Blog Rig 4

Елвин Шакиров:Никој друг да не се чувствува толку беспомошно како што се чувствував јас тогаш.

РП. Како загубата на Вашата мајка Ве обликуваше како човек?

Е.Ш: Загубата на мајка ми не беше само лична трагедија — беше моментот кога детството нагло замолкна. Болката ме оттурна кон зрелост пред да бидам подготвен, но во исто време во мене засади тивка, но силна желба: никој друг да не се чувствува толку беспомошно како што се чувствував јас тогаш. Тогаш си ветив дека ќе направам сè што можам за децата да растат опкружени со мајчинска љубовта.

РП.Кога решивте дека онкологијата е Вашиот пат?

Е.Ш: Моментот кога сфатив дека немоќта е најстрашното чувство, решив дека мојот живот ќе го посветам на тоа да им дадам моќ на другите. Онкологијата не е само медицинска гранка; за мене таа е фронт на кој се бориме за секоја секунда надеж. Решив да бидам таму каде што се кршат копјата на животот и смртта, за да бидам оној кој ќе ја запали светлината во најгустата темнина и ќе ја претвори немоќта во непокор. Јас сум соборец кој одбива да ја прифати поразот сè додека постои барем една шанса за живот. A, таа шанса постои се додека пациентот дише. 

РП.Што се промени кај Вас „пред“ и „по“ 2018 година?  

Е.Ш: 2018 година е мојот „нулт час“, пресвртната точка која засекогаш го промени текот на мојот живот. „Пред“ 2018 година, бев средношколец со соништа за иднината.

По“ 2018 година, во мигот кога ја изгубив мајка ми, медицината престана да биде само опција за студирање – таа стана мој идентитет и мој единствен можен пат. Во тие моменти на најдлабока лична трагедија, јас не само што ја изгубив својата најголема поддршка, туку го открив својот вистински интегритет. Сфатив дека најстрашното чувство на светот е немоќта: да гледаш како твоето најмило си заминува, а ти како млад човек да немаш никаква моќ да го спречиш тоа. Сфатив дека животот не се мери според неговата должина, туку според светлината што ја оставаме зад нас

РП. Како болката ја претворивте во сила?

Е.Ш:Болката е сурова енергија ако не ја скротиш, ќе те уништи. Јас избрав мојата тага да ја инвестирам во туѓата радост. Секој пат кога ми беше најтешко, јас помагав некому. Таа алхемија на претворање на солзите во мотив е она што ме изгради. Денес, мојата сила не доаѓа од заборавот, туку од сеќавањето на тоа колку вреди борбата.

РП. Од каде ја црпите мотивацијата денес?

Е.Ш:Најмногу од се, ме мотивира ветувањето дадено пред себеси и пред споменот на мајка ми – дека нејзиното заминување нема да биде залудно, туку ќе биде темел за илјадници нови приказни за успех.  

РП.Како личното искуство влијае на односот со пациентите?

Е.Ш: Јас не гледам пациент, јас гледам мајка, татко, брат или сестра. Моето искуство е мојот „шесто сетило“. Тоа ми овозможува да ја препознаам нивната тишина, нивниот страв и нивната надеж. Пациентите не бараат само онколошка терапија, тие бараат сојузник. Јас сум нивниот сојузник затоа што сум бил во нивните чевли.

РП. Што значи за Вас да им помогнете на деца што поминуваат низ слична болка?

Е.Ш: ​Тоа е мојот начин на зацелување на сопствените рани. Да бидеш светлина за едно дете во неговиот најтемен тунел е најсветата должност. „Помагајќи им на нив, се навраќам кај малиот Елвин и му носам мир што тогаш му недостасувал. Во тој процес, мојот пат добива вистинска смисла.

РП. Со какви предизвици се соочивте како млад лекар?

Е.Ш: „Мојот најголем личен предизвик, а воедно и мојот најголем страв, е неизвесноста што ја носи нашиот здравствен систем. Искрено ме вознемирува помислата дека по целата лична жртва и патот поплочен со болка и желба за промена, би можел да се изгубам во лавиринтите на бирократијата барајќи работа.Стравот дека нема да најдам соодветно место во македонскиот здравствен систем е мојата најголема битка, бидејќи најмногу од сè ме плаши помислата дека овој систем може да ме принуди да заминам во друга држава. За мене, заминувањето не е само промена на адресата, туку прекинување на заветот што го дадов тука.

