MAKEDONIJAROMA KI MK ВМРО-ДПМНЕ: МВР крие детали од јавноста за случајот во Шуто Оризари

1885

Состојбата во МВР целосно е надвор од контрола, а доказ за тоа е инцидентот во Шуто Оризари. Од јавноста се кријат и премолчуваат детали за учесниците и нивните мотиви, со што се отвора сомнеж дека повторно пресудна во целиот случај ќе биде политиката, а не правото, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Смешните и паушални објаснувања на Оливер Спасовски се трагедија сами по себе. Прашањата што ја интересираат јавноста се следни: Дали напаѓачите врз полициските службеници биле исто така полициски службеници. Дали е точно дека меѓу приведените има полициски службеници од Шестата управа? Дали тие се легитимирале, односно дали службено постапувале или, како пак што милува Оливер Спасовски да каже, само приватно? Што барале таму нападнатите полициски службеници во возило без регистарски таблички? Дали е пронајдено нешто во тоа возилото? Зошто сите овие информации се кријат од јавноста и од жителите во Шуто Оризари? Зошто, наместо полицијата да се бори против криминалот, оружјето го насочува меѓу себе?“, рече тој.

Превземено од макфакс