ДСР на прием и честитање кај новиот Реис ул Улема Шаќир Ефенди Фетаху

2890

DSR-Avdive ani amalikani vizita selaminkerge o anavkeribe tar nevo Reis ul Ulema Efebni Šakir Fetahu sar jekto manuš ano IVZ.

Delegacija tar Demokratikane takatija e Romengere tar Makedonija lingarde tar d-r Saban Saliu ko anav e partijake bahtarge o than e efendijaske Fetahu sar vastaluno ani Islamsko Pakavibnaske Khedin.

Новиот Реис ул Улема Шаќир Ефенди Фетаху денес во многу пријателска атмосфера беше домакин на делегацијата на Демократските сили на Ромите, предводена од д-р Шабан Салиу, кој во име на оваа партија му го честита изборот за претседател на Исламската верска Заедница. Претставникот од тарикатската заедница во Македонија Шеих Нијази Ефенди Сербез на Реис Ефенди Фетаху упати молитва до возвишениот Аллах да му даде сила да биде како омар Р.А, силен и праведен кон сите муслимани во Република Северна Македонија.

На средбата се дискутираше за актуелната состојба во исламската заедница во земјава и беше истакнато дека се очекува, во програмата на исламската заедница и Ромите да бидат опфатени во однос на изградба на верски објекти како што се џамија и текии, и да бидат дел од меџлис.
Реис ул Улема Шаќир Ефенди Фетаху се забалгодари на искрените пријателски честитки и истакна дека тој се чувствува и како Ромски исламски старешина.

Hazri kerga: Roma Press pal resardo havlaribe đji ko inboh tar Roma Press.