Советот на млади ја заврши финалната работилница за подготовка на основни документи

1599

Советот на млади на Општина Шуто Оризари, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт, ја заврши финалната работилница за подготовка на основни документи.
Обуката започна со пленарна сесија за вовед во младински политики и младинско учество, по што разработија генерални документи за нивната работа.

Советот на млади ги утврдува основните документи неопходни за нивното функционирање во зависност од нивните потреби, вклучувајќи и деловник за работа.
Обуката заврши со финализирање на нивните заклучоци и презентација на нивните приоритети.