Не сакам мојот труд, моето знаење и пулсот на мојата мајка што го носам во моите раце, да служат на туѓ систем. Најголем предизвик ми е да останам доследен на својата мисија и да си го изборам правото да им помагам на моите луѓе, тука каде што се моите корени и каде што мојата помош е најпотребна. Одбивам да бидам само уште еден лекар кој заминал, но стравот дека системот нема да ми даде шанса да останам е мојот најголем немир.

РП.Што би им порачале на младите Роми кои сонуваат за медицина?

Е.Ш: Би им порачал никогаш да не дозволат некој друг да ги дефинира нивните граници. Медицината е тешка, но е најблагородната професија. Образованието е најмоќното оружје што го имаат. Верувајте во себе, учете напорно и знајте дека патот е тежок, но наградата – да се спаси живот – е бесценета.

РП.Како се справувате со тежината на професијата?

Е.Ш: Тежината на оваа професија е огромна, бидејќи во онкологијата секојдневно на своите раменици ја носите одговорноста за нечиј живот и надеж. Таа емотивна тежина ја амортизирам преку враќање кон природата и тишината. Прошетките на чист воздух и звуците на природата ми помагаат да ги подредам мислите и да го исчистам умот од тешките болнички ходници.​  

Но, во овој процес на „полнење на батериите“, поддршката од најблиските е незаменлива. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им изразам огромна благодарност на моите пријатели Столе  Јанев и Дарко Чачаров.

РП. Што за Вас значи да се биде успешен лекар?

Е.Ш: Успешен лекар е оној кој разбира дека лекувањето започнува од моментот кога пациентот ќе почувствува дека е слушнат и разбран. Успехот е во секој извојуван ден повеќе, во секоја ублажена болка и во секоја насмевка која се вратила таму каде што владеел очајот. Да се биде успешен значи да се изгради мост од доверба толку силен, што пациентот ќе знае дека во најтешката битка не чекори сам. На крајот на денот, успехот е мирниот сон со сознанието дека си направил се што е во човечка моќ за да спасиш нечиј цел свет.

РП.Кој момент од досегашната работа најмногу Ве допре?

Е.Ш: Постојат многу моменти кои оставаат траен белег, но еден посебен момент особено силно ме допре. Никогаш нема да ја заборавам самохраната мајка која, по тешката битка со канцерот, својата победа ја прослави со тапани и зурли. Глетката на нејзиниот триумф беше моќен потсетник дека ние не лекуваме само дијагнози — се бориме за нечии мајки, за нечии деца и за нечии иднини. Звукот на тие тапани за мене не е само музика, туку најсилна мотивација — доказ дека мојот труд значи нова шанса некој повторно да го слави животот. Тоа е суштината. Тоа е причината поради која ја избрав оваа професија.

РП. Каква промена сакате да донесете во иднина? 

Е.Ш:Мојата визија за иднината на македонската онкологија е всушност мојот најголем сон – сонувам за систем во кој ниедна мајка повеќе нема да биде принудена да моли за својата терапија. Никогаш нема да ја заборавам Вања, која со последните сили бараше лек само за да дочека уште еден роденден со своите деца; тоа е сликата што мораме да ја смениме засекогаш. Сакам да изградам онкологија каде што достоинството на пациентот е на прво место, каде лековите се секогаш достапни и каде ниту еден човек нема да биде оставен сам на себе. Не смееме да дозволиме веста дека нема лек или терапија да им паѓа на луѓето како „гром од ведро небо“, оставајќи ги во очај да се прашуваат од каде ќе најдат пари за да си го купат правото на живот. аде ниту еден човек нема да поминува часови во чекање по ходниците, бидејќи во оваа борба секоја минута е живот.

​Мојот сон вклучува и целосна системска грижа која оди подалеку од болничкиот кревет, каде што општините и државата ќе обезбедат организиран превоз за секој пациент кој оди на хемотерапија, за да не мора изнемоштените луѓе да се грижат за логистиката на своето преживување. Сакам да воведеме реални олеснувања по примерот на поразвиените земји, како укинување на сметките за во    да и комуналии за овие семејства или обезбедување директна помош во храна и финансии. Но, пред сe, се борам за онкологија која ќе биде еднакво достапна за секого – и за „тетка Дујгу“ која сиот свој живот го поминала чесно работејќи по нивите, а не само за привилегираните. Медицината не смее да биде луксуз за кој се собираат донации, туку сигурен систем кој го штити секој граѓанин.
————

Интервјуто го спроведе Севгул Абдула-Рома Прес, а наш гостин беше Елвин Шакиров, студент на општа медицина во 6-та година на Универзитетот „Гоце Делчев“ – му благодариме за издвоеното време и инспиративниот разговор, со желби за понатамошен успех.

