ЈСП информираше дека ќе биде изменет режимот на линиите 19 и 20 поради реконструкција на улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари.
Ве информираме дека утре, сабота (17.08.2019 год), поради изведување градежни работи улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари од 22 часот до 5 часот во недела (18.08.2019 год) ќе биде затворена за сообраќај, а во посочениот период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот.
Автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), па по булевар „Босна и Херцеговина“, преку улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ ќе сообраќаат до терминалот во Шуто Оризари.
По оваа траса, линија 20 ќе сообраќа во двете насоки.
Автобусите на линија 19 во правец кон Шуто Оризари ќе возат до кружниот тек во Топанско поле, па по улица „Лазар Трповски“, булеварите „Босна и Херцеговина“, „Македонско косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ до Топанско поле-Треска.
Кон Центар, линија 19 ќе сообраќа по вообичаената траса, стои во информацијата на ЈСП.