Paluni berśeskiri izjava tar Presidenti parlamentaresko Talat Đaferi..

364

Avdive o Presidenti parlamentaresko ani them Makedonija denga i paluni beršeskiri izjava anglal o zurnalistija bićhaldi đi sa e dizutne e themakere Makedonija.
Teleder daja tumen śajipe te drabaren i izjava ani Makedo ikani čhib.

Денес ве поканив на давањето на оваа моја завршна годишна изјава која секако преку вас ќе стигне и до нашите почитувани граѓани а и до сите кои се заинтересирани за работењето и степенот на функционалност и исполнителност на законодавниот дом.
За жал, и оваа година бевме принудени да функционираме следејќи ги протоколите за заштита од КОВИД – 19, што се разбира наметна одредени измени во секојдневното работење на законодавниот дом. Покрај тоа, константно имавме отсуства на пратеници поради заболување со вирусот.
Комисиски и пленарните седници, како што знаете, се одвиваа без Ваше присуство што беше хендикеп и за Вас и за нас, меѓутоа, тоа го налагаа здравствените протоколи, Настојувавме да нема други настани,собири, на кои би имало поголема група луѓе во затворен простор. И понатака продолживме пленарните седници да ги држиме во Големата сала на Собранието, попозната како Купола, што од друга страна наметнуваше малку поедноставен начин на гласање и пребројување на гласовите на пратениците. – Поради протоколите беа прекинати и организираните посети на граѓаните во Собранието, и истите се одвиваа на виртуелен начин.
– Оваа година имавме и редовни локални избори кои наметнуваат одредени ограничување врз основа на Деловникот за работа на Собранието, за работа во време на изборни активности така што во тој период не одржувавме пленарни и комисиски седници.
– Покрај тоа, познато ви е дека по изборите и по најавената оставка на претседателот на Владата, настана период на неизвесен политички живот во земјава, кој пак предизвика делумна или техничка функционалност на домашните институции меѓу кои и Собранието се разбира.
– Сепак, и во ваквите ограничувачки услови, законодавниот дом ја потврди својата ефективност и продуктивност во дадениве услови. Во овој контекст, како што можете да видите и самите од поделениот Преглед, можете да го заклучиме следново резиме, т. е.:

-Од вкупно 59 пленарни седници, 39 се завршени.
-Незавршени пленарни седници се вкупно 20.
-Вкупно донесени закони во 2021 година се 209, од кои:
-по редовна постапка се донесени 111;
-по скратена постапка се донесени 79.
-по подносител:
– 188 се поднесени од Влада на Република Северна Македонија:
-21 се поднесени од пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
Покрај тоа, донесени се и 21 закон за ратификација на договори помеѓу Република Северна Македонија и други земји.

Преостанати, незавршени точки кои што треба да се разгледаат на седници на матичните комисии за понатамошно процесирање на пленарна седница по матични тела се следни:
•Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, 7 точки;

•Комисија за европски прашања – 12 точки;

•Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците – 10 точки;

•Комисија за одбрана и безбедност – 1 точка;

•Комисија за здравство, 2 точки;

•Комисија за финансирање и буџет – 6 точки;

•Комисија за образование, наука и спорт – 5 точки;

•Комисија за економски прашања, 4 точки;
•Комисија за транспорт, врски и екологија, 9 точки.

Од сето претходно спомнато, можам да заклучам дека се трудевме политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани, да се одвива тука, во рамките на домот на демократијата и тоа можеше да се види преку телевизискиот собраниски канал и со следење на седниците преку стримување.
Почитувани медиуми,
Не велам дека е ова е максималното што можевме да направиме, напротив, секогаш може повеќе, меѓутоа Ве уверувам дека нашите уставни и деловнички обврски ќе продолжат и понатака да бидат основната рамка во која ќе се движи Собранието на Република Северна Македонија.
Ви посакувам добро здравје, успех на личен и професионален план и нека ни е Среќна и бериќетна Новата 2022 Година!

И уште нешто сосема на крај, дозволете да ја искористам оваа прилика и да и го честитам роденденот на почитуваната Соња Николовска, која е долгогодишен известувач од Собранието и практично е дел од законодавниот дом, и да и посакам добро здравје, среќа и успех во извршувањето на должност!

Roma Press- inboh tar Sobranie.