ROM-Prezidenti Erđan Selimi bičavga pozitivno reakcia đji o Roma Press bašh tavdipe o lačharipe e dromesko Indira Gandi..

866

Erati rakjako đji amari informativno redakcija bičavga pozitivno reakcija o Presidenti thar partija ROM, bašh o tavdipe lačharipe e dromesko Indira Gandi. Selaminkerga o tavdipe  thar pobuter đjakerdo vakti  lačharibaske akava drom savo thano thar baro importatno e dizutnenge  thar komuna Šuto Orizari, thaj ikherelapes hošime o Erđan S. sar konsilesko manuš thar dis Skopje savo nekobor fori kherga lafi bašh tavdipe akale dromesko ano lačharipe.

Teleder daja tumen o hramovipe te drabaren ole ani Makedonikani čhib sar soj bičhaldo đji amende..

Драги жители на општина Шуто Оризари,

Сакам да го изразам моето големо задоволство од конечното започнување на реализација на проектот: Реконструкција на улицата Индира Ганди, за кое во повеќе наврати ја посочив важноста и потребата за реализација на овој проект во рамки на Советот на Град Скопје.

Искрено се надевам дека градежните работи околу реализацијата на истиот проект има брзо да се реализираат, со цел што е можно побрзо враќање во нормала функционалноста на главниот сообраќаен крвоток кој влијаее врз работата на пазарот во општината кој е во ек на сезонско работење, а исто така ќе овозможи и непречено и нормално движење на жителите на општина Шуто Оризари, како и на големиот број на жители кои периодот се на одмор во општината а се со место на живеење и работа во странство.

Ромите заслужуваат достоиствен живот. Време е да се засукат ракавите и сите ветени проекти кој ги вети градоначалникот Петре Шилегов да започне да ги реализира. Во тој контекст се надевам дека во брзо време ќе се почне и со реализацијата и на останатите ветени проекти.

Со почит, Ерџан Селими

Hazri kerga: Erđan M-Roma Press