Avdive o timi Roma Press palpalem kerga vizita ko jeri tar o Memet savo 19 dive panda naśti parunelapes ko limorija ko Butel.
E familija isilen advokati savo kerela kontakti e institucijencar te shaj posigate te lacharenpes o administrativna bukija hem te lelpes o bedeni tar o Memeti thaj te chivelpes ani phuv.
I Ćipota komplicirinelapes kana resarena ko informacie e institucie bash o Memet so si bijando thaj prijavimo ko hospitali avere sastipnaskere kniskaja, sostar tadani oleskkri daj sine tikori thaj sine ola 14 bers, aso avimi ki Makedonija tar i Srbija.
Tadani voj kana sine kamni lela sastipnaskiri kniska tar pere romeskkri phen(zlva) thaj bijanela e Memete, kana merela o Memeti anglal institicie pravgona akala bukija.
Ano akava momenti kergapes dnk upral o cachikane roditelija e Memeteskere thaj adjikerelapes paluno lafi tar i obvinitelka savi lingarela akava predmet, lakoro paluno lafi ka vakerel kana shaj te delpes o bedeni(telo) tar o Memeti thaj te parunelpes.
O jeri bicalela mesazo dji ko sa e Roma,kas isi shajipe te del olen finansisko dumo sigo te keren odova,ola akana upral olengiri bari dukh arakhlagovena thaj ki finansisko kriza sostar o Memeti sine o jek manus savo ikerela sine i egzistencija e familijakiri thaj o dat savo khedela plastikake śiśija.
Dikhen video..
Денес е 19- от ден од смртта на 19-годишниот Мемет Камбер.
Инаку Мемет почина на 24 мај во болница и се уште е во капелата на гробиштата бутел во Скопје..
Денес тимот на Рома Пресс повторно стапи во контакт со семејството на Мемет кои живеат во Општината Шуто Оризари.
Според изворите на Рома Пресс укажуваат поради тоа што Мемет немаше никаков соодветен документ и телото сеуште не може да биде предадено на вистинските биолошки родители.
Инаку случајот се комлицира одкако се дознава дека биолошката мајка на Мемет го пријави во болница како новородено бебе со позајмена здравствена книшка односно истата беше позајмена од блиска роднина(золва), биолошката мајка на Мемет во Македонија е дојдена на 14-годишна восраст(малолетна) од соседна Србија.
Семејството за овој случај веке ангажираа и адвокат, Рома Пресс стапи во контакт со М-р Шенај Османов кој укажа:
– Пред некој ден дознав од медиумите за случајот со починатиот М. К. во кој сега сум ангажиран во својство на бранител/Адвокат. Потоа, разговаравме со пратеничката Љатифе Шиковска која во детали ми објасни за што точно се работи и заедно со нејзе се договоривме доброволно да им помогнеме на семејството што поскоро да излезат од проблемот кој повеќе од две недели се протега.
Имено, јас во Петокот бев во Основното јавно обвинителство во Скопје и вложив мое полномошно потпишано од законската мајка на починатиот со цел да извршам Увид во предметот и да ја дадам одбраната за постапката која ОЈО Скопје ја започна против семејството.
РП. Како целиот случај го гледате од правен аспект?
Ш.О.- За жал од правен аспект гледано можам јасно да изјавам дека системот во скоро сите области тешко функионира, населението се среќаваат со многу проблеми и многу нерасчистени ситуации. Конкретно за случајот со семејството на починатиот М.К. многу е рано да се зборува за кривичното дело кое ќе им се става на товар и кои санкции ќе ги трпи семејството или пак каков вид на постапка ќе се води против нив сето тоа е од причини што постапката е во истражна фаза а обвинителката која го води случајот не беше достапна за да добиеме повеќе детали.
Р.П.- Кога може да се очекува одговор од надлежните институции?
Ш.О.-Во вторник повторно ќе се потрудиме случајот во целост да го расчитиме и да им ја олесниме маката на семејството со што би можеле непречено да ја спроведат процедурата за погреб на починатото лице.
Инаку Рома Пресс дознава дека за овој случај дава свој придонес пратеничката Лјатифа Шиковска, Државниот секретар во Министерство за Правда г-дин Мухамед Точи, воедно за целиот случај е информиран и МВР.
Рома Пресс будно ја следи целата состојба поврзано со случајот Мемет.
Hazri kerga: Roma Press