💔 ЦИРЕ-Замина гласот на вистината, останува споменот засекогаш

Со длабока тага и болка, тимот на Рома Прес ја примивме веста дека не напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист.

Цирко, познат македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен борец за правата на ромската заедница, не напушти на 64 години.

Рамуш Муарем подолг временски период се соочувал со здравствени проблеми, а зад себе остава значајно наследство во медиумите и општествениот живот.

Загубивме силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор. Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш во нас и нашата заедница.

Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен.

💔Тим на Рома Прес
————-

Pharipnaja thaj bare dukhaja ko anav taro timi Roma Press, havlaraja o haberi taro amaro manglo kolega, zurnalisti, publicisti thaj humoristi-nakhla i dunjaja o Ramuś Muarem- Cirko.

Naśagem panda jek baro hango, manuś zoralo thaj but baro amal. Oleskoro pozitivno duho ka achol ki amende thaj nikana nane te ovel bisterdo, sakana ka ikjeratut ki amari godi so djivdinga maśkar amende jek baro heroji savo ko sakova momenti sine hazri bashi sa.

Ko amaro anav thaj sa e Romengo mangaja thaj keraja 🤲🏻 ko Allahi rodaja tuke Ðenneti- CIRE💔

Sikhlenge(ućenikoja)delape milja denarija te biknen droga ki śkola..

Sikhlenge(ucenikoja) ko berśa taro 13 dji ko 15 berśa ulavelapes olenge te biknen droga pere amalenge ko findavne śkole ko Skopjeskoro Karpoś, bash odova delapes plenge iljada denarija. Baśh akaja indicija  sa havlarimi thaj i policija, adonakaja ćipota sa ćhivdi ko lavkeribe ko konsilieri e roditelenge, sa odova havlardo thaj dikhlo taro hramibe ko akava khedipe.
Baś policijaki akcija na vakerlapes o anav e śkolako sebepi te na ćhinavelpes i buti e policija savi tani ko thavdipe.

Sar so vakernano informacie taro roditelija e ćhavorengere, kerlapes lafi jekhajek bash potikore ćhavore save avena ki akaja siklana, numa ola nane sikhlevutne(ucenikoja) tari jekajek śkola. Vakerindor prekal olengere indicie khuvena ko ćhavore save sikhlovena ko ovtoto thaj ejnato berś sikhlovipe, dendoj olenge disavi biďjanli materija aso bash odova delapes olenge milja denarija(1000 denarija).
————

На ученици на возраст од 13 до 15 години им било понудено да продаваат дрога на свои соученици во основно училиште на подрачјето на скопската општина Карпош, во замена за паричен надомест од илјада денари. За овие индиции била известена полицијата, а случајот бил разгледан и на седница на Советот на родители, произлегува од записникот во кој увид имал порталот Колегиум.мк. Поради тековна полициска постапка, редакцијата не го објавува името на училиштето.

Според информациите споделени со родителите, станува збор за повозрасни малолетници кои не се ученици во наведеното училиште, а кои, според сомневањата, злоупотребувале ученици од осмо и деветто одделение за пренесување недозволени материи во замена за паричен надомест.

Hazri kerga- Roma Press, lendo taro https://kolegium.mk/im-nudele-po-iljadarka-na-tinejdzeri-da-dilaat-droga-vo-uchilishte-vo-karpos.

КОЛУМНА-До кога тишината ќе биде погласна од неправдата?

Состојбата на Ромите во Македонија одамна не е само социјално прашање, впрочем таа е огледало на државата, на нејзините институции и на нејзината совест. Лошата економска состојба, ограничените можности за образование и вработување, како и секојдневната борба за достоинствен живот не се новост. Ново е само тоа што овие теми стануваат,,видливи” единствено кога ќе се случи некаков инцидент или настан што накратко го привлекува вниманието на јавноста и потоа се е исто.

Секоја актуелна влада без разлика на политичката боја, го третира ова прашање како еднодневна тема. Денес сме,,важни” па искористетеја до крај, ама утре повторно невидливи. Наместо системски пристап и долгорочни решенија, ние исто па исто добиваме симболични гестови и празни ветувања.
Но,најболното прашање останува-правдата.

