Duje berśengi ćaj tasavdili ano tikno pani ano paśipe ko Gradsko. O jerije e ćhavengere, save thanarde tar Komuna Śuto Orizari aso araklagovena ano Dolno Ćićevo bukhaja khedena draka.
Двегодишно дете вчеравечер се удавило во близина на Градско. Родителите на детето, кои биле од скопската населба Шуто Оризари, престојувале во Долно Чичево заради берба на грозје.
На 3 септември околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано Рамниште, атар на село Долно Чичево, Општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населбата Шуто Оризари, Скопје. Лекар од Градско констатирал смрт без траги на насилство, рече Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.
Roma Press- lendo tar kurir.mk