Bahtarin baš o dive e Romane Čhibjako – Deputati Amdi Bajram

2054

Дозволете ми на почетокот најнапред да си го честитаме светскиот ден на ромскиот јазик и да посакам уште долго и вечно да живее нашиот јазик кој како аманет е оставен од нашите предци и пренесен преку генерации.

Ромскиот јазик е важен индикатор за припадноста кон ромската заедница а неговата употреба треба да се заснова врз принципот на самопределоноста и чувството за идентитет. Во светот каде популаризацијата и асимилацијата длабоко навлезе во севкупното општество, ромската заедница е најмногу погодена од процесите на глобализацијата поради немањето на сопствена територија и институции кои ќе го негуваат идентитетот. Демократските општества отсекогаш посакувале да создадат кохезија и меѓукултура и интеркултура но сепак глобализацијата во која се наоѓаат Ромите, доведува до губење на традиционалните и културните вредности што се основна одлика на идентитет на секој народ.

Единствено, што сеуште опстојува е јазикот кој и понатаму останува важен фактор при идентификација и припадност кон одреден народ.

Ромскиот јазик (изворно: rromani ćhib), е мајчиниот јазик на Ромите и потекнува од старо индискиот јазик Санскрит. Иако во различни земји, различно се зборува мајчиниот јазик, сепак останува основата на јазичната морфологија и фонетика. Сеуште во одредени групи во Франција (Кале, Manush), во Германија (Синти), Македонија (Roma), може да се најдат во употреба зборовите и речениците: “Sar san phrala“ (Како си брате), “So keres“ (Што правиш), chaj(y), chavo, jekh(yekh)duj, … (девојка, дете, еден, два …..).

Јазикот како основно средство за разбирање, а во нашиот случај, и основен елемент за себе идентификација, неопходно е и понатаму да продолжи континуирано да се употребува во сите сфери во општеството. За жал, употребата на ромскиот јазик во образованието и понатаму останува горчливо прашање кој треба да се реши, но за ова неопходна е консолидација на сите засегнати страни како од политички аспект така и од страна на невладиниот сектор но важен и пресуден аспект е образовниот кадар на Роми наставници. Верувам дека периодот што следи, заедно ќе го афирмираме ова прашање на највисоко ниво а приоритет ќе биде отворање на катедра на ромски јазик.

На крај, дозволете да завршам со реченицата: “Индивидуалните сили не се помоќни од народот“ Неопходна консолидација и заедништво со цел решавање на сите прашања поврзани со нашата заедница во Северна Македонија.

ЧЕСТИТ НЕКА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМСКИОТ ЈАЗИК, 5 НОЕМВРИ

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

Г-дин АМДИ БАЈРАМ