Panda jek pretstavka nakhla pozitivno dendi taro ECPR, mujal televizija Sitel, sar medija savi buvlarela stereotipija thaj indirektno diskriminacija upral i Romani khedin.
Teleder o sasto haberi kerdo tano ki Makedonikani chib👇👇
————
По објавата на телевизија Сител од 6 март 2025 година во рамки на вечерните вести, Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР) остро реагираше, обвинувајќи ја телевизијата за ширење стереотипи и индиректна дискриминација врз Ромската заедница.
Како што се наведува во реакцијата од ЕЦПР,со прилогот кој се однесува на наводна трговија со новороденче, користи генерализирачки и дискриминаторски изрази кои неосновано ја поврзуваат етничката припадност на мајката со делото. Во прилогот новинарката на Сител потенцираше дека „се работи за родилка од ромската заедница“, при што, според ЕЦПР, се создава стигма и предрасуда во јавноста.
Со ваквото известување се нарушува принципот на еднаков третман и се поттикнува говор на омраза, стои во реакцијата од организацијата. Оттаму нагласуваат дека делото, ако е докажано, треба да се процесира, но без етничко профилирање или генерализирање.
Претставката, беше поднесена на 17 март 2025 година, јасно укажа дека ваквото селективно известување промовира стереотипи и ја стигматизира целата ромска заедница.
Комисијата ѝ наложи на Телевизија Сител:
– Да упати јавно извинување до граѓаните од ромска етничка припадност, во истиот термин и на ист начин како што беше направена повредата.
– Во иднина да се воздржи од слични дискриминаторски практики.
– Да ги почитува законите за спречување и заштита од дискриминација и медиумските регулативи.
Телевизија Сител има рок од 30 дена да постапи по препораките. Во спротивно, Комисијата ќе поведе прекршочна постапка.


Hazri kerga: Sevgul A- Roma Press
Bichaldo havlaribe dji ko Roma Press taro ECPR.


































