Foto- lendo AVAJA
I nevi 11-politicko partija AVAJA, avdive ikerga peseskkri avgo press konferencija ko hotel Meriot.
O Vakeripe e prezidentesko tari akaja partija rajo, Akif Kariman,potenciringa bash o ,,inkluzivnikano procesi thaj anibnaja palune lafija sar thaj transparentno komunikacijaja ka kjeda sa e valanipa e dizutnengo te śaj oven śunde numa hem sajdime”.
Amare politike nanaj te oven prekal ideologija ja palem politikano nacelishodnost, iramale bash sakoja buti ka kjerelpes lake rodlaripe thaj palo adava puterde ka kerelpes lafi, vakerga o Akif Kariman.
Kemal Sulejmanov, sar pretstavniko bash e kandidatija save ka len than ano avutne parlamentareskere alosaribe vakerga,AVAJA isi olen 80 kandidatija ko 4 alosaribnaskere kotora(3,4,5,thaj 6)thaj salde agaar ka sikavelpes jek nevi energija ano parlamenti pretstavnikonencar Roma.
Elvis Memeti,generalno sekretari e partijako, numa hem djiakanutno sovetniko ko premieri e Radjake tari Utarali Makedonija, vakerga i partija AVAJA ka dell o zoralipe te iranelpes palal ano manuśa,dikindor o dji akanutne pretstavnikoja save khuvena ko liste bash bićhalde dikhovela upraldan tari havaj so nanaj chivde o potencijali taro Romane hangoja.
Sa akava so resarela ani politicko scena amenge tani bari kriza thaj odoleske bash sa akava vakeraja DOSTA, vakerga o Elvis Memeti.
Foto-lendo AVAJA
Политичката партија АВАЈА, денес ја оддржа првата пресс конференција во хотел Мериот,Скопје. Според изјавата на претседателот на партијата г-дин,Акиф Кариман укажа „преку инклузивни процеси на донесување одлуки и транспарентни комуникациски канали, обезбедуваме гласовите на сите засегнати страни да бидат слушнати и вреднувани. Нашата партија се издвојува како вистински избор поради неколку причини, втемелени во нашата посветеност за интегритет, стручност и колективно зајакнување“, рече Кариман на првата конференција за печатот.
Нашите политики не се засноваат на идеологија или политичка нецелисходност, туку на истражувања и докази. Се потпираме на увиди и стручни анализи засновани на податоци за да го информираме донесувањето одлуки, осигурувајќи дека нашите решенија се ефективни, ефикасни и одржливи. Во политички пејзаж нарушен со поделеност и поларизација, нашата партија нуди визија за единство и соработка. Веруваме во зближување на луѓето, надминување на партиските поделби и изнаоѓање заеднички јазик во потрага по заедничкото добро. Во свет оптоварен со предизвици и неизвесност, нашата партија претставува светилник на надеж. Имаме само еден пат: пат кон прогрес – воден од интегритет, знаење и колективно зајакнување. Влеваме оптимизам и доверба во иднината, потсетувајќи ги луѓето дека позитивните промени не само што се можни, туку и на дофат“, потенцираше Кариман.
Ќемал Сулејманов, како претставник на кандидатите за пратеници, рече дека Аваја има вкупно 80 кандидати во 4 изборни единици (3, 4, 5 и 6-та) со тоа што се вложува и има потенцијал во новиот состав на парламентот да има пратеници Роми од редовите на новата политичка партија.
АВАЈА ќе биде првата ромска партија кој успеала самостојно да учествува на парламентарни избори и ако изборите се фер, ќе победиме. Доколку не се фер, очекуваме да продолжи нестабилноста во државата и резултатите нема да ја отсликаат вистинската волја на народот.
Според укажувањата на генералниот секретар Елвис Мемети,до скорешен советник на премиер во Владата на Република Северна Македонија, потечцираше дека АВАЈА на овие избори моќта ќе ја пренесе кај народот. “Како што може да видиме на предложените изборни листи од „небо” се гледа дека не е одразен, ниту пак е преставен потенцијалот на ромските гласачи. За нас тоа е криза во претставничката демократија и ДОСТА Е. Ние сакаме да го видиме ромскиот народ СЕГА на овие избори како рамноправен и слободен народ кој избира свои претставници во парламентот, наместо да чека и да се надева на некој идни индивидуални – повластени позиции,порача Мемети.
Hazri kerga: Erdan M. Fuat B.