Селими до Шилегов: За Ромите имате реализирано НУЛА проекти

2109

Советникот Ерџан Селими постави прашање до градоначалникот Петре Шилегов: Колку проекти од својата изборна програма во овие речиси две години мандат има реализирано за Ромите од Шуто Оризари?

Но, согледувајќи ги фактите, советникот Селими сам си одговори: „Одговорот е НУЛА проекти градоначалнику“.

-Што значи дека ништо не работите за Ромите, воопшто не се грижите за Ромите и воопшто не се држите на вашите зборови кои ги искажавте на почетокот на вашиот мандат, дека особено внимание ќе дадете на помалку развиените општини. Исто така сакам  да ви кажам дека ова што сега го правите на „Индира Ганди“, не е проект за Ромите и не е проект кој Ромите го очекуваат од Вас. Ромите искрено очекуваа дека ќе ја реконструирате главната улица во центарот, во срцето на Шуто Оризари каде што стварно има потреба од таков зафат. Сигурно после ова ќе станете и ќе кажете дека со втората фаза ќе биде опфатен тој дел! Но кога следната година, праша тој.

Советникот го замоли градоначалникот да даде насоки што побрзо да се заврши веќе започнатата реконструкција на „Индира Ганди“, бидејќи сообраќајот во тој дел е отежнат.

-Пред 1 година имаше пост од Град Скопје во форма на флаер во која беше истакнато дека „Индира Ганди“ е во завршна фаза. Но за жал не е баш таква состојбата како што беше истакнато. Ако можевте други улици за една недела да ги завршите зошто тоа не е случај и со „Индира Ганди“. Затоа дајте барем завршете ја, порача советникот Селими.

Bičhaldi reakcija tar Partija ,,ROM” đi redakcija Roma Press