Avdive ano Hotel Kontinental ikerga press konferencija i Partija DSR,ano olengo divesesko niće pal save teme kerga lafi o Presidenti e partijako o rajo-Śaban Saliu lingargapes ko trin prioritetija:
-Lavkeripe baś o nakhlo Popis ikerdo ki Makedonija vakeribnaja baśh o na čačikano numero thaj na realno lingardo ginjipe e Romengo ani Makedonija, kerga lafi baš aktuelno ekonomikani sostojba e Romengiri ani Makedonija sar thaj baš o avutno baro protesti savo kerlapes telal organizacija tar VMRO DPMNE aso ani jekhajek koalicija đjeninela taj i partija DSR.
Teleder drabaren sar nakhla i press konferencija tar partija DSR ani Makedonikani čhib.
Денес се оддржа прес конференција на партијата Демократски сили на Ромите, пресс конференцијата се водеше говорејки на три важни моменти и тоа:
-Минатогодишниот попис на население
-Општествено политичката и економска состојба на Ромите и,
– Претстојниот протест на опозицијата, каде што ДСР е коалиционен партнер.
Во однос на минатогодишниот попис, ДСР изрази големо незадоволство од добиените резултати, затоа што на претходниот попис бројот на Роми во проценти изнесуваше 2,60, а на минатата година беа преброени помалку Роми или 2,34% од по пишаното население. Оваа бројка не одговара на податоците со кои располага граѓанскиот сектор и политичките партии чии што податоци кажуваат дека бројот на Роми е многу поголем од таа што е дадена од пописот. Тоа значи дека во Македонија кај Ромите нема наталитет, туку има само морталитет, истакна претседателот на ДСР г-динот Шабан Салиу, со надеж дека откако ќе се смени власта ќе се спроведе нов и пореален попис на населението.
Понатаму стана збор за општествено политичката и економска состојба на Ромите. Државата ја зголеми минималната плата, а од друга страна пак ја зголеми потрошувачката кошница. Сето тоа придонесе голем број на население, а особено Ромите, да се најдат во многу тешка состојба. До ова свој придонес даде и исклучително слабата партиципација на ромските политички партии во процесите на одлучување и делување.
ДСР поддржува една изборна единица затоа што сме убедени дека на тој начин ќе се добијат најмалку 2 пратеника од ромски политички партии со што би се зголемил и нивниот легитимитет, рече г- дин Салиу.
Ние нашето незадоволство од досегашните политички и економски шокови ќе го искажеме и на протестот кој ќе се одржи во сабота и воедно даваме целосна поддршка на нашиот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ, истакна господинот Салиу и воедно ги повика сите граѓани на Република Македонија, сите Роми и своите сопартијци, масовно да излезат во сабота пред владата и да го искажат своето незадоволство од целокупната економска и политичка состојба во земјава.
Hazri kerga:Roma Press