Ikhergapes o havlardo protesti telal organiziripe tar VMRO DPMNE

900

Anglal i binal tar Diklo došakerdo erat tar 18:15 o ari tavdinga o havlardo protesti telal vastakeripe tar VMRO DPMNE. Akarde sas sa đene thaj simpatizerija e partijake thaj o tavdipe e piribnasko tavdinga tar o kej e Vardaresko thaj odova đi ko Vrhovnikano adelati.

Sar so vakerena e organizatorija tar akava protesti o celho tano te iklolpes ano drom.thaj te vakdrelpes o na hakajipe tar adelatibe, thaj odoleske tano jek došalo manuš o Zoran Z.vakerga anglal o khedimale dizutne o Presidenti tar VMRO DOMNE – Hristijan Mickovski.

Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот почна протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Поддржувачите на оваа партија и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд. Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.  Зоран Заев е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија, обвини Мицкоски. Заев, како што рече, е и трговец со виталните органи на нашата Македонија и правдоубиец. Според него, главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Рускоска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како, што рече, и неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат.

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда“, „Македонија“, пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен“.

Roma Press lendo linko www: 24.mk