Збогум РОМА СОС… Добредојде Станица 5 !

1779

Невладината РОМА СОС денеска, на својот 11 ти роденден згасна. Ова, на големо изненадување на прославата го најави неговата извршна директорка и синоним на здружението – Несиме Салиоска, која пак најави дека се раѓа нова граѓанска иницијатива. Зошто се прави ваква трансформација и што покажа патот по кој се градеше РОМА СОС? Се започна пред повеќе од една деценија, кога се наметнуваа потребите за граѓанска иницијатива во ромската заедница за едукација и помош во областа на здравството, вели Салиоска, а спектарот на услуги се надоградуваше.

Здружението РОМА СОС започна наивно и едукативно со активности во 2007 ма година, меѓутоа со текот на времето по барање на граѓаните, почна да се занимава професионално во области кои што бараа од нас многу повеќе анганжман. Тоа е правната помош, судските постапки, законодавни иницијативи, и на тој начин од една етнички профилирана локална организација низ годините прераснавме во организација која што застапуваше интереси за сите граѓани на Република Македонија и на сите заедници без разлика на етничката припадност, потенцираше Салиоска.

Со трансформацијата која што се реализира, освен теоретски, веќе докажаниот тим сака и практично да покаже од наредната година дека методите и принципите на работа и алатки ќе продолжи да ги пременува како Станица 5, односно како здружение кое што ќе нуди помош на сите граѓани, ќе биде отворено кон сите и ќе биде лоцирано во центарот на градот, каде ќе биде подостапна за сите граѓани.

Самиот поим „станица“ е место каде што луѓето постојано ќе можат да се обратат, а зборот „пет“ е акроним и означува правна едукација и транспарентност. Тоа значи дека новото здружение ќе биде место каде што сите граѓани ќе можат правно да се едуцираат и да побараат.