Reakcija tar partija ROM baš o nastan ko Štip..

741

ROM-partija tar Makedonija avdive javno iklile pere reakcijaja baš eratutni ćipota(nastan) kerdo video filmi tar Šerutno e dizjatar Śtip Jovan Jordanov savo kamla ano filmeskoro śhajipe te sikavel piri buti ko astaribe manušen sar lena kaśtar tar pašutni śuma.

I reakcija bicaldi ko inboh tar Roma Press
Drabaran teleder👇

Почитувани медиуми,

Ви се обраќаме со реакција во врска со објавеното видео од страна на неколку медиуми во кој градоначалникот на Штип г-дин Јорданов регистрирал со видео запис лица кои на нелегален начин сечат дрва.
Како политичка партија која недвосмислено и принципиелно ги застапува правата на ромската заедница во нашата држава, упатуваме јавна реакција за ваквиот чин најпрвин спрема градоначалникот, но и спрема медиумите.

Почитувањето на законите е темелот врз основа на кои мора да се гради една цврста иднина на нашата држава без разлика на сите различности помеѓу нас верски,национални итн. Поради ова, како политичка партија силно ги охрабруваме одговорните институции да ги превземат сите потребни механизми за градење на дисциплинирано и европско општество. Но, не ни е јасна целта на одредени функционери во овој случај градоначалник на една општина да се најдат во улога на камермани кои регистрираат т.н “крадци на дрва“ а потоа во проширен контекст и “крадци на електрична енергија и вода“, па зар тоа е главната и приоритетна улога на еден градоначалник? Истовремено, не ни е јасна целта и бараме јавно образложение од страна на градоначалникот за целовкупниот “филм“ режиран од негова страна со медиумот М-Нет од Штип.

Да се биде доследен на законот и борбата за нивно владеење е принцип и доблест, но не може да се повикаш на нив а истовремено и да ги прекршиш, сигурно случајно не се најдоа во исто време и простор градоначалникот и телевизијата М-Нет па така случајно и го снимаа филмот. Како субјект кој е формиран за создавање на подеднакви услови за живот и на Ромите во оваа држава, цениме дека градоначалникот на Штип ќе биде преставен како европски кој јасно и недвосмислено се бори против нелегални или незаконски дејствија, ваквиот метод да го користи за многу поголеми “КРАДЦИ“ отколку со ЖИТЕЛИ НА ШТИП кои се борат за опстанок на своите семејства и водат борба како да ја поминат ладната зима.

Како градоначалник на Штип треба и мора да покажете еднаков третман кон сите ВАШИ сограѓани па макар тоа да се и Роми, а тоа го имате и како обврска, татко сте на општината, инвестирајте и кај нив и во нивните маала, создадете им подобри услови и тогаш бидете сигурни дека нема потреба да ви го одземат времете за улогата на сценарист и режисер.

Истовремено, јавна РЕАКЦИЈА упатуваме и до медиумот М-Нет кој е ГЛАВНИОТ промотор на овој “филм“ за кој медиум не ни е јасна потребата од етничкото етикетирање по припадност дека се бркале крадци Роми, освен со која се зајакнуваат стереотипите, предрасудите и омразата спрема нас како заедница.

РОМА ПРЕСС-Центар за комуникација – РОМ