Danela Arsovska vakerga poro stavi e avdisutne akcijaja ko Šuto Orizari..

271

Šerutni tari Dis Skopje, Danela Arsovska,vakerga bashno Šerutno Kurto Duduś, ka ovelle palunipe bash 7 bangivale kotora sostar ov trujnela e dizutnen taro Skopje e diva deponijencar.

Avdive ko tereni ale o inspektprija tari dis Skopje, telal asistencija e policijaki konstatiringe bangivale kotora taro kancerogena materije, bicavdo ko havlaribe tari Arsovska.

Teleder daja tumen shajipe te drabaren o sahno vahtavi tari Arsovska👇👇

Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните на Скопје и Шуто Оризари, ќе одговара за 7 кривични дела без разлика на драмите што се обидува да ги продаде во јавност!!!

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривичните дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, со што Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните на градот Скопје.

На овие кривични пријави им претходи кривична пријава за дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, која Курто Дудуш ја прави на лично свое приватно земјиште за што сам со себе во име на општината си склучил договор, а за што е фатен изречена е глоба и веќе е покрената пријава за соодветна одговорност.

Јавноста треба да знае дека Комунална Хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш и за контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината, друг не може да биде одговорен.

До овој момент против градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Хаосот на Дудуш во Шуто Оризари настанат поради неговата неспособност и лукративни интереси, ќе го средиме за да се спречи загрозувањето на здравјето на жителите од општината, а ќе одиме до крај за целосно расчистување на случајот за Дудуш, криминогениот трујач на Скопјани да ја добие заслужената казна за делата за кои е утврдено одговорен.

Roma Press- Dis Skopje