Phareste tavdela olavkeribe kuvibaske đjenipe ano EU numa polokhe nakhela e Makedonijake te kuvel ano NATO

650

Среде драмата околу одлуката на ЕУ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, во земјава вчера стигнаа добри вести од Рим и од Лондон – дека во тамошните парламенти е ратификуван Протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб на Твитер објави фотографија со нашата амбасадорка во Лондон Александра Миовска, под која напиша дека се радува на приклучувањето на нашата земја во НАТО-семејството и на учеството на состанокот на лидерите на алијансата во Лондон, заради промоција на меѓународните мир и безбедност.

Велика Британија е една од ретките земји членки на НАТО во која главниот дел од процедурата за ратификација на протоколите оди преку владата, додека постапката во тамошниот парламент е главно формалност.

Вчера, само еден час пред да стигне веста од Лондон, министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека во Италија е завршена постапката за ратификација на Протоколот за НАТО. Протоколот, кој прво помина во Долниот дом на парламентот, сега е ратификуван и во италијанскиот Сенат, каде што едно време се пролонгира постапката поради политичките превирања во земјата кои се решија со формирање на нова влада на Италија.

Ако официјалниот прием на нашата земја во НАТО не се случи до крајот на оваа година, како што беше планирано првично, тогаш извесно е дека тоа ќе се реализира во почетокот на следната година – како што се најавува, на првиот состанок на НАТО, сеедно во кој формат, веднаш по ратификацијата на Протоколот во шпанскиот парламент.

Од февруари годинава, Северна Македонија, де факто е членка на НАТО и на различни нивоа учествува на состаноци на Алијансата, но без право на глас, додека не се реализира официјалниот прием. На самитот во Лондон во декември, пак, како што се најавува, премиерот Заев ќе биде сместен на „стратегиска позиција“, односно на масата на НАТО му е определено место меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

https://nezavisen.mk/barem-vo-nato-minuvame-brzo-i-pomazno/

Roma Press – lendo tar nezavisen.mk