Д-р Бујар Османи гостин во Рома Прес- со силни пораки за Топаана и политичката фрагментација кај малите заедници..

888

Синоќа, во рамки на емисијата”Дружба без Служба”на “Рома Прес”гостуваше еден од кандидатите за градоначалник на општина Чаир,д-р Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер на Република Северна Македонија. Во интервјуто, Османи првпат детално проговори за состојбата на Ромите во Топаана, за актуелните локални предизвици, но и за проблемот со прекумерната политичка фрагментација во малите етнички заедници.

„Топаана ме шокираше – тоа не се услови за живеење“

Османи, кој речиси две децении е дел од највисоките државни институции, призна дека дури неодамна одблиску ја согледал реалната слика на животот во Топаана.
„Верувајте, со години поминувам покрај Топаана, но немав можност никогаш да влезам внатре низ уличките, низ домовите. Сликата што ја видов е загрижувачка, деца кои излегуваат од калливи улички низ кои тече канализација и нечиста вода. Тоа не е прашање на политиката, тоа е прашање на човечност и јавно здравје“, изјави Османи одговарајки пред се како лице од медицината-доктор.

Тој потенцираше дека ромските гласови не му се приоритет, туку дека во моментов најважно е Топаана да се стави на мапата на институционалните решенија: Не е важно дали ќе добијам поддршка од таму. Важно е да направиме системско решение. Како доктор, гледам алармантна слика,тие деца наскоро ќе се разболат, и тоа мора да се спречи“, рече Османи.

На прашање од редакцијата на „Рома Прес“ за состојбата во Шуто Оризари, каде за следните локални избори се пријавени дури осум кандидати за градоначалници и девет советнички листи,Османи даде јасна и децидна изјава:

Политичка фрагментација: „Не ослабува однадвор, туку се дробиме одвнатре“

Тоа е сериозен проблем. Малите заедници, како Ромите, треба да имаат максимум две политички опции. Ако има повеќе,тогаш се дели избирачкото тело, се губи политичката тежина и се намалува можноста за реална застапеност во институциите, оцени Османи.

Имено, тој посочи дека е потребно политичко освестување и обединување:
Подобро е да имаме една партија на власт, една во опозиција, отколку девет мали групи кои не можат ниту да поминат праг. На тој начин, ниту гласовите се вреднуваат, ниту заедницата добива нешто.

Рома Прес ќе продолжи да ја следи изборната трка во Чаир, но и процесите во Шуто Оризари и пошироко, со фокус на вистинските проблеми на граѓаните.

Hazri kerga: Sevgul A.-Roma Press