Ministeriumi baš andrune buka phanle lafeja baš pere organizacijake valanipa, sar thaj ikheribnaja tar kanonija andrune bukenge thaj i policija avdive havlarena diklo oglasi baś kuvipe 600 izvrśitelija baś o bukarno than – policajco.
O oglasi mukhlo e neve bukarne policajcija te ovelen śajipe te kiven ano 15 edinice- ano MVR.
Министерството за внатрешни работи согласно своите организациони потреби, како и согласно одредбите од Законите за внатрешни работи и за полиција и подзаконските акти денес објави јавен оглас за прием на 600 извршители за работното место – полицаец.
За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место – полицаец, за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1. Сектор за внатрешни работи Скопје – 100 извршители
2. Сектор за внатрешни работи Струмица -50 извршители
3. Сектор за внатрешни работи Охрид- 50 извршители
4. Сектор за внатрешни работи Битола -50 извршители
5. Сектор за внатрешни работи Тетово -30 извршители
6. Сектор за внатрешни работи Велес -30 извршители
7. Сектор за внатрешни работи Штип -30 извршители
8. Сектор за внатрешни работи Куманово- 50 извршители
9. Регионален центар за гранични работи Север — 50 извршители
10. Регионален центар за гранични работи Запад – 30 извршители
11. Регионален центар за гранични работи Југ – 30 извршители
12. Регионален центар за гранични работи Исток – 20 извршители
13. Оддел за заштита на определени личности и објекти -30 извршители
14. Единица за брзо распоредување – 30 извршители
15. Единица за специјални задачи – 20 извршители.
Roma Pres- lendo MVR