Avdive mukhelapes ko vastakeripe o nevo Policijako kotor ani komuna Šuto Orizari-Video

1333

По уредување на имотно-правните односи од страна на Општина Шуто Оризари и во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска, после триесет години за прв пат се пушти во употреба новото полициско одделение. По предавање на рапортот на Министерот Оливер Спасовски од страна на Командирот на Полициското Одделение г-ин Ќиро Грнчарски, Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на Министерот Спасовски  го разгледаа новиот објект и одржаа состанок со раководството на полициското одделение.

По упатувањето кон Општината, Министерот Оливер Спасовски одржа најпрво состанок со Градоначалникот Курто Дудуш, а потоа со ЗПВРМ и со Советот на општината и Советот за превенција при општина Шуто Оризари.Седница со Општинскиот Советот и со Советот за превенција на Општина Шуто Оризари, на кој присуствуваше и Министерот за внатрешни работи Спасовски и Градоначалникот К. Дудуш, ја отвори Претседателот на Советот г-ѓа Фатима Османовска.

Министерот Спасовски во своето излагање истакна дека обврска на државата е да создаде услови за безбедна средина.

,, Врската меѓу граѓаните и полицијата долго време беше раскината, со што се јави недоверба кон институциите. Повеќе пати сум бил во Шуто Оризари, но сега се чувствува промена во повеќе области, со што се создава слика за модерна  и урбана Општина. МВР инвестираше повеќе од 2 милиони денари за овој објект, бидејќи превенцијата е важна за граѓаните. Сега треба да мотивираме млади луѓе, кои ги исполнуваат условите да се грижат за безбедноста во својата заедница, истакна Министерот О. Спасовски.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ја искажа својата благодарност до советниците, невладините организации и сите останати чинители на општеството. Тој во своето излагање напомена: ,, Ова е историски чин за време на мојот мандат, за шест месеци стигнавме до реализација на овој проект со поддршка на Општината. Точно е дека се чувствуваат промените, но мозаикот треба уште да го составуваме и тоа сите заедно”.

Avdive ki komuna Šuto Orizari Historijako momenti, mukhelapes pali 30 berša te ovel oddelenie policijakere bukarnensar andre ki komuna Šuto Oriyari te ikeren o arakhipe e dišutnengoro.  Bašh akava nevo putribe akale polijake kotoreske  resla vi o Ministeri bašh Andrune buka Oliver Spasovski thaj o šerutno e komunakoro Kurto Duduš.

Puterdo sine o avuibe mukhlo sa e dizutnenge  maškar kolende lele than thaj Birađjakere organiyacie, politikake prestavnikoja, aktivistija thaj žurnalistoja.

Amen sar timi Roma Press daja tumen o jekta  videa insertija save sijne amen šajdipa maškar o jekta medije te resare đji olende dikhen o Video…

 

Hazri kerga: Neđmedin A, Erđan M.-Roma Press