РОМСКО ЧУДО !!!!!!

4784
Јаше Сефер

Актуелноста на одредени настани и состојби кои изминатиов период се случуваат во нашата држава очигледно за мене беше можност да го запознам “РОМСКОТО ЧУДО“.

А што е тоа?

-Нормална е загриженоста за иднината на државата во која живееме и опстојуваме со поколенија, нормално е и ние Ромите како дел од минатото, сегашноста и иднината на оваа држава да сакаме да сме дел или фактор од “успешниот татковински мозаик“, НО драги мои Роми кажете ми кој нас не третира како дел од овој процес, кој нас не прашува за мислење макар. Барем јас сеуште не сум бил сведок на ниту еден медиумски настан макар некој момент во кој гостин е и Ром интелектуалец или функционер кој ќе даде свое мислење во однос на системските процеси и актуелните случувања во државата, па на таков начин да се види дека сме “живи“ и постоиме. Е сега јасно е дека не сме фактор кој може да влијае на ова, но јасна е и вистината дека сме лојален народ кој никогаш со своите барања ниту со помисла не и на наштетивме на мнозинската заедница и секогаш како порано така и сега ќе го почитуваме нивното право на самоизјаснување и определување и ќе живееме во држава со име кои тие ќе го определат, а не ние. Ама, кој ти го цени ова!!!!!

Сигурно ова не е ни чудо не е ни ново, а што тогаш е чудото????

РОМСКОТО ЧУДО е никој за ништо да не не прашува сами си кажуваме за нешто што никој ниту го бара ниту го очекува од нас. Нашите драги ромски фунционери од власта даваат свои мислења за нешто за кое никој не го бара тоа од нив, загрижени за иднината на државата, а нашата ромска сегашност каде е????  – ги нема да реагираат за уписите во средните училишта каде не се запазува афирмативната мерка за намалени 10% критериуми (бодови), посебно во медицинското училиште Панче Караѓозов,  ги нема да реагираат за неисплатата на стипендиите за средношколците Роми кои веќе и ја завршија учебната година, а сеуште немаат добиено стипендија, ги нема да реагираат за немилите настани кои се случуваат врз нашата заедница пукаат на млади Роми и не казат со автобуси сред бел ден.

Листата за тоа за што треба да дадат свое мислење и реакција е голема и очигледно наместо колумна КНИГА би се напишало, но едно е јасно – ПОПРВО ЗА СЛУЧУВАЊА ВО ПЛАНЕТАТА МАРС РОМ ЌЕ РЕАГИРА ОТКОЛКУ ВО ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА е тоа ти е РОМСКО ЧУДО!!!!!

Автор:

Јаше Сефер, дипломиран економист