СУГС-Шаип Јусуф ,,ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ХЕМИСКИ И ФИЗИЧКИ ИСПИТУВАЊА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ”..

1106

На крајот од оваа година, можеме да се пофалиме со една од најубавите лаборатории од средните училишта во нашата држава. Лабораторијата располага со современи нагледни средства и помагала од областа на хемијата, физиката, биологијата, како и со современи заштитни средства при работа. Опремена според најсовремените стандарди и прилагодена за потребите на наставната програма пред се на учениците од медицинската струка, а покрај нив и за потребите на градежната струка (по наставен предмет физика), но и за потребите на предметите од природните науки за другите профили.

На нашите ученици им посакуваме многу истражувања, проекти и остварени соработки.
Кабинетската настава, вештините и знаењата на нашите ученици се наш приоритет!
Благодарение до Градот Скопје и до МОН за несебичната соработка и поддршка за развој.

Рома Пресс – Шаип Јусуф