Reakcija tar pretsedateli komunako ogranokosko VMRO – DPMNE ko Šuto Orizari..

610

Reakcija vakerdi tar Erdjan Demir Presidenti ko Komunako Ogranok VMRO DPMNE ko Šuto Orizari, kerlapes lafi baš o nastan savo kerdilo ko 14.03.2022 ko Štip.
Teleder daja tumen šhajipe te drabaren i reakcija 👇
Почитувани,
Во однос на вчерашниот настан во Штип би сакал да го споделам и мојот став со вас.
Да, и јас сум Ром и тука сум да се борам за подобар животен стандард на мојата заедница во оваа држава. Доколку сакаме да се справиме или расчистиме со одредена проблематика треба тоа да го направи силно и машки и да удриме онаму каде што нај јако а не таму каде што е најслабо. Доколку сакаме да рушиме кула ќе треба да удриме во основата односно во долниот дел така ќе ја рушиме побрзо и подобро за разлика ако почнеме да удриме по врвот на кулата.

КРАДЕЦ не е национална припадност затоа што крадците денес насекаде ги има а се разликуваат само по големината на пленот, но сите сме свесни дека тоа е кривично дело за кои постои закон и се одговара за истото. За жал или среќа изминативе години видовме многу крадци кои јавно кои тајно, некои украдоа повеќе а некои малку но сите се крадци. Ваквите може да ги пријави секој но не и да ги гони, следи или притвори. Тоа е работа на службите односно Министерството за внатрешни работи.

Според видеото што го видовме по социјалните мрежи секој може да забележи дека се работи за Ромско не ситуирано семејство односно социjално загрозено. Ова семејство со дрвата сака само да го стопли својот дом а не како некои други да профитира. Ова е резултат на работата на владата во изминатиот период, ова е резултат за се поголемата сиромаштија која ја опфаќа нашата држава. Никој не ги гледаше овие семејства изминативе години, никој не се занимава со нивните проблеми и потреби. Кога би имале инвестиции, вработувања сигурен сум дека немаше да дојдеме до кај што сме денес како заедница. Сигурен сум и дека не е ова семејство виновно за оголувањето на шумите во Штипско затоа виновни се други кои дрвата ги носат со камиони, шлепери и си ги полнат џебовите.Таквите никој не ги гледа, никој незнае за нив а тука се секој ден.

Тука се и Медиумите, Порталите-партали и други кои кога ќе видат дека е вмешан некој ром ТопТем се прави, а ако е некој со звучно презиме се става под тепих. Не правете од мравка слон. Разбирам дека ви треба видливост но не ги користете ромите. Истражувајте малку сигурен сум дека ќе најдете нешто по интересно.

РОМА ПРЕСС- Ерџан Д.Опш.Огранок ВМРО ДПМНЕ- Шуто Оризари.