I Pratenička Ljatifa Šikovska ano poro fb profili iklile havlaribnaja thaj vakeribnaja baš realiziribe e proektoja save preperena tar o pervazija(ramke) Instrumento baš anglalthavdipe e arkako tar IPA 2 savo proekto lingardo tar i Rađi Makedonijaki thaj i Delegacija tar Evropaki Unija.
Sar so vakerlapes ano lakoro buvlo vakeripe kerlapes lafi baš śtar grantoja ko lovengo ikheripe tar 3,2 milionija evroja save ka harđingoven ano dizja Prilep- Trizla,Bitola- Bairo, thaj ano romane mahale ko Štip, Berovo thaj ano Kičevo. O love ka harđingove ki umal baš edukacija, sastipnasko reguliripe, bukarbipasko jekhajekipe, sar thaj legaliziribe ano sa e dozja buter romane kherengo, vakerla pratenička Ljatifa Šikovska.
Наскоро ќе започне реализација на проектите во рамките на Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2, кој Владата го спроведува со поддршка од Делегацијата на Европската Унија.
„Станува збор за четири грантови во вкупна вредност од околу 3,2 милиони евра за период од 3 години во општините Прилеп – во населбата Тризла, во Битола – во населбата Баир, во ромските маала во општините Штип и Берово, и во општина Кичево“,
Проектите ќе овозможат подобрување на социо-економската инклузија на Ромите со подобар пристап до јавните образовни, здравствени услуги и пристап на пазарот на труд.
„Со проектот во Прилеп, во населбата Трисла ќе се легализираат куќите на 700 ромски домаќинства, ќе се легализираат имотите на 5.000 Роми во населбата Баир во Битола, во Штип ќе се легализираат 1.027 куќи и 40 куќи во Берово. Се опфаќа и изградба на нови живеалишта, во Штип 50 куќи, во Кичево 30 станови, а истовремено ќе има реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово“, рече министерката Шахпаска и додаде дека во делот на образованието, со програмата туторство после училиште, ќе бидат поддржани 200 ученици Роми, а ќе се работи и на зголемување на вработувањето на 150 Роми, преку различни програми за вработување.
Заложбите за уште поголема Инклузивност на Ромите нема да запрат.
Roma Press- fb Ljatifa Ś.