AVAJA- Avdive ikerga press konferencija bash o lende rezultatoja ko nakhle alosaribe 2024

1047

I Politikani partija AVAJA, avdive ikerga press konferencija thaj brifing anhlal o zurnalistija bash o nakhle alosaribe 2024.
AVAJA kerla buti salde bash o interes e Romane khedinake thaj tani ano sukar drumo te pashakerel sa o romano elektorati,konstatirinela o presidenti akale partijako o Akif Kariman thaj o sekretari Elvis Memeti.

Anglal o zurnalistoja vakerena, ano akala alosaribe i AVAJA lela than ano alosaribe kokorik naikeromale taro khoni, sa sebepeja te sikavelpes o kolektivnikano anglal dajbe, vakergano Elvis Memeti.
Kariman,maj but kjerga lafi bash o rezultayija alosaribnasko thaj sikavga hoshipe taro odova so ano olengoro konto khuvge 2909 hangoja, thaj okolencar save sa nagenjimale(nevazecka)1250 hangoja, sostar sar so vakerela olende dikhovela sa so si rotirimo o numero 10 thaj na o avera bare partije save kerge baro kinibe e romengere hangoja, vakerga o Kariman.

Политичката партија Аваја денес оддржа пресс конференција на која укажа дека партијата АВАЈА докажа дека работи исклучиво во интерес на ромската заедница и е на добар пат да го обедини ромскиот електорат,констатираа претседателот на партијата Акиф Кариман и генералниот секретар, Елвис Мемети.
Имено, пред новинарите укажаа дека на овие избори настапиле самостојно и независно во служба на ромскиот народ заради една единствена причина – постигнување колективен напредок. „Аваја одговори на барањата на заедницата, го преземавме ризикот, ја следевме подготвеноста на заедницатa и понудивме избор кој што направи разлика и постави поинаков стандард на политичка борба во интерес на нашиот народ“, рече Мемети.

Кариман, осврнувајќи се на статистичките резултати, наведе дека иако партијата се регистрира две недели непосредно пред изборите и за неполн период од еден месец на дејствување, освои 2909 гласа. Бројот на неважечки ливчиња, според официјалните записници, изнесува 1.250 гласови, затоа што на нив е заокружено за кандидат од некоја од поголемите партии (од кој бил даден поткуп) и заокружен бројот 10, вели Кариман.
За разлика од поголемите политички партии кои што овие избори ги оценуваат како мирни и демократски, повикувајќи се на генералната слика, за нас и овие избори покажаа дека натпреварот со поголемите партии е невозможен, бидејќи овие партии се фокусираа на најранливата категорија каде што живеат најранливите групации и ромскиот народ и тие беа се, само не и демократски. Нивото на политичка зрелост и култура во нашата земја, се уште, е на незадоволително ниво за да може да кажеме дека живееме во напредна демократија во која борбата е на ниво на идеи и визија за иднината. Овие избори го потврдија тоа и за жал старите пракси на манипулација, корупција и поткуп на гласачи ја нормализираа. Имено како што кажав поголемите политички партии, манипулацијата, корупцијата и поткупот кај нашите маала, го доведоа до ниво на општа пракса и култура“,рече Мемети.
Не беше лесно, но сме сигурни дека после овие резултати: поголемите политички партии ќе подразмислат внатре со кого коалицираат од ромските партии, но и ќе го препознаат квалитетот и надежта која ја гледа ромската заедница во нас. Исто така и ромските политички партии ќе подразмислат што и како преговараат и во чиј интерес го прават тоа. Дали е тоа само личен партиски интерес или во интерес на заедницата и колективот?, велат од Аваја.

За на крај претставниците на АВАЈА ѓи презентираа и постигнати резултати одделно од секоја изборна единица.

Hazri kerga: Roma Press- Press AVAJA