Дали навистина живееме во држава со еднакво судство за сите? Или правдата има цена, тежина и адреса? Сведоци сме на случаи каде што за ситни прекршоци се изрекуваат големи казни, години затвор за дела што во друга околност би биле третирани поинаку, по примерот со ѕиданите пари.  Од друга страна, оние со моќ и ресурси често остануваат недопирливи, заштитени се додека не се докажува вина, тогаш каде сме ние који гласно говориме за еднаквост?

Видете, ова не е само правен проблем туку ова е длабока неправда што создава чувство на пониженост, страв и безнадежност. Кога казната не е еднаква за сите, тогаш таа престанува да биде правда и станува средство за селективно дисциплинирање.

Тогаш, каква е оваа држава? И каква е оваа правда?

Ние како Ромска заедница често слушаме дека имаме глас. Но каков е тој глас ако не смее да се засили? Ако постојано ни се кажува колку гласно смееме да зборуваме, кога да зборуваме и за што? Тоа не е слобода туку тоа е контролирана тишина.

Поговорката укажува ,,Како ќе ти свират, така ќе играш“ оваа мисла премногу долго ја дефинира нашата реалност.

Но прашањето останува: До кога?

– До кога ќе прифаќаме да бидеме тема само кога е згодно?
– До кога правдата ќе биде селективна?
– До кога нашите животи ќе бидат статистика, а не приоритет?

Време е ова прашање да престане да биде маргинално. Време е да стане централно, не само за Ромите, туку за целото општество. Затоа што држава што не обезбедува еднаков систем, правда за сите, на крајот не обезбедува правда за никого.

И на крај:,,До кога ќе стоиме на дождот без чадор”-ова не е шега, туку повик за промена.

 

Aвтор:м-р Севгул Абдула.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

КОЛУМНА- Штама од власта и од сегашните претставници на ромските партии, пред и после Рамазан и Меѓународниот ден на Ромите-8 Април

Чудно е како пред рамазанските пости и Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, социјалните мрежи беа празни, без ниту еден статус, како од властите така и од ромските претставници, така и за било каков настан или состојба на ромската заедница, која е сурово и многу тешка.

Одеднаш, со започнувањето на Рамазан, Фејсбук-профилите беа агресивно преплавени секојдневно од политичките претставници со слики од свечени седења, полни трпези и формални средби, во кои изразуваа особена чест и задоволство за присуството на ифтарските вечери организирани од властите.

И наидувам на истото со случувањата на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, каде што, исто така, особена чест и задоволство им претставува на политичките претставници и на невладините организации што биле присутни на приемите кај владините претставници или кај градоначалниците.

Повторно се гледа истите лица, со свечени седења и полни трпези, и секако полни стомаци, претставувајќи го сето тоа како колективен успех од неколкучасовни нивни задоволства, додека реалните проблеми остануваат исти не решени?

Сите досегашни власти, без разлика, а особено политичките партии од македонскиот блок, веќе 35 години го одржуваат истиот модел кон Ромите-ветувања, стратегии и симболика, користење како политички ресурс, модел пропратен со предрасуди, стереотипи и дискриминација, без приоритет на реални политики. Со тоа, оваа држава јасно покажува дека нема и никогаш нема да има сериозен став кон решавање на проблемите на оваа заедница(Ромска).

Македонија, како држава, воспостави пракса дека метлите по комуналните претпријатија и манипулациите од избори до избори се начинот за „соживот“ и интеграција на оваа заедница во општеството.

Сиромаштијата, дискриминацијата, социјалната исклученост и целосната запоставеност на ромскиот народ се приоритети за решавање и треба да бидат во прв државен план. Но, затоа и ромските политички претставници во власта треба да бидат дел од решението, а не со молкот кој е евидентно присутен во нас како и со политички калкулации и широки насмевки на протоколарните седенки и полни трпези да покажуваат задоволство.

Господ бог со нас!

Aвтор:Аксел А.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

 

Колумна -Сезонски народ: Помеѓу патриотизмот на софра и колективниот мамурлак.

Добредојдовте во вечниот циклус на ромскиот идентитет. Ако не набљудува некој отстрана, би помислил дека сме го усовршиле концептот на „баланс помеѓу животот и работата“  само што кај нас тоа е „баланс помеѓу идентитетот и настанот“.

