, Фејсбук-профилите беа агресивно преплавени секојдневно од политичките претставници со слики од свечени седења, полни трпези и формални средби, во кои изразуваа особена чест и задоволство за присуството на ифтарските вечери организирани од властите.

И наидувам на истото со случувањата на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, каде што, исто така, особена чест и задоволство им претставува на политичките претставници и на невладините организации што биле присутни на приемите кај владините претставници или кај градоначалниците.

Повторно се гледа истите лица, со свечени седења и полни трпези, и секако полни стомаци, претставувајќи го сето тоа како колективен успех од неколкучасовни нивни задоволства, додека реалните проблеми остануваат исти не решени?

Сите досегашни власти, без разлика, а особено политичките партии од македонскиот блок, веќе 35 години го одржуваат истиот модел кон Ромите-ветувања, стратегии и симболика, користење како политички ресурс, модел пропратен со предрасуди, стереотипи и дискриминација, без приоритет на реални политики. Со тоа, оваа држава јасно покажува дека нема и никогаш нема да има сериозен став кон решавање на проблемите на оваа заедница(Ромска).

Македонија, како држава, воспостави пракса дека метлите по комуналните претпријатија и манипулациите од избори до избори се начинот за „соживот“ и интеграција на оваа заедница во општеството.

Сиромаштијата, дискриминацијата, социјалната исклученост и целосната запоставеност на ромскиот народ се приоритети за решавање и треба да бидат во прв државен план. Но, затоа и ромските политички претставници во власта треба да бидат дел од решението, а не со молкот кој е евидентно присутен во нас како и со политички калкулации и широки насмевки на протоколарните седенки и полни трпези да покажуваат задоволство.

Господ бог со нас!

Aвтор:Аксел А.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

 

Колумна -Сезонски народ: Помеѓу патриотизмот на софра и колективниот мамурлак.

Добредојдовте во вечниот циклус на ромскиот идентитет. Ако не набљудува некој отстрана, би помислил дека сме го усовршиле концептот на „баланс помеѓу животот и работата“  само што кај нас тоа е „баланс помеѓу идентитетот и настанот“.

Ние не сме народ, ние сме патувачки циркус од емоции кој се појавува точно тогаш кога во календарот има црвено заокружен датум.
Рамазанските светци и егзидусот по Бајрам
За време на Рамазан, ние сме врвот на исламската креација. Нема да најдете Ром кој одеднаш не ја открил длабочината на духовноста. Постиме, се молиме, толку сме свети што ангелите во Мека веројатно ни завидуваат.

Но, штом ќе помине Бајрам и ќе се изеде и последното парче баклава, изгледа како Бог да заминал на годишен одмор. Теписите за молитва фаќаат прашина побрзо отколку што можеш да кажеш „Амин“, а побожноста испарува како чад од шиша на ветар.
До следната година, иншалах  или барем до следната слика со бројаница на Инстаграм.

8-ми април: Раѓањето на супер патриотите
Потоа доаѓа 8-ми април. Меѓународниот ден на Ромите. На тој ден нема поголеми патриоти од нас. Го вееме сино-зеленото знаме со црвеното тркало толку силно, како лично да сме го нацртале вчера. Држиме говори за нашата славна историја, за нашиот отпор и за нашата бесмртна култура. На тој ден секој од нас е мал Ганди, борец за слобода, визионер.
Но, тешко нас кога ќе дојде 9-ти април. Патриотизмот завршува во канта заедно со пластичните чаши од прославата. Знамето се витка и се става во подрум, веднаш до грижата на совеста.
Молчењето на јагнињата (и на НВО-секторот)
А каде се нашите „лидери“? Нашите избрани претставници, принцовите од НВО-секторот и верските поглавари?
Политичките професионалци: Тие се појавуваат точно на празниците, ја вадат својата најсјајна насмевка и делат ветувања како бонбони на свадба. Зборуваат за „интеграција“ и „иднина“, додека во главата веќе ја планираат следната транша од грантот за семинар на тема „Значењето на орото во пост-модерната“.
НВО елитата: Тие се експерти за менаџирање со проблемите, наместо за нивно решавање. Зошто би го запреле гладот, кога можат да одржат гламурозна конференција во климатизиран хотел за да дискутираат за гладот?
Верските претставници: Нè благословуваат додека одиме во џамија или црква, но нивната визија за подобра иднина најчесто завршува на прагот на верскиот објект.

Иднина на рати?
Удобно е да се биде сезонски народ. Тоа не ослободува од товарот да преземеме одговорност во текот на целата година. Зошто би барале вистински решенија за образованието, дискриминацијата или горката сиромаштија, кога можеме едноставно да преживуваме од празник до празник?
Се додека нашата политика се сведува на тоа да викаме гласно на 8-ми април, а да молчиме и да страдаме остатокот од годината, сè додека нашите верски лидери ја проповедаат само празничната моралност, а нашите НВО-а си го слават сопственото постоење – ние остануваме токму тоа: Народ на пригоди.
Светски шампиони сме во славење, но во последна лига кога треба да се дејствува. Можеби за следниот 8-ми април треба да си ветиме нешто навистина лудо.
Да бидеме Роми и на 9-ти април. Со сите проблеми што одат со тоа но и со вистинска желба конечно да ги решиме, наместо само да ги „запиеме“ на софра.

Aвтор:Фатмир М.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

 

- Reklam -

KOLUMNE