Đejlan Ramovik ikherga o jekto than ko 13 finale thar Čerenja kothar o grand..

791

Младата Џејла Рамовиќ, чии ментор беше мегапопуларната пејачка Марија Шерифовиќ е победничка на големото финале на 13 сезона на  музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд.

Во  финалната вечер на Гранд беше применет евровизискиот систем на гласање, а бодовите ги делеа  познати пејачи од целиот регион, меѓу кои беа Елена Ристевска , Тамара Тодевска, Милица Тодоровиќ, Неда Украден, Жељко Васиќ и други.

Второто место во годинешните Ѕвезди на Гранд го освои Милица Чикариќ, а трето пласиран е Санел Смоло.Меѓу 16 финалисти , Македонија имаше четири претставници и тоа Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски,Филип Пецовски и Дарко Коцевски Даринос.

Победничката Џејла Рамовиќ како награда за победата доби автомобил Шкода Рапид, снимање на песна и спот за Гранд продукција и можност за настап на музички фестивал.

Hazri kerga: Roma Press