Ние не сме народ, ние сме патувачки циркус од емоции кој се појавува точно тогаш кога во календарот има црвено заокружен датум.
Рамазанските светци и егзидусот по Бајрам
За време на Рамазан, ние сме врвот на исламската креација. Нема да најдете Ром кој одеднаш не ја открил длабочината на духовноста. Постиме, се молиме, толку сме свети што ангелите во Мека веројатно ни завидуваат.

Но, штом ќе помине Бајрам и ќе се изеде и последното парче баклава, изгледа како Бог да заминал на годишен одмор. Теписите за молитва фаќаат прашина побрзо отколку што можеш да кажеш „Амин“, а побожноста испарува како чад од шиша на ветар.
До следната година, иншалах  или барем до следната слика со бројаница на Инстаграм.

8-ми април: Раѓањето на супер патриотите
Потоа доаѓа 8-ми април. Меѓународниот ден на Ромите. На тој ден нема поголеми патриоти од нас. Го вееме сино-зеленото знаме со црвеното тркало толку силно, како лично да сме го нацртале вчера. Држиме говори за нашата славна историја, за нашиот отпор и за нашата бесмртна култура. На тој ден секој од нас е мал Ганди, борец за слобода, визионер.
Но, тешко нас кога ќе дојде 9-ти април. Патриотизмот завршува во канта заедно со пластичните чаши од прославата. Знамето се витка и се става во подрум, веднаш до грижата на совеста.
Молчењето на јагнињата (и на НВО-секторот)
А каде се нашите „лидери“? Нашите избрани претставници, принцовите од НВО-секторот и верските поглавари?
Политичките професионалци: Тие се појавуваат точно на празниците, ја вадат својата најсјајна насмевка и делат ветувања како бонбони на свадба. Зборуваат за „интеграција“ и „иднина“, додека во главата веќе ја планираат следната транша од грантот за семинар на тема „Значењето на орото во пост-модерната“.
НВО елитата: Тие се експерти за менаџирање со проблемите, наместо за нивно решавање. Зошто би го запреле гладот, кога можат да одржат гламурозна конференција во климатизиран хотел за да дискутираат за гладот?
Верските претставници: Нè благословуваат додека одиме во џамија или црква, но нивната визија за подобра иднина најчесто завршува на прагот на верскиот објект.

Иднина на рати?
Удобно е да се биде сезонски народ. Тоа не ослободува од товарот да преземеме одговорност во текот на целата година. Зошто би барале вистински решенија за образованието, дискриминацијата или горката сиромаштија, кога можеме едноставно да преживуваме од празник до празник?
Се додека нашата политика се сведува на тоа да викаме гласно на 8-ми април, а да молчиме и да страдаме остатокот од годината, сè додека нашите верски лидери ја проповедаат само празничната моралност, а нашите НВО-а си го слават сопственото постоење – ние остануваме токму тоа: Народ на пригоди.
Светски шампиони сме во славење, но во последна лига кога треба да се дејствува. Можеби за следниот 8-ми април треба да си ветиме нешто навистина лудо.
Да бидеме Роми и на 9-ти април. Со сите проблеми што одат со тоа но и со вистинска желба конечно да ги решиме, наместо само да ги „запиеме“ на софра.

Aвтор:Фатмир М.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)

 

ЗАКАНА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ? Запалено возилото на Курто Дудуш, полицијата потврди

Tomofili savo vozinelale o śerutno tari komuna Šuto Orizari, Kurto Duduś, aso tano ko anav oleskere romnake ki Fatima Osmanovska, ki rakj sine thardo thaj akava incidenti ćhivela gndipe bash mesażo sar zakana upral o śerutno.

Telal  e haingoja(izvorija), o tharibe e vordoneskkro resarga diso pallo o trin sabahesko. Naoficijalno, e kherutne kamere vakerena so sikavela e manuse sar chivela diso upral o vordon thaj palo adava tharela ole.
Akaja ćipota taro śerutno tani projavimi ki policija, inpolicija lela sa e dajatve(merke) te arakhelpes e manuśe savo kerga akava incidenti.

Akanasake nane oficijalna informacie dali kerlapes lafi bash licno zakana, numa ka dikenpes sa e aspektoja panle akale nastaneja.

O Rodlaripe thavdela pobuter informacie ko thavdipe e diveseske..

————

Автомобилот што го управува градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, а е во сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил запален ноќеска во инцидент што отвора сериозни сомнежи за можна лична закана или порака упатена кон градоначалникот.

