Željko Jovanovik: E Roma thane baš anglo đajbe, aso na adut baš tavdipe o lavkeribe e Evropake Unijaja..

838

Željko Jovanovik hramonela baš sasto resipe e Romengo hali tar ekonomikano thaj đji politikano resipe thaj kobor tani olengi mangin bari e puvja savende von đjivdinena te hulen ano đjenipa tar Evropaki Unija, vakerla ki hramome kolumna havlardi ano press24.mk.
Drabaren telwder ani Makedonikani čhib..

В петок, претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел, ќе ги посети Албанија и Северна Македонија. Патувањето, што се поклопува со напорите на Хрватска да го забрза влезот на двете зеји во Европската унија (ЕУ), го става Мишел во деликатна ситуација во која треба да најде рамнотежа помеѓу резервираноста на некои основачки земји-членки со оние од истокот, коишто се за проширување на европскиот блок.

Напредокот, кон пристапувањето на Албанија и Северна Македонија, е долготраен, со спротивставеност, предводена од Франција и Холандија, што ја поткопа и последната можност за пробив. За двете земји, што се сметаат себеси за ‘европски’, препреките предизвикаа длабоки рани дома – најсериозните ефекти недвојбено ги почувствуваа маргинализираните групи, како Ромите, коишто го гледаат пристапувањето во ЕУ како начин за да ги обврзат своите Влади да дејствуваат соодветно за прашања поврзани со правото и правдата.

Состојбата за Ромите е тешка во Западен Балкан. За нив е двојно поверојатно да бидат невработени за разлика од мнозинското население и често живеат во супстандардни услови – при што десет проценти од ромското население во Македонија и половина од ромското население во Албанија живее во објекти без водовод. Исто така се проценува дека во околу третина од ромските домаќинства во регионот, најмалку едно лице си легнува гладно секоја ноќ.

Разговорите за пристап преставуваа корисно средство за нивната кауза. Сепак, влезот во ЕУ не е задолжително универзален лек за Ромите – како што се докажа со претходните проширувања од 2004 и 2007 година.

Во Унгарија, на пример, којашто пристапи во ЕУ во 2004 година, имаше мал напредок кон зголемувањето на правата на маргинализираните групи. Десничарската партија на земјата, Јобик, повика Роите да сносат одговорност за своите „цигански кривични дела“ и ги етикетира фондовите на ЕУ за нивна заштита и интеграција како „посебна привилегија“. Оваа реторика и непријателство исто така се манифестираше во соседните земји, како на пр. Бугарија, каде што поранешниот заменик-премиер Валери Симеонов, ја нарече групата „бесни антропоиди“ и во Република Чешка, каде што претседателот, Милош Земан, тврдеше дека 90% од „неприсобливите“ граѓани во неговата земја се Роми.

Политичарите од Западен Балкан, ослободени од притисокот на ЕУ, се на крстопат. Ксенофобичниот национализам веќе предизвика сериозни последици за ЕУ – и може да се влошат ако не се контролираат.

Политичарите во Северна Македонија и Албанија треба да го препознаат овој ризик и да се заложат за подобрување на животот на сите свои граѓани. Тие треба на Ромите да гледаат како на важна општествена вредност. Тие се најбрзорастечката етничка група низ Западен Балкан и се многу приспособливи, бидејќи течно зборуваат разни јазици.

Тие се исто така млади. Во Албанија, размерот на економски неактивни млади луѓе кој го прикажува бројот на млади луѓе во однос на бројот на лица на работоспособна возраст, е процентуално 59% за Ромите. Во Северна Македонија овој процент е 56%, споредено со 44% кај неромското население. Тоа значи дека, во регион каде што работоспособното население се намалува, тие наскоро би можеле значително да придонесуваат на пазарот на труд и пензиските системи, ако им се даде можност.

И покрај статусот на малцинство, Ромите во Западен Балкан се имаат покажано како претприемачи и ангажирани. Жените и мажите Роми создадоа бизниси во сектори кои се движат од текстилната индустрија до индустријата на мебел, преку транспорт до трговија – а околу 69% од машкото ромско население во Албанија е самовработено во неформалната економија на земјата. Во Северна Македонија и во сите други места во регионот, Ромите водат во создавањето на планови за собирање отпад и се значителни придонесувачи на пазарите за рециклирање. Ова е импресивен подвиг, имајќи предвид дека честопати не можат да добијат пристап до финансии и живеат во полулегализирани населби, што не може да бидат гаранција за заеми.

Тие, исто така, покажуваат поширок и брзорастечки интерес за политиката во регионот. На пример, во Северна Македонија сега има министер Ром, двајца пратеници Роми и 28 општински советници Роми. Ромските гласачи исто така играа клучна улога при изборот на младата, либерална и непоколебливо проевропска претседателка на Словачка, Зузана Капутова, во април минатата година, како и поскорешните победи на прогресицниот проевропски настроен Гергеј Корачоњи, за градоначалник на Будимпешта, и проевропскиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски, којшто неодамна назначи ромски советник. И политичките коментатори се согласија: ромските избирачи ќе играат значителна улога при напредокот на демократските реформи во овој регион.

Така, ако Мишел сака да ја санира недовербата што ја „посеаа“ пристапните препреки, треба да мисли на Ромите. Тие се група без никакви посебни потреби, ниту пак бараат некаков посебен статус. Сè што сакаат е коректна можност за напредок во животот. Политичките лидери многупати ги уверуваа дека се залагаат за реформи што ќе ги заштитат интересите на маргинализираните групи. Сега е моментот да го докажат тоа.

Колумна на Жељко Јовановиќ – директор на Канцеларијата за ромски иницијативи на Отворено општество, објавена во Пресс24.мк – превземено Рома Пресс.