Ani Bitola EVN čhinavela struja tar Roma ko Bairi..

392

Palpale o problemi e Romencar ani Bitola thaj EVN baś o na pukiniphe tar harđimi elektrikani energija aktuelzirinelapes.

Avdive o EVN policijake bukarnencar mangle te čhinaven tar 20 romane familije elektrikani energija, numa pali i zor dendi tar Roma upral olende naśti hine realiziringe poro plani numa činavge i energija tar 4 romane familie vakerela baš Roma Press o rajo Samedin Kananovski tar Centari baš integracija e Romengiri,,Nevo Drom” Bitola.

Numa pal akava na halovipe bešle thaj ange maškar pumende paluno lafi te anlarelapes e napukinime smetke te pukinen olen ko rate thaj bi kamatako,sostar e romane jerije nane olen śukar ekonomikano standard đjivdipnasko.

Денес организирано ЕВН со полициска придружба од Битола се упатија во така наречената Ромска населба Баир- Бараки за да се исклучат струјомери од домакинставата кои се водат како нередовни плакачи на електрична енергија .

Целта на ЕВН по планот за денес требаше да бидат исклучени повеке од 20 семејства, но со отпор на граганите од Баир не се дозволи планот во целост да се реализира туку беа исклучени само четтри домакинства.

ЕВН имаше придружба и од полициски службеници кои не дозволија да се слика и снима на едно лице му беше одземен мобилен телефон,исто така му беше побарано веднаш да го избрише снимениот материјал, укажува за Рома Пресс г-дин Самедин Канановски од Невладината организација Центар за интеграција на Ромите ,,Нево Дром”-Битола

Од извори на Рома Пресс дознаваме дека по интервенцијата и отпорот на граѓаните се упатија на заедничка средба со претставниците на ЕВН, каде и телефоински говореа и со Градоначалникот на Општина Битола г-дин Тони Коњановски на што се договорија на семејствата да им се даде можност долгот спрема евн да се плати без камата и на рати, во спротивно Ромите поради нивната тешка економска состојба ке бидат приморани на масовни протести во Битола.

По договореното на четтрите домакинствата на кои им беше исклучена струјата се договорија веднаш да платат 4-ри рати од потрошената енергија за повторно да бидат вклучени.

Инаку Ромите од Битола јавно ја имаат поддршката и од Претседателот на Народната Партија на Ромите Ѓеѓе Демировски кој преку својот фб,профил укажа дека веднаш треба да бидат вклучени семејствата на кои им беше исклучена струјата во спротивно пред Општината во Битола ке се реализираат секојдневни масовни протести.

Рома Пресс телефонски разговаравме и со претставници од Општина Битола кои ни укажаа за сега е смирена состојбата со Ромите во Баир-Бараки.
Рома Пресс будно ја следи состојбата со Ромите во Битола.

Hazri kerga: Roma Press