Dikhipe maśkar o Presidenti Talat Đaferi thaj Ambasadorka Kejt Mari Brnz..

1592

Presidenti tar Khedipe e Republika Utarale Makedonijatar Talat Đaferi, avdive ano poro kabineti sine ki vizita ambasadorka tar Unime Amerikake raśtre ki Republika Utarali Makedonija i rajni Kejt Mari Brnz pere popaśe butikerutnencar.

O Presidenti Khedipnasko Talat Đafer denga informacija baš e pobare prieoritetija tar olesko buti keripe thaj i bari mangin tar dejbe dumo e Makedonija so delala i them Amerika, dengala info sar i Makedonija arakelapes e nasvalipnaja Korona, ekonomska merke sar thaj o prioritetna valanipe baš resipe đji đjenipe ano Evropake Unija.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет, ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз со нејзини соработници.
На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност за поддршката што американската амбасада и САД и ја даваат на Република Северна Македонија, при што истакна дека за нас е од суштинско значење задржаниот фокус на Соединетите Американски Држави кон нашата земја и регионот во целина.
Претседателот Џафери ја информираше амбасадорката Брнз за очекуваното ангажирање на новата Влада во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување.
Амбасадорката Брнз му честиташе на претседателот Џафери за успешно спроведените парламентарни избори, за формирањето на институциите и за неговиот реизбор на функцијата претседател на законодавниот дом. Таа истакна дека, Република Северна Македонија има постигнато значаен напредок за кус период, особено на полето на евроатланската интеграција. Нејзината Екселенција рече дека од клучно значење е во Собранието да се формира што поширока поддршка за реализација на стратешките цели, особено од аспект на НАТО и членството во Европската Унија.

Roma Press- Sobranie na R.S.M.