Ministeri Muzafer B. Ano dikhipe e šerutneja tar i diz Strumica Kosta J.

690

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Музафер Бајрам на ден 16.08.2019 година оствари работна средба со градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Коста Јаневски.

Во рамки на средбата беа дискутирани проблемите со кои се соочува ромската заедница во оваа општина како и можностите за понатамошна заедничка соработка.

Министерот Бајрам потенцираше дека приоритет на неговата работа е домување и обезбедување на соодветни услови за живот додека пак Градоначалникот Јаневски информираше за тековни активности кои општината го спроведува во насока на подобрување на положбата на ромската заедница.

На крајот на средбата и двајцата соговорници ја поздравија заедничката заложба на Владата и Единиците на локалната самоуправа во насока на имплементацијата на Локалните акциски планови за Роми.

Roma Press