Имено, според наши  информации, пожарот бил подметнат околу 3:30 часот по полноќ. Неофицијално, безбедносни камери регистрирале маскирано лице кое истурило запалива течност врз возилото, по што истото било опожарено.

Настанот го забележале сопствениците, а случајот е потврден и од полицијата, која истата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителите.

Засега нема официјални информации за мотивите, но се разгледуваат сите можни аспекти, вклучително и дали станува збор за директна закана кон градоначалникот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот…

Hazri kerga: Roma Press

ВЕСТ: Полиција и инспекција влегоа на плоштадот во Шуто Оризари-тргнати ситните продавачи

Screenshot

✅HABERI:Policija thaj inspekcija khuvge ko ploštad ko Šuto Orizari-cidenapes e tikore prodavacija!

Pali prijava, i Dis Skopje avdive lingarga akcija prekal komunalno inspekcija, policijaja ko plośtad e komunake Šuto Orizari. Avgo fori palo pobaro vakti te kerelpes asavki akcija te dislocirinenpes e prodavacija, vakerindor uzurpirinena trotoarija, thaj than nakjibnasko.

Akaja ćipota kerga reakcija maśkar e dizutne. Vakerena akala akcije amen dikajalen sar pritisok keribe upral amende sar majćhorolikani kategorija taro dizutne, manuśa save ko majpharo śhajipaja ikavena maro peskere familijake.

Pali tikori intervencija, i policija sa povlecimi taro akava than?
Video ko link👇👇

По пријава, Град Скопје денес спроведе акција преку комуналната инспекција на плоштадот во Шуто Оризари. За првпат во ваква акција се појави и полиција, по што беа дислоцирани ситните продавачи кои продаваа на плоштадот, со образложение дека се узурпира јавен простор.

Настанот предизвика реакции кај граѓаните. Дел од нив прашуваат дали ваквите акции претставуваат притисок врз најсиромашната категорија на граѓани, луѓе кои, како што велат, на најтежок начин се обидуваат да обезбедат парче леб за своите семејства.

По кратката интервенција, полицијата се повлече од местото?

Hazri kerga: Nedmedin A. Almir S.- Roma Press

Интервју со Јани Бојаџи(режисер)Ако сме реални, перцепцијата за ромите како примитивен народ во голема мера се должи и на тоа како тој народ е прикажуван на филм, телевизија и по медиуми

Почитувани, Наш гостин е режисерот Јани Бојаџи, режисер на актуелниот најгледан филм во Македонија „УТРЕ НАУТРО“. Во разговорот тој искрено одговара на нашите прашања поврзано за филмот, инспирацијата, соработката со глумците(роми) реакциите од публиката и за неговата визија за македонската кинематографија.

РП.Што Ве инспирираше да работите на проекти поврзани со ромската култура и заедница?

ЈБ.За жал, во случајот со ова приказна, инспирацијата беше настан, кој кога се случи, мене ме извади од памет! Се шокирав од тоа дека ние немаме ни идеа дека заштитата на послабите од нас, што е основен услов да се стекнеш со можност некој друг, посилен од тебе да те заштити кога ти ќе се најдеш во неправда. Но, многу бргу сфатив дека неправдата нема нација, раса, припадност и идеологија. Се ставив себе си на местото на тие луѓе и веднаш сфатив дека и јас сум Ром.  

РП. Кои се најголемите предизвици со кои се соочивте приснимањето со ромски актери и теми?

ЈБ. Искрено, речиси сите Роми сите со кои работев на филмот беа образовани и луѓе со искуство и знаење во уметноста на филмот и театарот. Дури и повеќе од голем дел од останатата екипа. Така, предизвикот беше како да се направи избор од добра, подобар и најдобар. Мислам дека ги избрав најдобрите.  

РП.Како ја оценувате застапеноста на Ромите во македонскатакинематографија?  

ЈБ.За жал, тоа што може да го разбереме од поимот застапеност на ромите се сведува на истиот проблем со кој се соочуваат и македонците во македонската кинематографија. Македонските филмски уметници ја открија формулата за успех преку продавање на гетото, примитивизмот, ниските страсти, социјалната немилост и негативната селекција како рецепт кој ги продава нив како автори. Тоа е. Колку сме поглупи и попрости, толку повеќе зборуваат за нас. Може до нас е проблемот, не знам, навистина немам ум зошто се случува сето ова?

РП. Колку е важно да се раскажуваат автентични ромски приказни преку филмот?

