Reakcija tar PDPRМ – baś i ćipota e romencar ko Śtip

1628

I Partija PDPRM tar Makedonija bičavga reakcija đji ko Roma Press baš eratutni ćipota ano Štip, teleder daja tumen shajiphe i reakcija te drabaren ola ani Makedonikani čhib.
👇👇👇👇
Апартхејд на дело во Општина Штип насочено кон ромската заедница од страна на градоначалникот на Општина Штип г-дин Иван Јорданов.

Во текот на вчерашниот ден е направена полициско-медиумско-филмска атракција покажувајќи постоење на државност, правда, моќ и сила кон сегрегирираните односно исклучените од ситемот Роми кои правеле девијантни појави и спрема кои ќе се формира Совет за превенција за да се стави крај на таквите појави.
Во секој случај противправните дејствија ги осудуваме и не ги поддржуваме, но со ваквиот договорен спектакл на овој настан се докажа дека расизмот, сегрегацијата, дискриминацијата, социјалната исклученост на ромската заедница сеуште се негува и добива на интензитет.

За стореното извршителите најверојатно ќе одговараат бидејќи тоа е веќе најавено. Но чудно е зошто мораше да се даде таква медиумска важност на овој настан преку кој како поединечен случај целата ромска заедница е етикетирана како криминалци односно крадци, што е крајно некоректно и невкусно но од друга страна пак се покажува вистинското лице на локалната власт во Општина Штип дека има нееднаков третман кон ромското население. Се докажа дека дека вработувањето, водоснабдувањето, уредувањето на инфраструкрата, електричната мрежа, здравството, образованието и домувањето не е приоритет на власта иако сето тоа беше ветено пред избортите за што и го дадоа својот глас на актуелната општинска власт.

За жал од ветувањата се реализира само селективната правда. Уставот и законите не важат за заштитените и докажани БЕЛИ арамии. Како што се најавува формирање на превентивен совет за да се стави крај на девијантните појави кон овие лица ќе треба да се формира и превентивен совет за спречување на причините и поводот за ваквите дејствија.
Делувајте координирано за нивно вработување, решавање на проеблемите со севкупната инфраструктура и домувањето, ублажувањето на сиромаштијата и субвенционирање на долговите. Со ова навистина ќе ставите крај и точка на ваквите појави. Во спротивно Апартхејдот се потврдува.

Рома Пресс- пдпрм