Vahtavi (izjava)tar Premieri e themako Makedonijako Zoran Zaev bahtarin baš o 5- to Novembro dive e Romane ćhibjako. Ano teluno linko ulavhem tumenge i video izjava tar Premieri bičaldo tar i Rađi( Vlada) e Makedonijaki.
Почитувани граѓани на ромската заедница, почитувани граѓани на Република Северна Македонија – Нека ни е честит меѓународниот ден на ромскиот јазик.
Славењето на толеранцијата и почитувањето и поттикнувањето на културната разноличност, за нас во Република Северна Македонија претставува признавање и почитување на разноличностите во нашата држава низ историјата до денес, и во иднина.
Кога УНЕСКО го прогласи 5 ноември како Светски ден на ромскиот јазик во 2015 година, ни даде уште една причина повеќе да ги славиме и чуваме ромскиот јазик и култура, за да ја препознаеме важноста и еднаквоста на сите јазици.
Ромскиот јазик е официјален јазик на сите Роми во светот, збогатен со историски процеси на миграции и широк спектар на влијанија.
Признавањето на важноста на ромскиот јазик, во исто време, треба да биде дел од пошироките напори и акции за спречување на сите форми на дискриминација, како и за поддршка на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата заедница.
Во одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, сите ние застануваме со ромскиот народ и ја славиме културата на Ромите како дел од богатството на целото човештво.
Клучна улога во овие процеси има образованието за да обезбеди можности за учење на историјата и културата на различностите во сопственото и во другите општества.
Во таа насока е и публикувањето на Граматиката на современиот ромски јазик која има за цел да придонесе и во стандардизацијата на литературниот ромски јазик.
Припадниците на Ромската заедница од Република Северна Македонија имаа пресудна улога во официјализирањето на ромскиот јазик во мапата на јазиците на народите на светот со иницијативата и со делото на професорот Јусуф Шаип. Тој го посвети целиот живот на стандардизација на ромскиот јазик и за негово вклучување во образованието.
Во духот на зачувување на ромскиот јазик, со финансиска поддршка на Владата на Република Северна Македонија, во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир.
Македонско-ромскиот речник содржи повеќе од 10.000 зборови .
Денес, кога го одбележуваме славењето на ромскиот јазик на тоа треба да гледаме и како потреба и да се креираат позитивни приказни за едно инклузивно општество еднакво за сите и за иднината“.
https://vlada.mk/node/23064
Hazri kerga: Roma Press – lendo linko Vlada R.S.M