ЈБ. Многу е важно. Филмот е медиум кој сеуште има голема моќ да раскаже приказни. И реално, она што ние го поседуваме на балканот, без разлика на нација и вера е нашата автентичност. И треба да зборуваме и разскажуваме за неа.

РП. Работевте со неколку ромски актерикако го доживеавтенивниот талент и посветеност?    

ЈБ. Имав среќа со актерите, со сите. За Бајрам, за Орхан и за Дишо не сакам да зборам. Бајрам Северџан, реално погледнато меѓу целиот кастинг е име и лице кое има најголеми успеси во филмот на светско ниво. Станува збор за актер кој го има она што мене ми е најважно кај актерот – присуството, неговото човечко својство. И тоа го добив. Беше задоволство да се работи со сите. Орхан Јашаровски пак е филмски и театарски образован човек, професионалец и ентузијаст со кого е леснотија да се работи. Со Бајрам и со Орхан пак задоволството е уште поголемо затоа што покрај овој филм се стекнав со двајца нови пријатели, и тоа ми е најважно од се. Ако после проектот, тебе актерите ти станале пријатели, значи се било, речиси совршено.

РП. Имате ли намера да продолжите со проекти што гиобработуваат темите на маргинализирани заедници?

ЈБ.Не знам. Во Македонија е многу тешко да се дојде до проект. За мене тоа е посебен проблем затоа што целиот систем е поставен така да секој што не им служел на интересите на една псевдо елита, на една самозамислена уметничка аристократија и на црвената буржуазија и нивните деца, кои, реално и сега, во овој момент, додека го пишувам ова управауваат со светот на филмот и тие носат одлуки кој и што може да снима во ова земја, на ова прашање не можам да одговорам – затоа што не знам кога следен пат ќе имам проект!

РП.Какви реакции добивте од публикатаи ромска и пошироказа Вашите проекти?  

ЈБ. Мојата среќа е во тоа што јас имам своја публика. Моите проекти секогаш се гледани од публиката. Во овој случај и со ромската публика. И не е некоја мистерија зошто е тоа така. Јас не кокетирам со публиката, но се што правам е наменето за публика. За публика тука во Македонија. Моите приказни се македонски и важно ми е публиката во Македонија да се идентификува. Се друго е добро, може, но не мора.

РП. Дали мислите дека филмот може да влијае врз промената наперцепциите за Ромите во општеството?

ЈБ. Секако дека може. Ако сме реални, перцепцијата за ромите како примитивен народ во голема мера се должи и на тоа како тој народ е прикажуван на филм, телевизија и по медиуми речиси седумдесет, осумдесет години. Како и со македонците, впрочем. Македонската кинематографија примитивизмот го идентификува како производ за пазар по Европа и светот. Тоа е. Не продаваат како идиоти и простации тоа е факт. Многу пати сум прашал, зошто не се обидат да продадат во светот скапани пиперки и домати, па да видиме дали некој ќе им ги купи? Но, тоа е. Ние во Утре наутро се бавиме со други теми поврзани со нас.

РП. Како гледате на улогата на културата и уметноста во процесотна интеграција?

ЈБ. Мислам дека грешки, стигми и етикети создавани сто години, нема да се исправат преку ноќ. Културата има сила да иницира работи кои ги интегрираат луѓето во секој смисол. Уметноста, во суштина е здружување и зближување на повеќе луѓе со заедничка цел – заедничко дело кое ги идентификува сите. Но моето мислење е дека поважно, најважно, на прво место е образованието. Образованието во основа ги култивира луѓето и со тоа ги подготвува за следниот чекор на духовна надградба – творештвото, културата и уметноста! Образован човек е осознаен човек кој има потенцијал да се изрази духовно. За мене, образованието е првата, втората и третата работа. Културата и уметноста е она што произлегува од образованието.

РП. Дали планирате нов проект поврзан со ромската заедница?

ЈБ. Имам една, речиси готова приказна. Но, да не се повторувам. Ова е многу, многу неизвесна работа. Посебно, кога сум јас во прашање. Тоа е.

РП. Како гледате на развојот на младите ромски актери? Имаат лидоволно простор во домашната продукција?

ЈБ. Не. За жал. Но, ако е за утеха, шанса немаат ни младите актери македонци. Тоа е. Филмот во Македонија е привилегија на една група луѓе кои во филмот гледаат бизнис и општествена доминација.

РП. Дали имате некое посебно искуство од снимањата што би господелиле, а оставило траен впечаток?

