Браќа Рамиз-Хамид имплементира два проекти финансирани од програмта Еразмус+ поврзани со превенција од прерано напуштање на училишните клупи…

2066

ООУ Браќа Рамиз-Хамид е основно училиште со повеќе од 2000 ученици од прво до деветто одделение, од кои 99% се со Ромска етничка припадност. Училиштето се наоѓа во главниот град Скопје, во општината Шуто Оризари, најголемата ромска општина во Република Северна Македонија.
Еден од главните предизвици со кои се соочува колективот на училиште е нередовното присуство на учениците на часови. Овој проблем не е нов. Причините за нередовно посетување настава се различни.
Во моментот Браќа Рамиз-Хамид имплементира два проекти финансирани од програмта Еразмус+ поврзани со превенција од прерано напуштање на училишните клупи.
Факт е дека отсуствата од училиште водат токму до оваа непосакува појава, па покрај зголемување на свеста за важноста на образованието кај учениците и родителите, училиштето процени дека многу е важна и правилната едукација на наставниците и стручната служба на темата, како и алтернативни методи за зголемување на мотивираноста на учениците да посетуваат настава редовно.
Училишниот менаџмент смета дека, меѓу другото, зголемување на компетенциите на наставниците и стучната служба во врска со прераното напуштање на училиштето и работа на инклузирање на учениците кои се под ризик прерано да го напуѓтат училиштето е клучно за тие попрофесионално да се соочат и да се борат со проблемот.

Во рамките на проект од клучната акција 1, 10 наставници стекнаа сертификати за посета на структурен курс во врска со превенција на појавата прерано напуштање на училиштето и инклузивни практики.
Беше спроведена и дисеминација во рамките на училиштето, а своето искуство на овие обуки го сподели и со други училишта со цел да се зголеми свеста за појавата.

Крајната цел на училиштето е преку низа обуки поврзани со напуштање на училиштето и инклузија да се влијае на сите нивоа. Решението на овој проблем не е едноставен. Потребен е сеопфатен пристап и вклучување на сите засегнати страни: наставници, струлна служба, ученици, родители, локална и централна власт.
Порака: Сите на час! Образованието е важно за сите девојчиња и момчиња. Учењето создава нови видици, новите видици создаваат нови можности!

Roma Press- BRH