Nevi Romani politikani partija PDPR -Presidenti Aksel Ahmedovski

1410

Во Виница се одржа основачко собрание на Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), која ќе дејствува главно меѓу ромската популација од источниот регион на државата. За претседател на партијата е избран Аксел Ахмедовски, дипломиран правник од Делчево, кој до неодамна беше министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите. Во партиското раководство влегоа и пет членови од поголемите градови од регионот.

Конечно, по повеќе децении, Ромите од Истокот се самоорганизираа и постигнаа согласност да формираат своја партија, која ќе работи на заштита на нивните интереси и права. Нашата определба е да дејствуваме независно од другите партии, со можност за подоцнежна коалициска соработка со некоја од поголемите партиски структури. Зад нас имаме солидно гласачко тело од над десетина илјади граѓани кои ни дадоа поддршка за основањето, а веќе имаме и член на општинскиот совет во Виница – истакна Ахмедовски. На основачкото собрание на ДПДР беше донесена одлука седиштето на партијата да биде во Делчево, а партиски подружници ќе бидат формирани во сите општини од трите изборни единици во источниот регион.

За претстојните претседателски избори допрва ќе се разгледува дали и на кој кандидат ќе му биде дадена поддршка, а во наредниот период главна задача за партиското раководство ќе биде работата на терен за да ја претстави програмата за дејствување.

An i Vinica ikergja pe fundavutno khidipa e Partiake bašo demokratsko prosperiteto e Romenge (PDPR), so ka ovel aktivno majbut maškar i romani populacia taro purabalo regioni e themake.

Sar presidento e partiake si alusardo o Aksel Ahmedovski , diplomirimo pravniko taro delčevo, so sine thaj ministeri bizo resor baši implementacia e Strategiake e Romenege.

Ko partisko učipe isi pandž membria taro majbare dizja an o regiono.

Definitivno palo buteder decenie, o Roma taro Purab korkoreorganiziringje pe thaj resle pakjiv te formirinen pli partia, so ka keren buti an i protektiva olengere interesia thaj niami. Olengoro hulaviba si te keren buti biathinalo taro aver partie , kote šaj palo odova te keren koalicia desave majbare partiencar.
Pali amende isi solidno kapaciteti taro dizutne upreder 10 mile dizutne so dengje suporto te fondinirinen pe a isi len em membro ko komunakoro konsilo an i Vinica – vakergja o Ahmedovski.

Ko fundiriba e Khedipaske taro PDPR sine andi decizia kote o ofiso e partiake te ovel an o Delčevo, a o partisko ofiso ka oven formirime ko sa o komune taro trin alusaribaskere jekhina an o purabalo regiono.

An o akala presidenteskere alusariba akana ka dikhensave kandidateske te den plo suporto , a ko periodo so avela šerutni obligaciua e partiake ka ovel te keren terensko aktivitetote šaj te sikaven i programa taro aktiviteto.

 

Lendo tharo : Roma Times