ЈБ. Имам. Ова беше снимање кое траеше 70 денови. Ниту еден ден не се почувствував осамено. Иако, режисерското место на сет е многу осамено место, ако си опкружен со многу луѓе.  

РП. Што би им порачале на младите Роми кои сакаат да се занимаваат со филм или актерство?

ЈБ. Да се борат за улога. Да гребаат. Да настојуваат. Да одат на кастинзи. Да не се чувствуваат инфериорно. Да се покажуваат себе си и својот талент. И секако, да бидат упорни и посветени. Инаку, ова, ако од страна изгледа како фенси работа, во суштина е тешка и мачна професија. Актерството, посебно на филм е аргатска работа. Тие што ќе го прифатат ова во позитивен и творечки смисол, ќе успеат. Им посакува среќа на сите.

Интервјуто го реализираше Севгул А.- Рома Прес.

1200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми – засилена поддршка за инклузивно образование

Zorakeribnaja i edukacija ko Roma zorakeraja o takati e khedinako, numa thaj olakiri rolja.
odova sebepi o Ministeriumi bash edukacija thaj nauka fokusirinipe ko implementiribe e dajatve taro Strategija bash inkluzija e Romengiri, save tane ko amaro vastalipe, mangipnaja te kjera pozorali edukacija, jekajekipe maskar e kedina thaj socijalnikano nijamalipe.

Akava vakerga rastrakoro sekretari ko Ministeriumi bash Obrazovanie thaj nauka i rajni Elena Ivanovska, ko avdisutni beshipe ki radji kerindor lafi bash i Strategija thaj inkluzija e Romengiri 2022-2030. Prekal zorakeripe i edukacijaki programa resargem dji ko 1200 stipendie bash maskarutne sikhlovne, sar thaj 150 bash uće (studentoja)edukacijako ďjandipe konjek bers.

Ko akava khedipe lele than pobuter ministeriumija, EU pretstavnikoja, ambasadorija sar thaj enďio sektori.
———-

Со јакнење на образованието на Ромите ја јакнеме силата на заедницата, а со тоа и нејзината општествена улога. Затоа Министерството за образование и наука е силно фокусирано на имплементација на одредбите од Стратегијата за инклузија на Ромите, кои се во наша институционална надлежност, со цел обезбедување поквалитетно образование и придонес кон општествена еднаквост и социјална правда.

Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, на презентацијата на Нацрт-извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, која денес се одржа во Владата.

Ивановска посочи дека во изминатиот период Министерството вложило сериозни напори за зголемување на опфатот на ученици Роми во основното, средното и високото образование, за намалување на осипувањето, за зголемување на стапката на задржување и транзиција од едно образовно ниво во друго, како и за создавање поинклузивна училишна средина. Преку континуирано зголемување на финансиската поддршка во форма на стипендии, стигнавме до бројка од 1.200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми на годишно ниво. Поддршка е и тоа што средношколците Роми можат да се запишат во посакуваната струка дури и ако имаат до 10% помалку поени од предвидените во конкурсот за упис во средно образование“, рече Ивановска, додавајќи дека туторството веќе е законски регулирано и дека бројот на ромски образовни медијатори во основното образование е зголемен на 50, а за првпат годинава се ангажирани и 35 медијатори во средните училишта.

Повеќе институции работеа и на зајакнување на системот на неформално образование, кој го промовира концептот на доживотно учење како формула за континуиран успех. Овој пристап го прифатија голем број припадници на ромската етничка заедница, со што стануваат повидливи и поконкурентни на пазарот на труд.

Државниот секретар посочи дека се решени и повеќе случаи кои се водеа како обиди за дискриминација и сегрегација на ученици Роми. Преку координиран пристап се зајакнува и свеста за негативните последици од ваквите појави, како и за позитивните ефекти од градење единство и заеднички живот.

Извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите е исклучително важен и ќе ни помогне објективно да ги согледаме постигнувањата, да ги идентификуваме предизвиците и да ги насочиме идните активности врз основа на докази и препораки. Тој е добра алатка за подобрување на инклузивните политики, за унапредување на координацијата меѓу институциите, за поголема меѓународна поддршка и уште посилна политичка волја за развој на одржливи решенија за интеграција на Ромите во сите општествени сегменти, додаде Ивановска.

На настанот се обратија повеќе министри, шведскиот амбасадор н.е. Ола Солстром, претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Обединетите нации и граѓански организации.

Hazri kerga: Nedmedin A.-Roma Press

- Reklam -

KOLUMNE