AVAJA – ka del finansijako dumo bašo tharde khera ano Šuto Orizari..

942

Аваја жали и сочувствува со опожарените семејства, особено со семејството на загинатите дечиња. АВАЈА ќе даде финансиска поддршка на семејствата во вкупен износ од 2500 УСД. Државата има обврска финансиски да им помогне на семејствата да ги обноват своите живеалиште или да помогне во алтернативно домување, меѓутоа и ние како заедница во рамки на нашите финансиски можности треба да им помогнеме на нашите браќа и сестри во вакви ситуации.

Овој настан треба да не’ освести нас, а пред се државата и институциите. Сето ова е акумулиран проблем во изминативе 30 години каде што државата не успеала да го реши прашањето за домување на Ромите, но и инертноста на сите институции да го игнорираат овој проблем и да се заложат за решавање на ова прашање.

Државата во изминатите 30 години не презела суштински инвестиции во домувањето и инфраструктурата на Ромите. Колку за пример податоците од социјалното мапирање говорат дека 30% од ромските домови во државата не се легализирани и тоа се должи пред се поради тоа што ромските населби не се вклучени во генералните урбанистички планови или пак немаат детални урбанистички планови. Од истото истражување 53% изјавиле дека имаат влага во домовите и тука е јасно дека голем број од Ромите имаат проблеми со респираторниот систем, кое што поради лошото домување имаме намален животен век кај Ромите. Доколку се погледнат податоците од Државниот Завод за Статистика за бројот на умрени лица според годишна возраст може да се забележи дека 44% од Ромите умираат на возраст од 45-64 години што индиректно значи дека 44% од Ромите не можат да дочекаат старосна пензија.

Од аспект на пристап до основни услови за живот, 10% од Ромите изјавиле дека немаат вода за пиење, додека 12% немаат пристап до асфалтиран пат. Воедно голем број на луѓе немаат пристап до електрична енергија и поради тоа имаме диви приклучоци. Внатре во одредени населби како што се во Шуто Оризари, Куманово, Битола, Прилеп, Гостивар, Тетово, Кочани и останатите ромски населби кои што немаат атмосферска канализација при што куќите често се поплавени, додека пак голем број на куќи се импровизирани, со слаба градба каде што постојат ризици од лизгање на земјиштето и слично.

Меѓу другото во јавноста се отвори дискусија за новиот закон за легализација на бесправно изградените куќи при што ние го прочитавме законот и имаме неколку забелешки и истите се однесуваат дека не може да имаме легализација без урбанизација на Ромските населби. Новиот закон член 27 укажува дека доколку советот на општината донесе негативно решение за одредени куќи на истите им престои ризик од иселување рушење на куќите или принудно иселување при што не е одредено алтернативно решение за обезбедување на адекватно домување.

Од тука повикуваме на одговорност на државата, сегашната влада но и до сите наредни влади прашањето на домувањето и инфраструктурата во Ромските населби да се издигне на највисоко ниво со нивните програми и приоритети, како и да го преиспитаат и новиот закон за легализација.

Roma Press- Havlaribe tar AVAJA